Европа
Полска министерка: Земјите кои плаќаат гас во рубли треба да бидат казнети

Полската министерка за животна средина изјави дека земјите кои плаќаат руски природен гас во рубли треба да бидат казнети, јави „Анадолија“.
„Унгарија, Австрија и Германија ги блокираат руските санкции и се надевам дека Европската комисија ќе ги смета тие земји одговорни“, рече таа, мислејќи на плаќањето за гас во руска валута.
Коментирајќи го руското намалување на природниот гас, таа рече дека она што недостасува се целосните санкции против рускиот гас.
– Со ова ќе се решат сите проблеми со „Гаспром“, тоа е она што го очекуваме – посочува таа.
Таа нагласи дека гасоводот, познат како „Балтичка линија“, со годишен капацитет од 10 милијарди кубни метри, кој ќе транспортира норвешки гас во Полска, ќе биде пуштен во употреба во септември.
Полската јавна енергетска компанија PGNIG SA објави дека „Гаспром“ го прекина снабдувањето со гасоводот Јамал на 27 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ издвојува една милијарда евра во 2022 година за зајакнување на сопствениот одбранбен фонд

Европската комисија денеска ја усвои годишната програма за работа на Европскиот одбранбен фонд, со која се предвидуваат 924 милиони евра за инвестиции и одбранбени капацитети на ЕУ за 2022 година.
Истовремено, планирани се дополнителни средства за одбранбени иновации од две милијарди евра со цел ЕУ да стане центар на иновации во одбранбениот сектор.
Денеска, решивме да мобилизираме една милијарда евра од буџетот на ЕУ за развој на заеднички одбранбени проекти, особено во вселената, сајбер-просторот и другите области со висока технологија.
Во нашиот нов безбедносен контекст тие инвестиции ќе придонесат за затворање на европскиот одбранбен јаз, велат претставниците на Европската комисија, пренесе „Танјуг“.
Европа
Русија ја укинува горната старосна граница за воен рок

Руската државна Дума денеска усвои предлог-закон за укинување на горната старосна граница за склучување на првиот договор за воена служба.
Во образложението се наведува дека законот сега предвидува првиот договор за воена служба да може да го склучат државјани на возраст од 18 до 40 години и странски државјани на возраст од 18 до 30 години, пренесува „РИА новости“.
Руската државна Дума денеска го усвои предлог-законот за укинување на горната старосна граница за отслужување воен рок, што на 20 мај го поднесоа пратениците на Единствена Русија, Андреј Картаполов и Андреј Красков.
Европа
Во Финска регистриран прв случај на мајмунска сипаница

Финска, најверојатно, го регистрирала првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска болницата во Хелсинки.
Светската здравствена организација во вторникот соопшти дека 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти се потврдени по првиот откриен случај надвор од земјите, каде што инфекцијата традиционално се шири од 7 мај, пред сè, во Западна и Централна Африка, објави „Ројтерс“.
Потврдени се 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти.