Контакт

Свет

Помпео: САД секогаш ќе го поддржуваат правото на Израел да се брани

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, за време на состанокот со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека САД се посветени на поддршката на правото на нивниот сојузник да се брани, пренесува „Спутник“.

„Сакам да изразам сочувство за војникот што беше убиен вчера и нè потсети на важноста да се осигуриме дека сите луѓето во Израел имаат право да се бранат себеси и Америка постојано ќе ве поддржува во тие напори“, рече Помпео.

Нетанјаху за возврат му се заблагодари на Помпео што презеде таков ризик да патува среде пандемијата нарекувајќи го тоа доказ за силата на нивниот сојуз и за посветеноста на американскиот претседател, Доналд Трамп, кон државата Израел.

„Набргу ќе формираме влада на национално единство. Мислам дека ова е можност да се промовира мирот и безбедноста засновани на разбирањето што го постигнав со Трамп при мојата последна посета во Вашингтон во јануари. Ова се огромни предизвици и можности и можеме да се соочиме со нив зашто имаме таква моќна врска поради која сојузот меѓу Израел и САД се истакнува. Таа врска никогаш не била посилна“, истакна Нетанјаху.

Се очекува Помпео да се сретне и со поранешниот најголем политички ривал на Нетанјаху, спикерот на Кнесетот, Бени Ганц. По три изборни циклуси во рок од една година, тие потпишаа договор за коалиција и се во завршна фаза на формирање на владата, која се очекува да биде инаугурирана на 14 мај.

Помпео отпатува во Израел во услови на пандемија за да ја поздрави новата влада и да разговара за билатерални, регионални и глобални прашања, вклучително и за плановите за анектирање на делови од окупираниот Западен Брег и за т.н. малигни активности на Иран.

Регион

Кипар ќе ги плати трошоците за одмор на сите туристи кои ќе заболат од Ковид-19

Објавено пред

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе остане позитивен на коронавирус во текот на посетата.

Според Би-би-си, владата објавила писмо во кое се вели дека во ваков случај ќе ги покрие сместувањето, лековите и храната за пациентите и нивните семејства.

Заразените туристи ќе имаат само трошоци за авионски билети за Кипар и назад до дома.

Станува збор за пакет мерки со кои Кипар се обидува да привлече посетители на островот во кој има 939 случаи на коронавирус и 17 смртни случаи.

Туризмот учествува со околу 15 проценти од БДП на земјата, така што владата се надева на туристички посети што е можно поскоро.

„Влијанието на вирусот е огромно, се обидуваме да направиме што е можно повеќе за остатокот од сезоната“, рече заменик-министерот за туризам Савас Пердиос, кој додаде дека властите вложуваат вонреден напор за спречување на вирусот.

Официјалните лица исто така велат дека ќе биде формирана болница со 100 кревети за сите туристи кои се разболеле на Кипар, како и неколку хотели кои ќе служат како карантини за семејствата на заразените.

Кипар планира да ги отвори аеродромите за земји со низок ризик како Германија, Израел и Малта на 9 јуни. За патници од Русија и Велика Британија аеродромите ќе бидат отворени во јули.

Прикажи повеќе...

Свет

Од коронавирус починале повеќе Американци отколку за време на епидемијата на СИДА

Објавено пред

Од коронавирусот починале повеќе од 100.000 луѓе во САД, иако во последно време се намали бројот на смртни случаи, а населението започна со делумно нормализирање на животот по двомесечен застој, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Околу 1.400 Американци просечно умирале секој ден во мај, што е сепак помалку од максимумот од 2.000 луѓе на ден во април.

За само три месеци, повеќе Американци умреле од коронавирус отколку во Корејската и Виетнамската војна, односно за време на војната во Ирак од 2003 до 2011 година.

Новата болест која го напаѓа респираторниот систем, исто така, убила повеќе луѓе отколку епидемијата на СИДА, од 1981 до 1989 година.

Бројот на заразени со корона во САД е повеќе од 1,7 милиони жители, додека, во светски рамки, бројот на заразени надминува 5,6 милиони. Епидемијата започна од Кина, а потоа пристигна во Европа и САД. Јужна Америка сега е во исклучително сериозна состојба, според бројот на заразени.

 

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Во Украина објавена снимка со детали од апсењето на напаѓачите на водачот на Кавачкиот клан

Објавено пред

Украинската полиција објави видео од апсењето на напаѓачите на наводниот водач на Кавачкиот мафијашки клан од Црна Гора, Радоје Звицер.

Подолгата снимка, објавена на налогот на националната полиција на Украина, ја опфаќа целата акција, почнувајќи од снимките од надзорните камери на обидот за егзекуција во центарот на Киев, па сè до испрашувањето во станица.

На снимките, може да се види и увидот од истрагата каде е прикажано и користеното оружје, а потоа и „ловот“ односно потрагата по осомничените во текот на ноќта.

„Од каде си?“, прашува полицаец еден од уапсените на снимката.

„Од Македонија“, одговара човекот со лисици на рацете.

Второто лице на видеото одговара дека е од Србија и дека разбира зошто е уапсен.

Подоцна, меѓу другото, во полициската станица прикажан е еден од уапсените со српски пасош.

Според тамошните медиуми, украинската полиција ги уапсила осомничените вчера во Одеса, а при апсењето тие се спротивставиле и се обиделе да избегаат. Тие се обиделе да стигнат до границата со Молдавија и така да избегаат од украинската полиција.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 минути

Кипар ќе ги плати трошоците за одмор на сите туристи кои ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе остане позитивен на коронавирус...

Македонија13 часа

Кафеаните ќе работат до 22 часот, на маса ќе можат да седат четворица само ако се од исто семејство

Со одлука на Владата од утре може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови...

Македонија15 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа15 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа18 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион18 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија19 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија20 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија20 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија20 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија20 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија22 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет23 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет23 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија1 ден

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија1 ден

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија1 ден

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава1 ден

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија2 дена

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија2 дена

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Досие