Контакт

Европа

Полска планира да потроши 404 милиони долари за изградбата на ѕид кон Белорусија

Објавено пред

Полска планира да потроши над 404 милиони американски долари за изградба на ѕид на границата со Белорусија според предлог-законот за кој пратениците треба да разговараат денеска во обид да го спречат приливот на мигранти.

dobivaj vesti na viber

„И покрај фактот дека полско-белорускиот дел од државната граница е ограден со боцкава жица и жичена ограда, бројот на обиди за преминување на границата не се намалува, туку расте“, се објаснува во образложението на законот објавен од полскиот парламент.

Од почетокот на јануари до крајот на септември, како што беше речено, граничарите спречиле 9.287 обиди за преминување на границата од Белорусија до Полска, а околу 8.000 од нив само во последните два месеца.

„Поради фактот дека оваа ситуација може да продолжи со месеци, ние мора да преземеме заштитни мерки“, изјави владиниот портпарол Пјотр Милер.

Полска и другите земји на ЕУ, Литванија и Летонија, објавија големо зголемување на бројот на мигранти од земји како Авганистан и Ирак што ја минуваат полската граница од Белорусија.

Европа

(Видео) Потресни сведоштва на украинските деца кои беа вратени од Русија

Објавено пред

Група украински деца кои руските власти ги киднапирале и со месеци ги држеле во кампови се ослободени и вратени дома, пренесува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

На Крим биле однесени 17 млади луѓе на кои им било кажано дека нивните семејства ги напуштиле.

Хуманитарна организација вчера ја врати првата група киднапирани деца во нивните домови, каде што раскажаа како Русите ги тепале со метални прачки доколку изразат поддршка за Киев.

Минатата недела Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го за воени злосторства поради присилната депортација на 16.000 украински деца.

Еден тинејџер раскажа како децата ги тепале со стапови ако зборуваат надвор од редот. Тој рече дека службеникот за обезбедување го предупредил: „Ќе те однесеме во интернат, таму ќе разбереш сè“.

Тој додаде дека киднаперите му се заканувале дека ќе го однесат во Псков, руски град во близина на границата со Естонија, 500 милји северно од Киев.

„Тие рекоа дека ќе не однесат во Псков… и таму ќе бидеме посвоени“, рече тој.

Неколку моменти откако автобусот што го вратил него и десетици други деца од територијата под руска контрола пристигнал во Киев, 10-годишното момче скокнало право во прегратките на својот татко.

Денис Запорожченко го држел својот син и го бакнал во челото пред да ги прегрне двете ќерки, кои биле меѓу 17-те деца кои со месеци биле одвоени од родителите.

Собирот го организираше „Спасете ја Украина“, невладина организација која се бори против илегалната депортација на украинските деца на територијата под руска контрола.

Повеќе од 16.000 украински деца се депортирани, според Киев, во Русија од инвазијата на 24 февруари 2022 година, а многумина, наводно, сместени во институции и домови за згрижување.

Русија ги негира обвинувањата, велејќи наместо тоа дека ги спасила украинските деца од ужасите на војната.

Сепак, МКС минатата недела издаде налог за апсење на претседателот Владимир Путин за незаконско депортирање на украински деца.

Некои деца со кои разговараше АФП го опишаа нивото на политичка индоктринација.

„Ако не ја пеевме руската химна, нè тераа да напишеме објаснување“, изјави 15-годишната Таисија.

Четириесет и тригодишната Инеса Вертош изјави дека нејзиниот син станал посериозен по долгата разделба.

„Тој ме гледа и ми вели: „Мамо, нема да ти кажам за тоа, не би спиела навечер“, рече таа.

Едно дете рече дека Русите планирале да ги однесат во Псков каде што ќе бидат посвоени.

Во обид да ги едуцираат, руските власти тепале украински деца, изјавил тинејџер кој бил меѓу неколкуте десетици деца ослободени од руските домови и младински кампови по повеќемесечни преговори, пишува британски „Телеграф“.

Децата, претежно тинејџери, живееле во деловите окупирани од Русија на регионите Харков и Керсон, кога локалните власти предложиле да бидат испратени во летен камп на Крим.

Но, администраторите на тој камп одбија да ги испратат децата дома кога нивните градови беа ослободени од украинските сили.

Едно од ослободените момчиња изјави за локалната телевизија како се однесувале кон нив. Тинејџерот, чиј идентитет не е откриен, рече дека децата од регионот Херсон биле казнети доколку изразуваат проукраински ставови.

„Ќе те однесеме во сиропиталиште. Ќе седиш таму додека не разбереш се“, го цитира момчето чуварот на кампот. Тој, исто така, рече дека видел модринки на грбот на една девојка, наводно поради удар со стап.

Момчето рече дека управителот на кампот му рекол дека родителите се откажале од него и го дале на посвојување. Но, кога конечно и се јавил на мајка си, таа му рекла дека такво нешто никогаш не ѝ паднало на памет.

Раководителите на кампот во еден момент и рекле на мајката на момчето дека „нема да го однесат синот никаде бидејќи тој сега е дете на Русија“,пренесе Телеграф.рс.

Прикажи повеќе...

Европа

Пронајдени нови докази за убиството на малолетната Луиза во Германија, оружјето сѐ уште мистерија

Објавено пред

Полицијата сѐ повеќе се сомнева дека убиството на малата Луиза било планирано, особено кога се појавија нови детали од истрагата.

dobivaj vesti na viber

Полицијата ги пребарала куќите на девојките и пронашла докази дека тие биле под истрага за кривична одговорност пред убиството на Луиза.

„Билд“ пишува дека девојките наводно злосторството го планирале со денови. Тие тврдат дека при пребарувањето на „Гугл“ на нивните телефони откриле дека го барале терминот „отсуство на кривична одговорност“.

Иако девојките го признале убиството, оружјето со кое го извршиле делото сѐ уште не е пронајдено.

Во меѓувреме, полицијата ја прекина потрагата по оружјето. Имаше шпекулации дека се работи за мал нож, а британски „Дејли мејл“ објави дека Луиза можеби е убиена со турпија за нокти.

„Не се планирани натамошни претреси на областа. Направивме сѐ што е човечки можно за да го најдеме оружјето со кое беше убиена“, соопштија од полицијата.

Медиумите потсетуваат дека 12-годишната Луиза била избодена 32 пати од своите пријателки, кои потоа ја оставиле да искрвави. Неофицијалната тепачка меѓу пријателките избувнала поради видео на „Тик-ток“, а ножот со кој беше прободена Луиза никогаш не беше пронајден.

Германски „Билд“ претходно објави дека Луиза наводно првин била малтретирана, потоа избодена и оставена сама да крвави до смрт во шумата.

Поради големиот број убодни рани и степенот на повреди по телото на девојчето, обвинителите говорат и за таканареченото претерано убиство.

Неофицијално, најдобрата пријателка на Луиза (13) ја убедувала помладата девојка да ја убие Луиза. Сомнежите се дека мотивот за убиството е одмазда.

Соседите ги виделе девојчињата заедно во шумата.

Девојчињата подоцна се соочиле со своите контрадикторни изјави пред родителите и психолозите по што го признале делото.

Прикажи повеќе...

Европа

Естонија протера руски дипломат

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Естонија денеска го повикало вршителот на должност на руската амбасада во Талин и му врачи дипломатска нота дека вработен во руската амбасада со дипломатски статус е прогласен за „персона нон грата“, соопшти МНР на Естонија.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, Министерството за надворешни работи на Естонија смета дека активноста на рускиот дипломат била спротивна на Виенската конвенција за дипломатски односи и тој мора да ја напушти Естонија најдоцна до 29 март, пренесува „Интерфакс“.

Протераниот руски дипломат, како што тврди естонското министерство, „директно и активно учествувал во поткопувањето на безбедноста и уставниот поредок на Естонија, ширејќи пропаганда што ги оправдува руските воени дејствија и се занимаваше со создавање расцеп во естонското општество“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Заврши инспекцискиот надзор во битолската болница: Петгодишната Јана примала глукоза, нема констатирани пропусти во лекувањето

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, каде почина петгодишната...

Македонија5 часа

Апелација одлучи за „Плацови на Водно“: Мијалков ослободен од затвор, Груевски треба да издржи девет години

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот познат како „Плацови на Водно“, по одржана јавна седница и разгледување на списите во...

Топ5 часа

(Видео) Запленети четири вреќи со марихуана вредни околу 100.000 евра, дилерите при бегство оштетиле полициско возило

Полицијата спречила транспорт на речиси 35 килограми дрога, а во врска со настанот уапсени се две лица од скопско Арачиново....

Македонија5 часа

Побарал кисела вода, а добил корозивно средство – битолчанец заврши со труење на Токсикологија

45-годишен битолчанец пред два дена завршил на скопската Клиника за токсикологија во лоша здравствена состојба. Пациентот, според првичните информации, тврдел...

Македонија6 часа

Мицкоски: Нема да се поместам ниту милиметар, ќе ги истрпам сите притисоци, овој парламент нема мандат да го менува Уставот

„Ќе продолжат, притисоците нема да престанат. Ако мислите дека ќе се откажат, нема да се откажат. Затоа што овие од...

Македонија9 часа

Задоцнета и селективна правда во случајот со „Маѓар телеком“, велат од „Транспаренси интернешнл“

Од „Транспаренси интернешнл“ гледаат задоцнета и селективна правда во случајот со „Маѓар телеком“. „Транспаренси интернешнл – Македонија“ од 2012 година...

Свет9 часа

Медведев: „Ќе одиме до Киев“

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека ништо не може да се исклучи и дека, доколку...

Европа9 часа

Хил: Бомбардирањето на НАТО на Србија е дипломатски неуспех, граѓаните на Србија никогаш не треба да го заборават

Американскиот амбасадор Кристофер Хил го оцени бомбардирањето на НАТО на Србија како дипломатски неуспех, изрази сочувство до сите семејства на...

Свет10 часа

(Видео) Запалено градското собрание во Бордо на протестите против пензинската реформа во Франција

Градското собрание во францускиот град Бордо беше запалено на протестите што се одржуваат во целата земја против подигање на старосната...

Регион10 часа

На денешен ден почна бомбардирањето на Југославија од НАТО

Сирените се слушаа 78 дена, а вкупниот број на жртвите никогаш не е утврден. Се проценува дека во текот на...

Топ11 часа

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината...

Свет11 часа

(Видео) Пожар во Русија: има опасност пламенот да се прошири на складиште со запалива течност

Пожар избувна во зградата на истражувачко-производствениот комплекс во градот Арамил, Русија, соопшти прес-службата на регионалната главна управа на Министерството за...

Свет11 часа

Турската парламентарна комисија го одобри влезот на Финска во НАТО

Комисијата за надворешни работи при турскиот парламент го одобри предлог-законот за членство на Финска во НАТО. Сега претстои предлог-законот да...

Спорт21 час

Македонија се намачи, но ја победи Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Малта со 2:1 на арената „Тодор Проески“ и со успех тргна во новите квалификации...

Македонија21 час

Таткото на починато петгодишно девојче за последните моменти: Сакаа и втора инфузија да ѝ дадат, но кај ќе удреа со иглата крв избиваше

Стојче Христовски, таткото на починатото петгодишно девојче од битолско Кравари кое вчера почина во Клиничката болница во Битола откако прими...

Регион1 ден

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби, пишуваат бугарските медиуми. Ова го покажуваат податоците на...

Топ1 ден

Учителка нападнала ученик во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.И. (53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Почина шестгодишно девојче на инфузија во болницата во Битола, било примено со температура и повраќање

Шестгодишно девојче вчера почина во Клиничката болница Битола додека примало инфузија. Директорот на болницата, Александар Обедниковски, за „Макфакс“ вели дека...

Македонија1 ден

Мијалков доби конечна слобода за апсењето на Бошкоски, Апелација ја потврди пресудата

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-274/22, во јавноста познат како...

Македонија1 ден

Османи за апсењето на Путин: Имаме недвосмислен став

Македонија ќе постапи по потерницата за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Ова е заклучокот од одговорот на министерот за...