Контакт

Свет

Поради неопходна медицинска помош на луѓето, Египет порано го отвора граничниот премин со Газа

Објавено пред

Египет денеска го отвори граничниот премин со Газа, еден ден порано од планираното, со цел да се овозможи минување на студенти, луѓе на кои им е потребна медицинска помош и за други хумани случаи, пренесува Ројтерс.

Граничниот премин Рафа беше затворен за празникот Курбан Бајрам и требаше повторно да се отвори во понеделник.

Во израелските воздушни напади во Газа денеска се убиени 33 Палестинци, од кои 13 деца, соопштија здравствените власти во Газа.

Со нападите се зголеми и бројот на жртвите во Газа на 181, вклучувајќи 52 деца, се додава во извештајот. Израел пријавил 10 мртви, вклучително и две деца, пренесува Ројтерс.

Досега, Египет испрати 16 амбуланти возила во Газа за да ги соберат жртвите од израелското бомбардирање и да им укажат лекарска помош во египетските болници.

Како што се додава, автобус со 95 лица пристигнал утрово од Газа.

Европа

Захарова: Авторите на стратегијата на ЕУ кон Русија имаат проблем со чувството за реалност

Објавено пред

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по повод надворешно-политичката стратегија на Европската унија за Русија изјави дека нејзините автори имаат проблеми со познавањето на историјата и разбирањето на реалноста.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, претходно изјави дека стратагијата ќе биде усвоена по три принципи – одбивање, зауздување и соработка со Москва, пренесува ТАСС.

„Можете ли да замислите личност која ви нуди односи засновани врз принципите на одбивање, зауздување и соработка? Можете ли? Тоа е Борел“, напиша Захарова на својот канал на „Телеграм“.

Според неа, авторите на стратегијата очигледно имаат проблем со познавањето на историјата и чувството за реалност.

Прикажи повеќе...

Свет

Коронавирусот во САД бил присутен уште во 2019 година, покажа најнова студија

Објавено пред

Најново истражување покажа дека Ковид-19 пристигнал во САД кон крајот на 2019 година.
Новата анализа на примероци од крв од 24.000 Американци, донесена на почетокот на 2020 година, е најновото и најголемо истражување што сугерира дека вирусот пристигнал во САД во декември 2019 година.

Тоа беше неколку недели пред здравствените власти да го забележат првиот случај на коронавирус, пренесуваат американските гласила.

Анализата не е конечна, а некои експерти остануваат скептични.

Сепак, федералните здравствени власти сè повеќе ја прифаќаат временската рамка во која во САД можеле да се појават мал број на заразени со Ковид-19 пред светот да стане свесен за опасниот нов вирус што излезе во Кина.

Студијата е објавена вчера во списанието Клинички инфективни болести, пренесуваат агенциите.

„Студиите се прилично конзистентни“, рече Натали Торнбург од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

„Веројатно тука имаше многу ретки и спорадични случаи порано отколку што знаевме. Но, тоа не беше раширено. Зголемувањето на бројот на заразени лица се случи дури на крајот на февруари “, рече таа.

Во студија предводена од ЦДЦ, објавена во декември 2020 година, биле анализирани 7.000 примероци на донации на крв од Црвениот крст на САД.

Притоа било заклучено дека некои Американци биле заразени со коронавирус веќе во средината на декември 2019 година.

Најновото истражување беше спроведено од тим кој вклучува истражувачи од Националниот институт за здравство.

Тие анализирале примероци на крв од повеќе од 24.000 луѓе низ целата земја, собрани во првите три месеци од 2020 година, како дел од долгорочна студија.

Коронавирусот се појави кон крајот на 2019 година во Вухан, Кина. Официјално, првиот заразен пациент во САД бил патник од државата Вашингтон, кој се вратил од Вухан на 15 јануари и побарал лекарска помош на 19 јануари, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Европа

Сопственик на дуќан во Германија забранил влез за вакцинирани лица

Објавено пред

Во градот Хоф во Баварија, на излогот од една продавница од неодамна стои натпис: „Пристап само за невакцинирани лица“.

Според магазинот „Феникс“, со натписот на излогот, сопствениците на продавницата за традиционални носии (Трахтенладен) во Хоф сакаат јасно да стават до знаење кој е добредојден во нивниот дуќан: „Ве молам, разберете – пристап само за невакцинирани лица“.

Според нивната изјава, газдите сакаат да ја заштитат својата специјализирана продавница за носии, бизнис кој го имаат од 2015 година.

„Се чувствуваме непријатно покрај луѓе кои се вакцинирани“, вели сопственикот Шулер за inFranken.de. Натписот е поставен на излогот на продавницата од минатиот вторник. „Ние остануваме на нашиот став, без оглед што мислат другите за тоа“, нагласува Шулер.

Тој додава дека не верува во вакцините против корона затоа што, како што вели, не биле доволно тестирани.

„Не веруваме во овој лек“, категоричен е Шулер.

Сопствениците тврдат дека ја преживеале пандемијата без инфекција и дека сакаат тоа да остане така. „Ние сме здрави веќе една и пол година и сакаме тоа да остане така“, нагласува сопственикот на дуќанот.

Како што вели тој, бизнисот речиси пропаднал поради короната.

„Ние сме мала сезонска продавница и минатата година имавме пад на продажбата за 90 проценти“, посочува Шулер.

Сега кога им е овозможена работата, сопствениците велат дека сакаат да испратат јасна порака за тоа што го мислат.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет51 минута

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешно-политичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион59 минути

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија2 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет2 часа

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија3 часа

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет3 часа

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ18 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија20 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија21 час

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија23 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет23 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија23 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија23 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија1 ден

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет1 ден

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет1 ден

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет1 ден

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија2 дена

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет2 дена

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Досие