Контакт

Свет

Полицијата спречи три нови масовни пукања во САД

Објавено пред

Американската полиција соопшти дека спречила три нови масовни пукања минатиот викенд и уапси тројца мажи што се заканувале дека ќе ги извршат.

Според Си-ен-ен, сите три случаи го привлекле вниманието на полицијата по дојавувањето на граѓаните.

Наводно, 22-годишниот Брендон Вагал бил уапсен во Конектикат кога на „Фејсбук“ изразил желба да почне масовно пукање, а е обвинет за нелегално поседување оружје.

Тристан Скот Викс од плажата „Дејтона“, Флорида, бил уапсен на паркинг во Вин Дикси во петокот кога испратил низа вознемирувачки текстуални пораки до неговата девојка заканувајќи се дека ќе изврши масовно пукање.

Тој во пораката рекол дека сака да убие голема група луѓе и дека 100 мртви би биле погодни.

Третото масовно пукање било спречено во Охајо, каде што 20-годишниот Џејмс Патрик Рирдон бил уапсен затоа што наводно се заканувал дека ќе пука во Еврејскиот центар во Јангстаун.

Регион

Ѓукановиќ пред Советот за човекови права: Нè удираат и однатре и однадвор

Објавено пред

Поради Законот за слобода на вероисповед, Црна Гора се соочува со удари и однатре и однадвор, преку отворена спрега на црквата со националистичкото вонсистемско дејствување насочено кон рушење на правниот поредок и негирање на граѓанскиот и мултиетнички карактер на црногорската држава, изјави претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во Женева, пренесува РТЦГ.

Во своето обраќање на 43. сесија на Советот за човекови права, Ѓукановиќ укажа на ситуацијата во Црна Гора по усвојувањето на Законот за слобода на вероисповедта кој, според него, е во согласност со најсовремените легислативни стандарди, ја зацврсува слободата на вероисповед, ја уредува правната положба на верските заедници и го гарантира уставниот принцип на одвоеност на црквата од државата.

„Меѓутоа, уште во подготовките, а особено по неговото усвојување, Црна Гора се соочи со обвиненија од страна на само една верска заедница и со брутална медиумска кампања доминантно од блиското опкружување со вешти манипулации и обиди да се обвини државата дека има намера да го одземе црковниот имот и да ја смени нивната повеќевековна намена. Освен тоа, на межународните форуми, вклучувајќи го и овој дом, можеа да се слушнат обвиненија дека Црна Гора спроведува политика на дискриминација и ги крши верските слободи,“ посочи тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Објавено пред

Седмо лице почина од коронавирус во Италија. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми.

Претходно беше објавено дека шестата жртва е пациентка во болница во Бреша, каде била пренесена во неделата. Таа имала карцином однесно нејзината клиничка слика веќе била загрозена, пренесе „Индекс.хр“.

Стотина илјади луѓе се под мерки за карантин во северните италијански провинции Ломбардија и Венето, а ограничувањата се воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти италијанската служба за цивилна заштита.

Околу 70.000 луѓе се под заштитни мерки во Ломбардија, а околу 30.000 во Венето.

Според локалните медиуми, во овие реони ечат сирени, маркетите се празни и многу тешко може да се најде леб.

Бројот на лица кај кои е потврдено присуство на коронавирус во Италија се искачи на 224, пренесе „Ла Република“.

Најмногу од заразените се во регионот Ломбардија, каде има 167 случаи на инфекција и четири смртни случаи.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Шести смртен случај од коронавирус во Италија

Објавено пред

Шеста личност почина денеска од коронавирус во Италија. Според италијанските медиуми, починала жена од градот Крема, покрај Милано. Таа починала во болница во Бреша, каде била пренесена во неделата. Станува збор за пациентка со карцином чија клиничка слика веќе била загрозена, пренесува „Индекс.хр“.

Стотина илјади луѓе се под мерки за карантин во северните италијански провинции Ломбардија и Венето, а ограничувањата се воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти италијанската служба за цивилна заштита.

Околу 70.000 луѓе се под заштитни мерки во Ломбардија, а околу 30.000 во Венето.

Според локалните медиуми, во овие реони ечат сирени, маркетите се празни и многу тешко може да се најде леб.

Бројот на лица кај кои е потврдено присуство на коронавирус во Италија се искачи на 224, пренесе „Ла Република“.

Најмногу од заразените се во регионот Ломбардија, каде има 167 случаи на инфекција и четири смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа17 минути

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Седмо лице почина од коронавирус во Италија. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми. Претходно...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Заев бил премиер, судија и обвинител, утре протест против главата на Рекетот

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното, а тоа...

Македонија2 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Македонија4 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија4 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија4 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ6 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа6 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа6 часа

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет7 часа

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет8 часа

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа21 час

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет23 часа

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа24 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија1 ден

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ1 ден

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет1 ден

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт1 ден

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ1 ден

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Досие