Контакт

Европа

Поради страв од коронавирусот, политичарите смислуваат нови начини на ракување

Објавено пред

Целиот свет е во состојба на паника поради ширењето на коронавирусот. Повеќе од 3.000 луѓе починаа, а речиси 100.000 се заразени во светски рамки.

Стравот е оправдан, а последниве денови се забележува дека дури и на политичарите и на другите државни претставници не им е сеедно кога треба да се појават во јавност, па затоа некои смислуваат необични начини на поздравување.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, вчера се сретна со гувернерот до Вашингтон, а двајцата се поздравија со подлактниците.

Американските медиуми објавија многубројни фотографии на кои се гледа дека Пенс разменува ваков необичен поздрав со неколку официјални лица поради стравување од коронавирусот.

Меѓутоа, Пенс не е единствениот. Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, одби да се ракува со канцеларката Ангела Меркел.

На кусиот клип се гледа како Меркел се приближува кон Зехофер и му подава рака, а германскиот министер сигнализира дека не е заинтересиран поради што луѓето околу нив почнаа да се смеат.

Британската кралица Елизабета Втора пред некој ден носеше ракавици на собир во Бакингемската палата, па дури и наздравуваше со луѓето без да ги извади.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, престана да се ракува за време на предизборната кампања минатата недела, што се смета за сигнал за зголемена загриженост меѓу израелските претставници од избувнување на епидемија од коронавирусот.

Европа

Италија: Стабилен раст на новозаболени, воведени дополнителни мерки

Објавено пред

Растот на новозаболени со коронавирус во Италија е стабилен – во изминатите 24 часа се регистрирани 1.766 позитивни на коронавирусот.

Расте бројот на пациенти кои се лекуваат на единиците за интензивна нега, а во моментов има 254 од нив, а бројот на смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа е 17.

Последните денови, повеќе од сто илјади луѓе се тестираат на вирусот во Италија секој ден, а за време на викендите тој број е помал – во последните два дена биле тестирани 20.000 луѓе.

Најмногу заразени има во регионот Кампанија – 245 нови случаи.

Во таа, како и во другите италијански региони, е во сила одлуката да се носи заштитна маска на отворено, почнувајќи од деца постари од 6 години, забрането е собирање, а баровите и рестораните работат до 22 часот.

Во Сицилија, мерката ќе биде воведена на 1 октомври и ќе трае цел месец, најави претседателот на регионот, Нело Мусумечи.

Исто така, на островот, сите посетители и локалното население што се враќаат од други земји мора да подлежат на брз тест за корона вирусот и да се пријават преку интернет на веб-страницата на регионалната здравствена установа.

Според изјавата на владиниот техничко-научен комитет задолжен за следење на епидемијата на коронавирус, во повеќето италијански региони Rt факторот, кој ја покажува стапката на ширење на вирусот врз основа на голем број параметри, е под 1, во некои 0,95, а ако ја премине линијата 1, тоа е знак дека Ковид-19 започнал експоненцијално да се шири.

Од почетокот на пандемијата во Италија, вкупно 309.000 лица се заразија со коронавирусот, од кои сто илјади во провинцијата Ломбардија, која беше епицентар на инфекцијата на врвот на пандемијата.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата во Италија е 35.835, а оздравеле 224.417 пациенти кои биле заразени.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел го посетила Навални во болница

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел го посетила рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за време на закрепнувањето во берлинската болница „Шарите“.

Тоа укажува колку германската канцеларка сериозно и внимателно му приоѓа на овој случај, објавија германските медиуми.

Претставникот на Ангела Меркел не сакаше да ги коментира овие информации објавени од германски „Шпигел“.

Германската влада претходно соопшти дека тестовите спроведени во Германија, Франција и Шведска покажале дека Навални е отруен со нервен отров новичок и побара официјално објаснување од Кремљ.

Москва негираше каква било поврзаност со случајот.

Прикажи повеќе...

Европа

Нови 339 апсења на демонстранти во Белорусија

Објавено пред

Нерегистрираната белоруска организација за заштита на човековите права „Весна“ објави дека 339 лица биле лишени од слобода за време на вчерашните демонстрации во Белорусија.

Претходно, претставникот на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова, изјави дека безбедносните сили уапсиле околу 200 демонстранти за време на протестот, пренесува ТАСС.

Во извештајот на организацијата „Весна“ се наведува дека полицијата во неколку градови во Белорусија уапсила и истакнати белоруски новинари.

По официјалното објавување на резултатите од претседателските избори во Белорусија на 9 август и наводната убедлива победа на претседателот Александар Лукашенко, приврзаниците на неговата ривалка Светлана Тихановскаја одбија да го признаат поразот.

Оттогаш, во Белорусија се одржуваат протести, со чести судири меѓу демонстрантите и припадниците на белоруските безбедносни сили.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Притвор за десетмина дрвокрадци кои претепааа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион1 час

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Македонија2 часа

Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата

На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните...

Економија2 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница, ја разгледа Информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Свет2 часа

Ерменското Министерство за одбарана: Азербејџан претрпе големи загуби

Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Акркрун Ованисјан, изјави дека азербејџанската армија претрпела големи загуби во судирот во Нагорно-Карабах...

Македонија3 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија14 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија15 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион16 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет16 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет18 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ19 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија19 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија20 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ22 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа22 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет22 часа

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ24 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа1 ден

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет1 ден

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Досие