Европа
Полскиот премиер: Германија е главната пречка за заострување на санкциите кон Русија

Германија е голема пречка на патот кон воведување построги санкции кон Русија, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки на прес-конференција, додавајќи дека Унгарија истите не ги блокира.
Неговиот коментар доаѓа откако премиерот Виктор Орбан победи на изборите во неделата и откако се соочи со критики за неговиот остар став кон руската агресија во Украина.
„Мора да видиме дека, како и да ѝ пристапиме на Унгарија, ова е четврта ваква победа и мора да ги почитуваме демократските избори. Германија е главната пречка за санкциите. Унгарија е за санкции“, изјави Моравјецки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски за руското ласерско оружје: Ако веќе е во Украина, тоа е знак за нивниот неуспех

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го коментираше новото ласерско оружје што Русија наводно веќе го користи во Украина.
„Тоа е знак за нивниот неуспех. Русите бараат ‘wunder-waffe’“, се осврна Зеленски на фразата што означува потрага по чудесно оружје што потенцијално би можело да го смени текот на Втората светска војна во корист на нацистите.
Реакцијата на Зеленски следи како одговор на тврдењето на руски функционер дека технологија која е способна за рушење дронови е веќе е широко распоредена на бојното поле.
Кремљ често покажува нови прототипови на технологија, но тие ретко можат да се видат на бојното поле. За потсетување, Русија вчера откри дека во Украина користи нова генерација на моќно ласерско оружје за горење на беспилотни летала.
Јуриј Борисов, заменик-премиер задолжен за воен развој, на конференција во Москва рече дека ласерот „Пересвет“ веќе е на терен и може да ги заслепи сателитите до 1.500 километри над Земјата. Тој додаде дека веќе има помоќни руски системи од „Пересвет“, кои можат да спржат беспилотни летала и друга опрема. Борисов изјави дека вчера било извршено тестирање на оружје со кое дрон на пет километри оддалеченост бил испржен во рок од пет секунди.
Европа
Зеленски: Русија ги користи неискусни војници како топовско месо

Сите веќе видоа како Русија дејствува во војна. Неискусните регрути беа фрлени во битка како топовско месо, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во ноќното обраќање.
Тој рече дека Русија потрошила најголем дел од проектилите за уништување на цивилна инфраструктура, но без стратешки воен резултат.
„Тие фрлаат забранети фосфорни бомби врз училишта и станбени згради. Тие фрлаат проектили, од кои повеќето руската војска ги потроши уништувајќи цивилна инфраструктура без стратешки воен исход“, рече тој.
„Мораме да ги истераме окупаторите и да ѝ гарантираме на Украина вистинска безбедност. Нашите градови кои се под окупација, под привремена окупација, мора да знаат дека Украина ќе се врати“, рече Зеленски.
Европа
„Фајненшл тајмс“: Турција со прва блокада за Шведска и Финска на патот кон НАТО

Турција ја блокираше првичната одлука на НАТО да ги процесира барањата на Финска и Шведска за пристапување во воената алијанса, пишува угледниот британски весник „Фајненшл тајмс“.
Ова ги доведува во прашање надежите за брзо приклучување на двете нордиски земји во сојузот.
Амбасадорите на НАТО се состанаа денеска за да ги отворат разговорите за пристап на истиот ден кога Финска и Шведска ги поднесоа своите апликации, но противењето на Анкара го прекинало секое гласање, тврди извор со директни информации по однос на ова прашање.
Одложувањето предизвикува сомнеж дека НАТО ќе може да ја одобри првата фаза од барањата на Финска и Шведска во рок од една или две недели, како што најави генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Тоа, исто така, го поставува теренот за неколкудневна интензивна дипломатија меѓу САД, Турција, Финска и Шведска по ова прашање.
Сите 30 актуелни членки на НАТО мора да ги ратификуваат апликациите на Финска и Шведска, но тој процес започнува дури кога одбранбената алијанса ќе издаде протокол за пристапување и официјално ќе ги покани двете земји да се приклучат.
Во меѓувреме и „Раша тудеј“ (РТ) пренесе дека претставниците на Северноатлантската алијанса се собрале на денешниот состанок за отворање на преговорите со Шведска и Финска, но дека Турција го стопирала гласањето за почеток на преговорите.