Контакт

Европа

Поранешен британски амбасадор во САД брутално претепан

Објавено пред

Сер Кристофер Маер, поранешен британски амбасадор во САД, е сместен во болница кога бил брутално претепан од две лица во лондонската метро-станица Викторија. Сопругата на 74-годишниот британски дипломат, бароницата Кетрин Маер, рекла дека повредите изгледаат како нешто што може да се види само во воена зона.

Британската сообраќајна полиција уапсила 15-годишна девојка и 16-годишно момче под сомнение дека предизвикале тешки телесни повреди. Тие не се идентификувани, ниту обвинети.

Нападот се случил вчера, а полицијата соопштила дека повредите не се опасни за животот.

Европа

Уапсен маж осомничен дека со нож прободел три жени во Нирнберг

Објавено пред

Германската полиција соопшти дека во притвор задржала маж осомничен за нападот со нож врз три жени во Нирнберг.

Трите жени во овој германски град беа прободени со нож вчера во одделни напади, а полицијата соопшти дека уапсила 38-годишен маж под сомнение дека е поврзан со тие напади.

Агенцијата АП забележува дека ниту една од жените повредени во нападите не е во состојба опасна по живот.

Германската полиција вчера соопшти дека не ја исклучува можноста исто лице да ги извршило сите три напади.

Полицијата, исто така, рече дека нема индикации оти нападите имаат никаква врска со тероризам.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Посетители и животни евакуирани поради пожар во зоолошка градина во Британија

Објавено пред

Поради пожар во зоолошката градина во Честер, една од најголемите во Велика Британија, евакуирани се посетителите, а животните од нивните загрозени живеалишта се пренесени на безбедно место.

Пожарот избувнал во објектот тематски посветен на монсунската шума, каде што животните живееле во суптропски услови. За ширењето на пожарот придонел и ветрот.

Зоолошката градина соопшти дека соработува со службите за итни интервенции за да се стави ситуацијата под контрола, објави агенцијата АП.

„Орангутантите од Суматра и другите цицачи, кои се најранливи, се сите на број. Напорно работиме за прецизно да ги преброиме сите останати видови“, соопшти градината во објава на „Твитер“.

Во зоолошката градина, отворена во 1931. година, има околу 15.000 животни, вклучувајќи и околу 500 различни видови, од кои половина се сметаат за загрозени.

Прикажи повеќе...

Европа

Уставноста на законот за забрана на малолетнички бракови во Германија доведенa во прашање

Објавено пред

Врховниот суд на Германија го доведе во прашање законот за забрана на бракови на малолетници и нареди проверка на неговата уставност, објавија германските медиуми.

Врховниот суд заклучи дека законот за забрана на бракови со малолетни лица, кој беше донесен во 2017 година како реакција на доаѓањето на голем број на бегалци од култури каде што ваквите бракови се честа појава, не е во согласност со уставните одредби за заштита на семејството и бракот.

Според овој закон, сите бракови со малолетници во Германија се автоматски неважечки.

Во конкретниот случај кој го резгледува судот, се работи за девојка од Сирија која во 2015. година на 14-годишна возраст е омажена со нејзиниот 21-годишен братучед. По пристигнувањето во Германија, во екот на бегалската криза, Канцеларијата за заштита на деца и млади го презела старателството врз малолетната Сиријка, на што сопругот поднел жалба до Врховниот покраински суд во Бамберг, кој заклучил дека тоа не е принуден брак и истиот го прогласил за важечки.

Но, овој брак автоматски станал неважечки по стапувањето во сила на новиот закон.

Експертите уште пред донесувањето на законот ги критикуваа неговите бројни пропусти, кои се однесуваат на заштитата на малолетните брачни партнери (обично девојчиња) откако бракот во Германија автоматски ќе стане неважечки.

Законот не го дефинира односот кон децата родени во овие бракови, ниту материјалната сигурност на малолетните брачни партнери кои одеднаш се наоѓаат под државна заштита.

Врховниот суд смета дека новиот закон отвора ризик за полигамија. Оваа правна истанца смета дека со цел заштита на малолетните брачни другари треба да се одлучува за секој случај поедничено, така што правата на малолетникот да не бидат повредени.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 минути

Во една вечер, тројца пешаци тешко повредени во три сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Македонија1 час

Се преврте македонски автобус во Србија – тројца загинаа, 30 повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а 30 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот кај Лесковац во...

Регион15 часа

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија16 часа

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ18 часа

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија19 часа

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија20 часа

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“21 час

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Регион21 час

Мицотакис: Никогаш нема да го ратификуваме Договорот од Преспа

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту...

Македонија22 часа

Почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

На 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека...

Македонија22 часа

Операцијата во Германија успешно заврши, Сара Настеска се чувствува добро

Успешно заврши трансплантацијата на коскена срцевина на 15-годишната охриѓанка  Сара Настеска во Германија. ,,Добри вести стигнуваат од Германија. Успешно е...

Топ23 часа

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми пронајдени кај двајца велешани

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од...

Македонија24 часа

Мицкоски: Заев како опозиционер се перчеше, а сега не сака да излезе на дебата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на...

Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Буково и Плетвар

Сообраќајот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатната рампа Градско, е целосно нормализиран , информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

ЗНМ бира претседател – во трка Чадиковски и Наумов

ЗНМ денеска бира нов претседател. Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во со почеток во 10 часот во спортската...

Европа2 дена

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија2 дена

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Европа2 дена

Кнајсл: Мирот не се постигнува со формирање војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата што претседава со ЕУ, Карин Кнајсл, оцени дека денешната одлука за трансформација на...

Македонија2 дена

(Видео) Дебата: Невладините се судрија со власта – „План има, пари нема, помина и оваа зима во чад и задушување“

Во дебатната емисија на „Макфакс“, на која се говореше за проблемот со аерозагадувањето, претставници на невладиниот сектор се судрија со...

Македонија2 дена

Амнестијата ќе донесе и помали затворски казни, дали ќе се менува обвинението?

Кој сè ќе може да побара амнестија од учесниците во настаните на 27 април, најверојатно, ќе биде познато в понеделник,...

Досие