Свет
Полскиот претседател: Вратете ни сè што ѝ дадовме на Украина

Помошта за Киев ги исцрпи воените резерви на Варшава, создавајќи празнини, вели полскиот претседател.
Полскиот арсенал на оружје е премногу намален поради воената помош за Украина, а на земјата ѝ се потребни западните сојузници за да ја компензираат огнената моќ што му била испорачана на Киев, им рекол полскиот претседател Анджеј Дуда на своите команданти.
„Очекуваме дека празнините во нашите ресурси ќе бидат пополнети во рамките на механизмите за поддршка на сојузниците“, рече Дуда на воениот брифинг.
Полска е најголемиот снабдувач на Украина со тешко оружје, вклучувајќи стотици тенкови, артилерија и друга опрема, додаде тој. Помошта вклучуваше стотици илјади куршуми, како и беспилотни летала и системи за противвоздушна одбрана.
Дуда рече дека Варшава брзо тргнала да ги задоволи потребите на соседна Украина на бојното поле, обезбедувајќи само воена помош во износ од околу 1,7 милијарди долари, откако Русија ја почна својата воена операција во февруари. Може да бидат потребни години за да се замени таквото оружје, додаде тој.
„Затоа, сега им се обраќаме на речиси сите наши сојузници, особено на нашите главни, да ни испратат опрема, која не мора да биде нужно нова“, рече Дуда.
„Напротив, дониравме користена опрема, за да можеме да прифатиме користена опрема сè додека барем делумно го компензира она што сме го изгубиле на начин што го сметаме за оправдан и очигледен. Полска е водечки застапник за казнување на Русија со санкции и за давање на Украина напредно оружје за да се одбрани од офанзивата“.
Радослав Сикорски, член на Европскиот парламент и поранешен полски министер за надворешни работи, отиде дотаму што сугерираше дека Западот може да му даде нуклеарни боеви глави на Киев за да се брани. Сепак, упорната проукраинска политика на Варшава има своја цена. Полска прими повеќе од три милиони украински бегалци и ја обвини ЕУ дека не обезбедила компензација за огромните трошоци. Очигледно, не целото оружје што го донираше Полска пристигна на бојното поле во Украина. Руското Министерство за одбрана на почетокот на овој месец соопшти дека во воздушните напади биле уништени тенковите Т-72 и други оклопни возила што и’ биле доставени на Украина од источноевропските земји. Tенковите биле скриени во објекти за поправка на вагони во Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Петков: Идејата за одлука на еден човек е уште еден обид за политички маневри

„Има оперативен состанок на Советот на министри, на кој се разговара за тоа (протерувањето на руски дипломати), има долг процес што се одвиваше и кој заврши кога Министерството за надворешни работи го направи отповикот вчера“.
Ова го изјави денеска премиерот во оставка на Бугарија – Кирил Петков по неговото сослушување во Народното собрание за протерувањето на 70-те руски дипломати, јавува „БГНЕС“.
„Идејата за одлука на еден човек е уште еден обид за политички маневри, но се надевам дека денеска се сретнаа сите пратеници. Ова е процес кој започна во март, имаме белешки од април, мај, јуни, го имавме Советот за безбедност со сите служби кои кажаа – САНС, ДАР, Воено разузнавање. Излегоа две работи, тоа е долг процес, второ беа вклучени многу служби, трето не сме во нормална ситуација во моментов, војната во Украина предизвика нова ситуација во ЕУ, особено што Русија ја прогласи Бугарија за непријателска држава“ – рече Петков.
Тој нагласи дека сега „сите се фокусираа на 70 луѓе, реално руската амбасада продолжува да има над 40 вработени, што е голема бројка во споредба со многу европски земји, работите станаа јасни“.
„Јасно беше објавено дека јас како премиер сум раководел со Советот за безбедност, но има извештај од МНР, Државната агенција за национална безбедност“ додаде Петков.
Свет
Нов Стратегиски концепт на НАТО, Русија стана директна закана

Нов Стратегиски концепт на Алијансата усвоија денеска шефовите на земјите членки на НАТО во Мадрид со кој се поставени приоритетите и клучните задачи за следната деценија.
Новиот Стратегиски концепт ја опишува безбедносната средина со која се соочува Алијансата и ја наведува клучната цел на НАТО да обезбеди квалитетна колективна одбрана.
„Документот поставува три клучни задачи за НАТО во следната деценија. Тоа се одвраќање и одбрана, спречување и управување со кризи и кооперативна безбедност“ – се вели во соопштението.
Како што претходно беше најавено, во стратегискиот концепт Руската Федерација се оценува како „директна закана“.
„Документот ја дефинира Русија како најзначајна и најдиректна закана за безбедноста на сојузниците, а по првпат се занимава и со Кина и предизвиците што Пекинг ги поставува за безбедноста, интересите и вредностите на сојузниците“ – се наведува во новиот концепт.
Исто така, во документот се споменува борбата против климатските промени како прашање кое се дефинира како дефинирачки предизвик на новото време.
Стратегискиот концепт на НАТО е документ кој се ажурира секоја деценија и е втор најважен документ на Алијансата. Со Стратегискиот концепт НАТО ги реафирмира вредностите на Алијансата, дава колективна процена на безбедносните предизвици и ги насочува политичките и воените активности.
Претходниот Стратегиски концепт на НАТО беше усвоен на состанокот во Лисабон во 2010 година.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО ќе ги зајакне своите обврски кон Украина, а земјата може да се потпре на „континуираната поддршка“.
„Украина може да смета на нас онолку долго колку што е потребно“ – рече тој.
Додаде дека оваа „непоколеблива“ посветеност значи поголема воена и финансиска помош.
Регион
Вучиќ: Приштина подготвува општ напад на северот на Косово од 1. октомври

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до јавноста во врска со одлуката на косовските власти да ги забранат српските лични карти и по 30 септември годинава да ја укинат важноста на регистарските ознаки со имиња на српски градови „КМ“ „ГЛ“ „ПР“ „УР“ и други.
Најавите се дека по тој рок возилата кои ќе имаат вакви регистарски ознаки ќе бидат одземани.
„Од денес имаме потполна промена на ситуацијата во Западен Балкан и на Косово. Албанското раководство добило поддршка од Велика Британија и Германија, донесоа две одлуки, да се протераат Србите од Косово и Метохија. Една е со забраната на личните карти, а втората одлука е со една цел, да се протераат Србите од северот и да се направи една нова Олуја. Со години водат кампања да ги натераат Србите да ги прифатат нивните регистарски таблички“ рече Вучиќ.
Тој нагласи дека со години Србија ги трпи лагите на Западот.
„Запалија десетина наши цркви и манастири, а како награда добија независно Косово. Имавме и Бриселски договор. Ние исполнивме се, тие ништо. Тогаш решија да не малтретираат со таксите. Сето ова му го кажав на Лајчак“ изјави Вучиќ и подвлече дека Западот е арогантен со Србија затоа што немаат нуклеарно оружје и нафта.