Контакт

Европа

Поразот на баварските избори – нов удар за владата на Меркел

Објавено пред

Конзервативната Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) – еден од сојузниците на германската канцеларка Ангела Меркел, загуби на регионалните избори во Баварија. Според резултатите, ЦСУ го загуби апсолутното мнозинство во јужната германска покраина освојувајќи само 37,2% од гласовите. „Зелените“ станаа втората најголема политичка сила со освоени 17,7% од гласовите. Зад нив, со 11,7% освоени гласови се „слободните избирачи“ и десно-популистичката Алтернатива за Германија (АфД) со 10,3%. Продолжува падот на поддршката за Социјалдемократската партија (СПД), која освои помалку од 10% од гласовите. И ФДП ја надмина потребната минимална граница од 5% за влез во парламентот.

„Секако не е лесно да се изолираме од она што се случува на национално ниво”, изјави премиерот на Баварија, Маркус Зедер, по објавувањето на резултатите. „Наш приоритет е што е можно побргу да се формира стабилна влада во Баварија, и ние ја прифаќаме таа задача”, додаде тој.

Според изборните резултати, на ЦСУ ќе ѝ треба коалициски партнер ако сака да продолжи да владее со најголемата германска покраина. Зедер има можност да влезе во партнерство со лево ориентираните „зелени“, иако двете страни отворено изразија резервираност во однос на ваков договор. Поконзервативна опција би била коалиција со „слободните избирачи“, за која Зедер силно наговести дека ја преферира. ЦСУ отфрла какво било партнерство со АфД.

Европа

Секретарот на Светата столица: Трамп сака да го искористи папата Франциско

Објавено пред

Државниот секретар за односи со Светата столица и надбискуп Пол Ричард Галагер ја обвини администрацијата на американскиот лидер Доналд Трамп дека сака да го искористи папата Франциско.

Според Галагер, администрацијата на Трамп тоа го прави со организирање симпозиум за верска слобода за време на посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Рим.

Галагер потврдно одговори на прашањето на „Анса“ дали организирањето симпозиум за верски слободи во американската амбасада во Ватикан претставува експлоатација на папата во последната фаза од американската претседателска кампања.

„Да, токму затоа папата нема да се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео“, рече Галагер.

За време на посетата Помпео разговараше со италијанскиот премиер Џузепе Конте, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо и со државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин, но не и со папата Франциско.

Неименувани извори од Ватикан изјавија дека состанокот со толку висок функционер од администрацијата на Трамп ќе биде несоодветен поради ближењето на изборите.

Прикажи повеќе...

Европа

„Твитер“ ја блокираше сметката на унгарската влада

Објавено пред

„Твитер“ ја блокираше официјалната сметка на унгарската влада без никакво образложение, објави на Фејсбук портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.

„Се чини дека дојде овој нов доблесен свет, во кој технолошките гиганти ги замолчуваат оние што имаат поинакво мислење. Ги презедовме потребните чекори и очекуваме официјално објаснување од Твитер“, рече Ковач, пренесува агенцијата МТИ.

Тој оцени дека тоа е многу интересно со оглед на фактот дека Европската комисија денес ќе го објави првиот извештај за владеењето на правото

Прикажи повеќе...

Европа

Доминик Рааб: Наша должност е да обезбедиме вакцините и тестовите за Ковид-19 да бидат достапни за сите

Објавено пред

„Наша должност е да ги обезбедиме вакцините, третманите и тестовите на Ковид-19 да бидат достапни за сите и да го запреме глобалното ширење на пандемијата, со што го штитиме британскиот народ и ќе го поставиме човештвото на патот за закрепнување“, истакна британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, во пресрет на виртуелното Генерално собрание на Обединетите нации за вакцини, терапија и дијагностика, на кое Обединетото Кралство е домаќин заедно со ОН.

„Соработката под покровителство на АКТ – Акцелераторот за пристап кон ковид-алатки – е битна за стимулирање на развој, производство и пристап за сите земји“, вели тој.

Обединетото Кралство е домаќин заедно со Светската здравствена организација, ОН и владата на Јужна Африка на виртуелниот настан, кој се одржува денеска, посветен на зближување на меѓународната заедница за АКТ – Акцелераторот за пристап кон ковид-алатки охрабрувајќи и други земји да дадат свој придонос. Настанот е дел од годинешното Генерално собрание на Обединетите нации и ќе биде водено од министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Доминик Рааб.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 час

Царовска по најавите за бојкот: Онлајн-наставата не е нечиј хир, туку препорака од експерти

По се погласните најави за бојкот на онлајн – наставата во школите во кои не е дозволено физичко присуство, министерката...

Регион2 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија3 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија3 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион4 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ5 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет5 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија5 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија6 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет7 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет7 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет21 час

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија22 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија22 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија22 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Досие