Контакт

Свет

Полска воведе ограничувања за воздушниот сообраќај на истокот на земјата

Објавено пред

Полска воведе ограничувања на воздушниот сообраќај по должината на своите источни граници со Белорусија и Украина, соопшти денеска Оперативната команда на вооружените сили, пренесе „Ројтерс“.

Полска вчера наутро, со поддршка на сојузнички авиони на НАТО, собори руски дронови во својот воздушен простор – прв познат случај членка на НАТО да отвори оган за време на војната на Русија против Украина.

„На барање на Оперативната команда на вооружените сили ограничувањата на воздушниот сообраќај ќе бидат воведени во источниот дел на Полска во форма на зона со ограничувања EP R129“, соопшти Полската агенција за управување со воздушниот сообраќај во изјава објавена доцна синоќа.

Ограничувањата стапија во сила на полноќ и ќе важат до 9 декември. Од зајдисонце до изгрејсонце летовите во ограничената зона се забранети, освен за екипирани авиони, кои летаат според летен план, имаат активни транспондери и одржуваат двонасочна комуникација со надлежните воздушни власти.

Исклучоците важат за воени летови и за одредени специјални летови со посебни ознаки. „Од зајдисонце до изгрејсонце важи целосна забрана на летови, освен за воени авиони. Во зоната EP R129, 24-часовна забрана за летови се применува на цивилни беспилотни летала“, соопшти Агенцијата.

Руското министерство за одбрана вчера соопшти дека неговите дронови извеле голем напад врз воени објекти во западна Украина, но дека не било планирано гаѓање цели во Полска.

Најново

Македонија2 минути

СДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофатa во правосудството

Филков од ЗНАМ вели дека ЕК го потврдила сработеното. За две години ги поставиле темелите за реформа на правосудството, велат...

Свет6 минути

Европјаните ќе учествуваат на разговорите за Украина во Абу Даби, Франција се вклучува

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, потврди дека европски претставници ќе учествуваат во разговорите за Украина, кои ќе се...

Забава42 минути

(Видео) Сопругата на Роналдо се почести со нов автомобил од 200.000 евра

Џорџина Родригез преку социјалните мрежи му откри на светот дека се почестила со скап автомобил – иако, за неа, цената...

Забава1 час

Ќерката на Анџелина Џоли (18) откри низ што поминала поради нарушување во исхраната

Вивиен Маршелин Џоли, 18-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, откри дека на почетокот на годината завршила во болница...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот

СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил...

Македонија2 часа

Единствена Македонија: Михаилова потврди дека се чувствува како Бугарка, иницијатива за одземање на државјанството

Синоќешното гостување на бегалката Ива Михаилова на бугарски медиум, во кое таа изнесе тешки обвинувања против Македонија како и истакнување...

Култура2 часа

12. издание на „Битола Шекспир фестивал“ за прославата на 82 години постоење на Народниот театар Битола

На 14 ноември 1944 година е основан Народниот театар – Битола, македонски театар со статус на национална установа и најстар...

Црна хроника2 часа

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле со автомобил на паркинг

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот кај бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки...

Црна хроника2 часа

Тајно ја снимал и се заканувал дека ќе ги објави видеата, пријава против кочанец за демнење

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Кочани за демнење. Според информациите на МВР, полиција поднесе кривична пријава против К.М.(26)...