Контакт

Свет

Полски ветеринар: 2.700 килограми сомнително месо од Полска завршило во ЕУ

Објавено пред

Полска извела 2.700 килограми говедско месо во земјите од Европската Унија, соопшти главниот полски ветеринар кога телевизиска репортажа извести за компанија што убивала болни крави и го продавала нивното месо.

Полска произведува околу 560.000 тони говедско месо годишно, од што извезува меѓу 80 и 85 отсто.

Новинарот на комерцијалната телевизија „Н24“ помина три недели како вработен во кланицата во Калинов. Сними и објави вознемирувачки видеа од многу болни крави врзани со јаже околу вратот во кланицата, кои едвај стојат.

Европа

Паѓа довербата во шведските власти поради големиот број на починати од Ковид-19

Објавено пред

Одлуката на шведските власти не воведат карантин како оној во повеќето европски земји, првично наиде на поддршка од граѓаните, но во последните недели се забележува зголемена критика за високата стапка на смртност поврзана со коронавирусот во споредба со другите нордиски соседи.

Така, високиот или релативно високиот процент на граѓани кои веруваат во можноста на владата да се справи со пандемијата, месецов паднал на 45 проценти, во споредба со 63 проценти во април, покажува истражување на агенцијата „Новус“ спроведено за јавниот тв-канал СВТ.

Паднала и поддршката за Шведската агенција за јавно здравје, која ја водеше кампања за воспоставување мерки за физичко растојание и хигиена, од 73 на 65 проценти.

Во посебна анкета на „Демоскоп“ за дневниот весник „Афтонбладет“, бројот на оние со голема или релативно голема доверба во владините активности поврзани со пандемијата на коронавирус паднала од 65% на 55 проценти.

„Имајќи предвид дека шведските бројки за смртност се разликуваат во споредба со меѓународните податоци, впечатливо е што нивото на доверба е повторно прилично високо“, коментира аналитичарот на „Демоскоп“, Питер Сантесон.

Додека голем дел од Европа воведе карантин во борбата против пандемијата, Шведска се потпре на поблаги мерки, засновани на одговорноста на граѓаните, со цел да се забави ширењето на епидемијата, но и да се спречи голема штета за економијата.

Шведска има најголема стапка на смртност во светот. Повеќе од 4.500 луѓе починале, а над 40.500 се заразиле.

Данска, Финска и Норвешка заедно имаат околу 1.100 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Меган Маркл зборуваше за расизмот, жали што децата растат во таков свет

Објавено пред

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, изјави дека и е жал што децата мора да растат во свет каде што сè уште постои расизам и истакна дека случувањата во САД се разорни.

Таа го рече тоа во видеото снимено од учениците од завршните одделенија од нејзиното средно училиште во Лос Анџелес, по повод масовните протести во САД, охрабрени од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува „Ројтерс“.

„Знам дека знаете дека животите на црнците се важни. Првото нешто што сакам да ви го кажам е дека многу ми е жал што треба да пораснете во свет каде што тоа сè уште се случува“, рече Меган, чија мајка е Афроамериканка.

Таа додаде дека сакала да ја каже вистинската работа и дека била нервозна затоа што се плаши нејзините зборови да не бидат погрешно разбрани.

„Единствената погрешна работа е да не се каже ништо“, рече Меган Маркл.

Прикажи повеќе...

Регион

Црногорските поморци во карантин се закануваат со штрајк со глад

Објавено пред

Црногорските поморци, повеќе од 20, кои се сместени во карантинот Вучје во Никшиќ, се закануваат со штрајк со глад, поради, како што велат, невозможните услови, по тројца во секоја просторија, нивното здравје е загрозено и јадат од подот, пишува подгорички „Дан“.

Морнарите претходно се пожалија на нехуман третман на надлежните за време на транспортот и карантинот.

Офицерот за навигација Радое Џуришиќ, за подгорички „Дневник“ изјави дека секој ден се заклучувани 24 часа на ден во простории каде што не можеле да се движат и да извршуваат основни потреби.

Националното координативно тело не сакаше да ја коментира состојбата на поморците, кои велат дека, покрај лошите услови, никој не се грижи за нивното здравје.

„Баравме и тест за коронавирусот, за што ќе платиме доколку е потребно, но тие го игнорираат сето тоа. Пред две вечери речиси се случи инцидент, кога се обидоа да стават четворица поморци во една просторија. Тие одбија, па дојде интервентна полиција и се закани дека ќе ги уапси“, рече Џуришиќ.

Тој истакна дека веќе размислуваат да започнат штрајк со глад, бидејќи, како што вели, загрозени се нивните основни човекови права.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Македонија3 часа

Најголем дел од заболените во Скопје се од Чаир

Најголем број од активните случаи на коронавирус во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази...

Регион3 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет3 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет4 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет4 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија5 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија15 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија16 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија17 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ20 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија21 час

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија22 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија24 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија1 ден

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет1 ден

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа1 ден

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет1 ден

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа1 ден

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Досие