Контакт

Свет

Поплавите во Германија уништија градови, пруги и улици: „Ова е катастрофа на векот“

Објавено пред

Најмалку 189 луѓе загинаа, а стотици сè уште се водат за исчезнати по катастрофалните поплави што погодија големи делови на Западна Европа. Десетици илјади луѓе не беа во можност да се вратат во своите домови, а многумина сѐ уште се без струја и вода за пиење.

Поплавата предизвикана од невидена количина врнежи погоди делови од Западна Германија, Белгија и Холандија.

Неколку области во јужна Холандија продолжија да се евакуираат кога реката Меза во саботата достигна ниво што не е видено повеќе од еден век. Во Венло, град сместен веднаш на Меза, 10000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Волонтерите и војската вчера наполнија вреќи со песок и градеа насипи по што регионалната агенција за безбедност јави дека не се очекуваат поголеми поплави. Најмалку 158 луѓе загинаа во, како што рече германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, најголемата природна катастрофа на векот.

Во Германија водата се повлече за време на викендот оставајќи пустош, кал и хаос зад себе, пишува Си-ен-ен.

Беа однесени цели градови, железници и патишта

Во неделата, во посета на Шулд, еден од најпогодените градови, германската канцеларка Ангела Меркел рече дека уништувањето е надреално.

Таа ги пофали напорите и солидарноста во погодените области, но предупреди дека проблемите не може бргу да се решат.

„Германскиот јазик нема зборови за да го опише ова уништување“, рече таа.

Меркел вети брза финансиска помош по посетата на најпогодените области и најави дека владата ќе почне со краткорочна програма за закрепнување.

Делови од Белгија без вода за пиење

Поплави ја зафатија и Белгија, каде што Националниот центар за кризи соопшти дека денес состојбата постепено се подобрува во целата земја и оти областите погодени од поплавите се надвор од опасност.

Се наведува дека потрагата по починати продолжува и во моментот најголема грижа е недостигот на вода за пиење во некои од погодените области. Според Центарот, најмалку 31 лице загинале во невремето.

„Спасувачките операции се завршени, но операциите за пребарување сè уште траат во голем број области“, се вели во соопштението на Центарот.

За 24 часа падна огромна количина дожд

Катастрофалните поплави се случија откога паднаа огромни количини дожд во делови на Западна Европа. За 24 часа, повеќе од месечниот просек падна на местата што се поплавени.

Врнежите резултираа со екстремни поплавувања и нивото на водата се искачи за неколку минути.

Премногу е рано да се утврди точно колку голема улога одиграа климатските промени во предизвикувањето на оваа поплава, но екстремните врнежи, како оние што се гледаат во Западна Европа, стануваат сè почести и посериозни.

Свет

Гутереш: Светот е на работ на бездна, мора да се разбудиме

Објавено пред

Во своето обраќање на отворањето на 76-та сесија на Генералното собрание на ОН, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, рече дека светот конечно мора да се разбуди.

„Тука сум да алармирам. Светот мора да се разбуди. Ние сме на работ на бездна“, рече Гутереш.

Тој посочи дека денешниот мултилатерален систем е премногу ограничен во своите инструменти и капацитети.

„Мораме да обезбедиме Обединетите нации да се прилагодат на новата ера“, рече лидерот на ОН.

Тој додаде дека најновите кризи во светот јасно ги открија сите недостатоци и слабости.

„Ковид-19 и климатската криза покажаа кревкост во општествата, но наместо понизност пред овие историски предизвици, гледаме ароганција“, рече Гутереш, предупредувајќи дека меѓународната заедница се соочува со најголем број на кризи во нашите животи”

„Нашиот свет никогаш не бил повеќе загрозен или поделен. Пандемијата со Ковид -19 покажа огромни нееднаквости. Климатската криза ја мачи планетата. Пресвртот од Авганистан преку Етиопија до Јемен и пошироко го загрозува мирот. Бран недоверба и дезинформации ги поларизира луѓето и ги парализира општествата. Човековите права се под удар, како и науката“, рече тој.

Гутереш предупреди за огромни нееднаквости во пристапот до вакцини во развиените земји, додека многу во земјите во развој очајно сакаат имунизација.

„Ова е морално обвинение против состојбата на нашиот свет. Го положивме испитот за наука, но добиваме – недоволен по етика“, рече тој.

„Наместо патот на солидарноста, ние сме во ќорсокак на уништување“, рече Гутереш.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата Франциско: Некои црковни водачи се надеваа дека нема да преживеам

Објавено пред

Папата Франциско рече дека некои луѓе во Католичката црква се надевaле оти тој нема да ја преживее неодамнешната операција на дебелото црево и ги осуди таквите, како што ги нарече, бучни конзервативни критичари за „ѓаволска работа“ кога ја поткопуваат Римокатоличката црква, објави „Ројтерс“.

„Знам дека имаше дури и состаноци меѓу некои црковни водачи, кои рекоа дека папата е во многу посериозна состојба од она што беше кажано. Тие се подготвуваа да изберат нов папа. Нека им биде. Фала му на бога, јас сум добро“, рече папата за време на неодамнешната посета на Словачка.

Папата беше на операција на 4 јули и помина 11 дена во болница.

Тој ја критикува главната католичка телевизија, која не ја именуваше, но оцени дека е цел на постојани вербални напади.

„Можеби ги заслужувам овие напади и навреди затоа што сум грешник, но црквата не го заслужува ова. Тие се дело на ѓаволот“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Објавено пред

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем во светот, пренесуваат агенциите.

„Американската воена моќ треба да биде нашата последна опција, а не да се користи како одговор на секој проблем што го гледаме во светот“, рече Бајден во обраќањето на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој нагласи дека Соединетите Американски Држави и партнерите мора да работат заедно како никогаш досега поради закани за безбедноста, просперитетот и слободата.

Додаде дека САД не сакаат проблеми и нова студена војна.

„Не сакаме нова студена војна или свет поделен на ригидни блокови. Повторувам уште еднаш, не се стремиме кон тоа“, рече американскиот претседател.

Нагласи дека ќе го одржи ветувањето за Иран и нуклеарното оружје и додаде дека ќе продолжи со дипломатските напори за враќање на нуклеарниот договор.

Тој се осврна и на израелско-палестинското прашање велејќи дека поддржува решение за две држави велејќи дека тоа е најдобриот начин да се обезбеди иднината на Израел како еврејска демократија и одржлива и суверена палестинска држава.

На крајот, Бајден ги повика светските лидери да изградат подобра иднина.

„Јас и вие имаме волја и капацитет да го направиме тоа подобро“, рече Бајден во своето обраќање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија3 часа

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет3 часа

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет4 часа

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион4 часа

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија6 часа

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Македонија6 часа

ДИК со жрепка го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и...

Регион8 часа

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Македонија9 часа

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања...

Македонија11 час

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Македонија12 часа

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат,...

Свет12 часа

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион13 часа

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата. Српскиот претседател, Александар...

Свет13 часа

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на...

Македонија14 часа

Пендаровски: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател за реформите во земјите од Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што...

Свет1 ден

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет1 ден

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија1 ден

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија1 ден

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Досие