Контакт

Европа

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Објавено пред

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од Втората светска војна, во близина на пристаништето Шчечин.

Бомбата „толбој“ тешка 5,5 тони и долга шест метри била пронајдена за време на работа на водовод кој води до Шчечин.

Бомбата која имала разорна моќ во домет од 10 километри е најголемата бомба од Втората светска војна пронајдена во Полска, јави „АП“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Италијанците ќе добијат бонус од 500 евра за летување

Објавено пред

Во Италија, во август, поради правилата за ограничениот број луѓе на плажи, во ресторани и други јавни места, цената на десетдневен одмор би можела да се зголеми од 18 до 20 отсто во однос на минатата година, процени здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс“.

Резултатите од анкетата на јавното мислење покажуваат дека повеќе од 50 проценти од жителите на Италија не планираат летување, а од вкупниот број на оние што ќе патуваат, 90,2 проценти од нив ќе го сторат тоа во рамките на границите на својата земја.

Се проценува дека почитувањето на мерките воведени за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, кој тешко ја погоди Италија, ќе доведе до зголемување на цените.

Италијанската влада ги повика граѓаните ова лето да го поминат во својата земја, а како дел од пакет-мерките за ублажување на ефектите од епидемијата одредија бонус од 500 евра за семејствата, со цел да им ги олеснат трошоците.

Сепак, „Кодаконс“ процени дека чадорите, лежалките, паркингот, храната, пијалаците и другите услуги што се нудат на плажите ќе ги чинат Италијанците повеќе од порано.

Прикажи повеќе...

Европа

Британската влада го брани советникот на Џонсон, притисокот од медиумите и опозицијата не стивнува

Објавено пред

Британската влада продолжува да го брани интегритетот на Доминик Камингс, најблискиот советник на премиерот, од критики дека ги прекршил карантинските мерки наметнати поради Ковид-19, но притисокот на медиумите поради неговото однесување и изостанокот на извинување не стивнува.

Камингс се најде на удар на критики кога беше откриено дека, и покрај мерките за ограничено движење, тој решил да го напушти Лондон и да вози 400 километри на северот на Англија за да го остави својот 4-годишен син кај семејството за да се грижат за него.

Тој ја објаснил својата одлука велејќи дека тој и неговата сопруга, која во тоа време била болна, не можеле да организираат соодветна грижа за нивниот син во Лондон ако се разболат од Ковид-19, па сметале дека тоа било најдобро решение.

Неговиот случај, сепак, продолжува да ги полни весниците, а неколку британски весници денес го критикуваат дека не се извинил и не изразил ниту жалење за начинот на кој се однесувал поради што најавата на владата за отворање на продавниците на 16 јуни и дополнителното олеснување на рестриктивните мерки паднале во втор план.

Дури и во редовите на неговите конзервативци бараат негова оставка, која Камингс решително ја отфрлил претходниот ден.

Камингс ги игнорира повиците за оставка, но тоа го стори министерот во шкотската влада, Даглас Рос. Според него, објаснувањето на Камингс се засновало на одлуки што не биле достапни за другите.

Премиерот Борис Џонсон го бранеше Камингс велејќи дека однесувањето на неговиот советник е претпазливо, законско и со интегритет.

Камингс е главниот архитект на успешниот референдум од 2016 година, на кој мнозинство Британци решија да ја напуштат Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Европа

Германската влада од 15 јуни ги укинува предупредувањата за патувања во земјите од ЕУ

Објавено пред

Германската влада планира од 15 јуни да ги укине предупредувањата за патувања во европските земји, воведени во средината на март како дел од борбата против пандемијата на коронавирусот, објави во германската новинска агенција (ДПА).

„Укинувањето на предупредувањето се однесува на 31 европска земја, односно на земјите членки на ЕУ, Велика Британија и земји што се наоѓаат во шенгенот, но не се членки на ЕУ“, објави ДПА повикувајќи се на документ со наслов „Критериуми за овозможување европски туризам“, што треба да се усвои на редовната седница на владата.

Предуслов за укинување на предупредувањата за патувања е поволен развој на состојбата во онос на ширењето на пандемијата на коронавирусот.

Германската влада предлага и низа заеднички мерки што треба да спречат повторна појава на пандемија, а исто така ќе побара од европските партнери да воведат мерки што важат во Германија во случај на повторно враќање на заштитните мерки.

Правилото бара да се воведат строги заштитни мерки ако бројот на новозаболени случаи на 100.000 жители во даден регион надминува 50 во рок од една недела.

Земјите познати како туристички дестинации исто така треба да развијат остварливи концепти за да обезбедат придржување на мерките, како што се одржување физичко растојание, носење маски и проветрување и дезинфекција на места каде што престојуваат туристи.

Концептите исто така треба да вклучуваат јасни мерки во случај туристите да се разболат, вклучително и доволен капацитет во болниците, како и објекти за тестирање инфекции. Покрај тоа, препораките на Европската комисија за воздушно патување мора да бидат применети.

Германската влада бара од Европската комисија да развие постапка за процена на примената на мерките во одделни земји.

Притоа се наведува дека треба да се земе предвид односот помеѓу ризикот од инфекција и важечките мерки, како и регионалните разлики во одделни земји.

Министерството за внатрешни работи, надлежно за отворање на границите, соопшти дека треба да се регулира прашањето за патување до и од земји што не се членки на ЕУ, а во кои ситуацијата со ширењето на инфекцијата е поповолна отколку во некои земји членки на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион57 минути

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија1 час

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија2 часа

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Македонија2 часа

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки...

Македонија3 часа

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој ја отфрли можноста...

Македонија3 часа

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет4 часа

СЗО го суспендира тестирањето на лекот против малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот против малaрија „хидроксиклорокин“ кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа5 часа

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Регион6 часа

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа6 часа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што побргу да се отворат границите меѓу европските земји по затворањето...

Македонија6 часа

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата предизвикана од...

Регион7 часа

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Кога Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет18 часа

Италија бара 60.000 доброволци, кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати речиси 60.000 доброволци, кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија19 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет20 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа20 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет21 час

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет21 час

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа22 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија1 ден

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Досие