Свет
Полската полиција евакуира училиште и зграда по пронаоѓањето експлозив во стан

Според полското радио РМФ ФМ, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани кога полицајците откриле неидентификуван експлозив во еден од становите за време на полициската операција.
Извештаите посочуваат дека човекот што го поседува станот каде што биле пронајдени експлозивите бил приведен пред почетокот на операцијата.
Во моментот полицијата го транспортира експлозивот во лабораторија за да го идентификува агенсот користен за нивно создавање. Нема официјални информации за тоа какви планови имал осомничениот за експлозивите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што се наведува, да се открие вистината за аферата со која изминатите денови се поврзуваа претседателот Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј. Двајцата се поврзани со плантажа за марихуана на фармата „Јовањица“ во Војводина.
Вучиќ објави за кривичната пријава против себе, велејќи дека ќе биде поднесена од потпретседателот на неговата партија (СНС), со цел да се открие вистината за „Јовањица“ со покренување истражен процес пред полицијата и обвинителството, на која заедно со органски зеленчук одгледувана е и марихуана.
„Вучевиќ ќе поднесе обвиненија против мене и Андреј за Јовањица, за нас да бидеме сослушани и да донесат заклучоци“, изјави Вучиќ во саботата, за време на презентацијата на руските хеликоптери на воениот аеродром Батајница, одговарајќи на обвинувањата на опозицијата дека уапсениот Колувија по полициската интервенција прво го повикал братот на Вучиќ, Андреј.
Аферата „Јовањица“ беше активирана, случајно, од страна на полициски службеник откриена неовластена употреба на полициски ротациски светла и фалсификувана полициска карта на лице запрено за несоодветно возење на автопат.
Свет
Четиригодишни близначки се ослободиле од седиштата во автомобилот и се спасиле од смртоносна несреќа

Четиригодишни бизначки во САД успеале да преживеат смртоносна несреќа, откако се ослободиле од нивните седишта во автомопбилот и се качиле на високо од каде барале помош, соопшти полицијата во Вашингтон.
Two young twin girls survived a deadly crash after they unhooked themselves from their car seats and made it to the side of the road.
Their 47-year-old father likely died on impact, cops said.https://t.co/jolq6Li5OP
— New York Daily News (@NYDailyNews) December 9, 2019
Малите девојчиња в петокот се возеле со нивниот татко, 47-годишниот Кори Симонс, кога возилото удрило во дрвја и се превртело, на 55 километри северно од Сиетел. Нивниот татко починал на самото место, а како што пренесуваат американските медиуми, тој не носел безбедносен појас кога се случила несреќата.
Девојчињата, кои седеле одзади, успеале да се ослободат од нивните седишта и да се качат над возилото, на околу 60 метри висок насип, каде се превртел автомобилот. Таму ги забележала некоја жена, која повикала помош, по што девојчињата биле веднаш пренесени во болница со полесни повреди.
Се истражува причината за несреќата.
Свет
(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулкан, секунди пред ерупцијата

Според најновите податоци, веб-камера открила дека најмалку десет туристи биле во кратеротна вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд во момент пред ерупцијата.
Tourist Michael Schade stood at the crater of New Zealand’s White Island volcano minutes before it erupted and shared his terrifying experience in a series of messages and videos posted on social media https://t.co/mQkhU1tTUf pic.twitter.com/njw83zAZww
— Reuters (@Reuters) December 9, 2019
Досега властите соопштија дека во ерупцијата на вулканот загинале најмалку пет лица, додека 20 се повредени. Но, за конечниот биланс не може да се уште да се зборува бидејќи во моментот на ерупцијата на островот имало околу 50 туристи и дека голем број од нив се исчезнати.
Според најновите информации кои ги пренесе Ројтерс, на снимката на една веб-камера откриена е група туристи, околу десетина, како влегува во кратерот на вулканот, само неколку секунди пред да еруптира.
Според властите, бројот на исчезнати лица е двоцифрен.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци