Контакт

Свет

Поради истечен рок, Хонг Конг ќе мора да фрли милиони дози вакцини во ѓубре

Објавено пред

Хонг Конг можеби набргу ќе мора да фрли милиони дози вакцини против коронавирусот бидејќи се приближува датумот на истекување, а премалку луѓе се пријавиле за вакцинација, предупредија официјални лица.

Хонг Конг е еден од ретките во светот што успеа да набави повеќе дози вакцини отколку што е потребно за да го вакцинира целото население од 7,5 милиони луѓе.

Но, растечката недоверба кон владата, која се бори против несогласувањата со нејзините политики, во комбинација со дезинформациите на интернет и досегашната добра епидемиолошка состојба во градот, кој е релативно без коронавирус, ги натера луѓето да се двоумат дали да ја примат вакцината.

Член на владината работна група за вакцинирање предупреди дека на граѓаните од Хонг Конг „им преостануваат само уште три месеци“ пред истекот на рокот за првата пратка на вакцините од „Фајзер/Бионтек“.

„Вакцините имаат рок на траење“, изјави Томас Цанг, поранешен контролор на здравствениот центар.

„Тие не може да се користат по истекот на рокот, а центрите за вакцинација, според сегашните планови, ќе престанат да работат по септември.

„Целиот свет се обидува да добие вакцини и, едноставно, не е во ред да можеме да ги купиме преку ноќ и само да ги чуваме. Она што го имаме е, веројатно, сè што имаме до крајот на годината“, додаде тој.

Хонг Конг купи 7,5 милиони дози вакцини.

Досега само 19 проценти од населението примило една доза од која било вакцина, а 14 проценти примиле две дози.

Двоумењето е вообичаено дури и кај здравствените работници. На почетокот на овој месец градската болница „Авториш“ откри дека само една третина од нивните вработени ја искористиле можноста да се вакцинираат.

И додека жителите на Хонг Конг не брзаат да вакцинираат, блиските земји се борат да добијат доволно дози вакцини против коронавирусот.

Во последните недели некои политичари во Хонг Конг сугерираа неискористената вакцина да се испрати во странство и така да им се помогне на другите земји.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Силна експлозија во Илиноис, населението се евакуира

Објавено пред

Силна експлозија се случи денеска во индустриската зона Илиноис, а во тек е итна евакуација на локалното население.

Властите во Илиноис издадоа наредба за итна евакуација на луѓето кои живеат во близина на местото на експлозијата, што се случи по пожарот во индустриската зона.

Неколку противпожарни единици се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот во фабриката за хемикалии. Медиумите објавија дека причината за експлозијата сè уште не е позната, а нема информации за повредени.

Прикажи повеќе...

Европа

Разбиена разбојничка група во Италија, краделе низ цела Европа

Објавено пред

Италијанската полиција разби група разбојници кои дејствувале во Европа и се обиделе да украдат злато од златарницата на плоштадот Свети Марко во Венеција во 2017 година.

Осомничените се уапсени во Австрија, Естонија и Финска и тие припаѓаат на естонска банда специјализирана за грабеж на луксузни европски продавници за накит, се наведува во соопштението на италијанската полиција.

Во март 2017 година, двајца членови на таа група активирале две димни бомби за да организираат напад на златарницата на плоштадот Свети Марко, додека другите двајца се обиделе да ја ограбат.

Благодарение на интервенцијата на турист кој бил предупреден од продавачка и кој повикал полиција, разбојниците биле принудени да бегаат.

Денешното соопштение за разбивањето на групата следеше по долгогодишна истрага во координација со Европол.

Според полицијата, таа група извршила две кражби во Бастија на Корзика во 2016 и 2017 година, во Инсбрук, Австрија во 2017 година, со вкупен плен проценет на еден милион евра. Меѓу уапсените е и осомничениот шеф на групата кој беше пронајден во Финска. Тој веќе е осуден за повеќе кражби и едно убиство, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се смета за напад врз сите, е „света обврска“.

„Членот 5 е света обврска. Сакам цела Европа да знае дека Соединетите Американски Држави се тука “, рече Бајден по пристигнувањето на самитот на Алијансата.

„Постојано ги потсетувам Американците дека НАТО се мобилизираше кога Америка беше нападната на нејзино тло за прв пат од почетокот на Втората светска војна. Сојузниците го почитуваа членот 5 “, рече Бајден, осврнувајќи се на сојузничката солидарност по терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Тој ги повика членките да се соочат заедно со новите предизвици што ги поставуваат Русија и Кина.

„Во последните две години расте свеста дека имаме нови предизвици. Ја имаме Русија која не се однесува како што се надевавме. А тука е и Кина “, рече Бајден.

Неговиот претходник Доналд Трамп избегнуваше изрично да потврди дека САД го поддржуваат членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој ја дефинира колективната одбрана на НАТО.

Во последната декларација денеска, водачите на НАТО за прв пат ќе ја именуваат Кина како „системски предизвик“, пренесуваат агенциите.

„Јавно изразените амбиции и наметливото однесување на Кина претставуваат системски предизвици за меѓународниот поредок заснован на правила и во области релевантни за безбедноста на сојузниците“, се вели во нацрт документот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет3 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет5 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија5 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа6 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија7 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија8 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион8 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија8 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија10 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет10 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија11 час

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт23 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт23 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт24 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Досие