Свет
Поради поплавите, евакуирани 1.500 лица, се трага по две исчезнати лица во близина на градот Равена
Во италијанската провинција Емилија-Ромања, која беше погодена од поројни поплави предизвикани од обилните дождови, продолжува потрагата по две лица, кои беа пријавени за исчезнати во близина на градот Равена.
Речиси 1.500 жители се евакуирани од градот Бањакавал, а во сила е црвено предупредување за екстремни временски услови, кои, најверојатно, ќе траат до вечерва, соопштија локалните власти, а пренесува „Анса“.
Болоња, Чезена, Форли, Равена и Римини беа најтешко погодени од поплавите, а имаше и многубројни одрони, јавува „Танјуг“.
Училиштата сè уште се затворени во областа Равена и во неколку области околу Форли-Чезен.
Во мај 2023 година Емилија-Ромања беше погодена од поплави и одрони поврзани со врнежи, во кои загинаа 17 луѓе и предизвикаа штета од неколку милијарди евра.
Многу области, кои беа поплавени вчера, поради обилните врнежи веќе беа погодени од поплави во 2023 година.
Во меѓувреме, силен дожд го погоди и регионот Марке, особено градот Анкона, каде што се излеа реката.
Во Тоскана северниот дел на регионот Муџело е во состојба на готовност откако вчера беа затворени неколку провинциски патишта поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Господине Трамп, најдете си живот – Бајден лут поради коментарите на експретседателот за ураганот на Флорида
Американскиот претседател, Џо Бајден, одржа брифинг за новинарите за ураганот Милтон.
Тој рече дека обновата на погодената област ќе чини неколку милијарди долари и ќе трае долго.
Американскиот претседател се осврна и на коментарите на експретседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош, нарекувајќи ги „бизарни“.
Запрашан дали разговарал со Трамп, Бајден одговори: „Се шегуваш?“, а потоа му понуди совет на републиканскиот претседателски кандидат.
„Господине Трамп, најдете си живот за себе. Помогнете им на овие луѓе“, изјави Бајден од Вашингтон.
Свет
Расте бројот на мртви од ураганот на Флорида
Бројот на загинати во ураганот на Флорида, САД, се искачи на 11 лица, јавува „Ен-би-си њуз“.
Последната жртва е возач на автомобил врз којшто паднало дрво во округот Цитрус.
Претходно, два смртни случаи беа пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири беа предизвикани од торнада.
Регион
Вучиќ го пречека Ердоган на аеродромот: „Добредојдовте во Србија, драг пријателe“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на аеродромот Никола Тесла го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Според програмата на посетата, в петок во 11 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред палатата „Србија“, по што ќе следи средба на двајцата претседатели, јавуваат српските медиуми.
Потоа ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од двајцата претседатели.
„Добредојдевте во Србија драг пријателe. Вашата возвратна посета е уште една можност за дополнително зајакнување на нашите пријателски односи и соработка. Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, му порача претседателот Вучиќ на турскиот колега по пристигнувањето во Белград.
View this post on Instagram
Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.