Свет
Помпео се закани со санкции за продажбата на оружје за Иран

„САД се подготвени да го санкционираат секој физички и правен субјект кој значително придонесува за испорака, продажба или трансфер на конвенционално оружје од или до Иран. Секоја земја што се стреми кон мир и стабилност на Блискиот Исток и ја поддржува борбата против тероризмот, мора да се воздржи од каков било договор за вооружување со Иран“, соопшти американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Помпео нагласи дека „во изминатите 10 години, земјите се воздржуваа од продажба на оружје на Иран под различни мерки на ООН. Секоја земја што сега ќе ја прекрши таа забрана, ќе избере многу јасно поттикнување на конфликтот и заканата по мирот и безбедноста“.
Техеран, кој сега може да купува оружје од Русија, Кина и од други места, го поздрави крајот на ембаргото како дипломатска победа над својот непријател, САД, кои се обидоа да одржат неодредено замрзнување на продажбата на оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Соборен руски авион во Украина, загина висок генерал

Пензионираниот генерал на руските воздухопловни сили Канамат Боташев загина откако неговиот авион беше соборен во воздушниот простор на Украина, пишува Би-Би-Си Русија.
Тој, наводно, е највисоко рангираниот руски пилот кој загинал во Украина.
Сето тоа наводно се случило во неделата на 22 мај.
⚡️BBC Russia: Retired Russian general killed in Ukraine’s airspace.
Major General Kanamat Botashev has been shot down while flying over Luhansk Oblast, BBC Russia reported. Botashev is reportedly the highest-ranking Russian pilot killed in Ukraine.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 24, 2022
Генералштабот на Украина соопшти дека рускиот напаѓачки авион Сухој бил соборен над Луганската област и дека пилотот не успеал да се катапултира од авионот.
Свет
Фон дер Лајен: Не може да биде во интерес на Русија да умираат луѓе од глад во светот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен испрати покана до Москва за разговори, со цел да се овозможи извоз на украинска пченица која стои во пристаништата како резултат на руската поморска блокада.
„ Најважно е да се деблокира Црното Море. Ова е покана за Русија“, рече фон дер Лајен во интервју за „Ројтерс“ на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Таа оцени дека кризата со храна се приближува со полна брзина и дека е потребен некаков дијалог со Москва за да се „отклучат“ 20 милиони тони пченица блокирани во Украина.
„ Не може да биде во интерес на Русија луѓето да умираат од глад во светот поради Русија“, рече фон дер Лајен, додавајќи дека треба да се најде решение за да се создаде коридор за транспорт на храна.
Русија и Украина заедно учествуваат со речиси една третина во светската понуда на пченица, а Украина е и голем извозник на пченка, јачмен, сончоглед и масло од репка.
Фон дер Лајен оцени дека Европската унија треба да го зајакне сопственото земјоделско производство преку обезбедување бенефиции за земјоделците за други култури или да го зголеми производството на пченица.
Свет
Гебрејесус втор мандат на чело на СЗО

Светската здравствена организација повторно го избра Тедрос Адан Гебрејесус за генерален директор, соопштија од ОН.
Гебрејесус е поранешен функционер на етиопската администрација и ја водеше СЗО низ пандемијата на коронавирусот. Тој е првиот Африканец на чело на агенцијата на ОН и единствениот генерален директор кој нема лекарска квалификација.
„ Имаше некои грешки, но Гебрејесус беше стабилен глас во текот на пандемијата, кој се залагаше за фер одговор“, рече Хавиер Гузман, службеник во Службата за глобална здравствена политика во Центарот за глобален развој во Вашингтон.
Според него, и покрај резервите изразени кон раководството на Гебрејесус, некои земји не биле подготвени да се променат.
Тој посочи дека светот се уште е во средина на пандемија и дека има одреден притисок за доследно лидерство во овој тежок период.