Свет
Поради турската офанзива во Сирија, раселени 70.000 деца

Речиси 70.000 деца се раселени од почетокот на турската офанзива во североситочниот дел на Сирија, соопшти меѓународната хуманитарна организација „Сејв д чилдрен“, а ОН наведува дека повеќе од 176.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.
Организацијата нагласи дека многумина од раселените нашле засолниште во речиси 25 училишта во градот Хасакех, југоисточно од областа каде што Турција на 9 октомври ја почна офанзивата против Курдите во североисточниот дел на Сирија.
Хуманитарната група тврди дека во тој град и околните области нема вода за пиење бидејќи во борбите се оштетени водните пумпи.
Директорката на тимот на таа група за реагирање во Сирија, Соња Куш, побара неограничен пристап до децата на кои им е потребна помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иранското МНР: Постигнат мал напредок во разговорите во Виена

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Катибзаде, изјави дека на преговорите што во моментот се водат во главниот град на Австрија, Виена, меѓу Техеран и светските сили во врска со нуклеарниот договор од 2015 година, е постигнат одреден напредок, пренесува ИРНА.
„Се движиме по вистинскиот пат и е постигнат одреден напредок, но сè уште не сме ја достигнале последната фаза. Сега сме во фаза кога треба да се преговара за тешки прашања. Никаде не брзаме. Немаме никакви директни или индиректни преговори со САД во Виена“, изјави Катибзаде.
Минатиот вторник Виена беше домаќин на разговорите насочени кон заживување на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили и кон враќање на САД на нуклеарниот договор.
Во 2018 година администрацијата на Трамп еднострано се повлече од нуклеарниот договор и повторно ги воведе санкциите за Иран претходно укинати според договорот. Како одговор Техеран ги намали своите обврски кон договорот и го зголеми збогатувањето ураниум на 20 отсто надминувајќи ја границата од 3,67 отсто утврдена со договорот.
Свет
Саудиска активистка ја доби европската награда за човекови права

Саудиската активистката за женски права, Луџаин ал-Хатлул, е одликувана со највисоката европска награда за човекови права само два месеца по излегувањето од затвор во својата татковина, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Наградата за човекови права „Вацлав Хавел“, именувана по славниот чешки дисидент, а подоцна и претседател, ја доделува Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на годишно ниво на личности што активно ги бранат човековите права во граѓанското општество.
Според изјавата објавена од ПССЕ, Хатлул е една од лидерките на саудиското феминистичко движење, која водеше кампања за ставање крај на машкиот систем на старателство и на забраната жените да возат автомобил, како и за поголема заштита на жените што се соочуваат со злоупотреба во кралството.
И покрај тврдењата на Саудиска Арабија за подобрување на правата на жените – жените сега може да возат автомобил – Хатлул беше уапсена во мај 2018 година заедно со други активисти.
По повеќе од две години притвор и многубројни пријави за тортура и сексуална злоупотреба во текот на притворот, таа беше осудена на пет години и осум месеци затвор кога беше обвинета за дела поврзани со тероризам во декември минатата година.
Поради делумно условната казна и веќе поминатото време во затвор, Хатлул беше ослободена во февруари. Како дел од условите за предвремено ослободување, Хатлул е на условна казна и ѝ е забрането да ја напушта земјата во период од пет години. Таа ја изгуби жалбата против казната и ограничувањата минатиот месец.
Вчера, на онлајн-церемонијата, сестрата на активистката, Лина ал-Хатлул, ги прими во нејзино име наградата и 60.000 евра што ѝ се доделени.
„Меѓународната поддршка е единствениот начин на кој можеме да ги обелодениме неправдите во мојата земја и да ги заштитиме жртвите“, рече Ал-Хатлул.
Европа
Советот на Европа ќе учествува во набљудувањето на изборите за Државната дума во Русија

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Хендрик Демс, во писмо до претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, ја прифати неговата покана да учествуваат во набљудувањето на изборите за Думата во септември, изјави спикерот на Државната дума за ТАСС.
„Хендрик Демс информираше за подготвеноста на Собранието да учествува во набљудувањето на претстојните избори за Државната дума“, рече спикерот.
Дополнително, продолжи тој, Демс се согласи со неопходноста од соработка на европските земји во борбата против пандемијата на коронавирус и обезбедувањето пристап со вакцините за сите граѓани.
Средбата на Володин и Демс се одржа на 15 март за време на посетата на претседателот на ПССЕ на Русија. Политичарите разговараа за можното присуство на набљудувачите на ПССЕ на изборите и борбата против пандемијата на Ковид-19, како и за промовирањето на руските вакцини на европскиот пазар.
Изборите за руска Државна дума ќе се одржат на 19 септември истовремено со регионалните и општински избори.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?