Свет
Поранешен војник осуден на 5.160 години затвор во Гватемала

Судот во Гватемала осуди поранешен војник на 5.160 години затвор поради масакр на 171 човек – едно од најголемите злосторства во 36-годишната граѓанска војна во таа земја.
Според обвинителите, Сантос Лопез учествувал во масовните убиства во 1982 година речиси на сите мажи, жени и деца во земјоделското село Дос Ерес. Тој е обвинет дека бил дел од елитната специјална единица што била пратена во Дос Ерес да ги пронајде припадниците на герилската група. Кога единицата не ги пронашла герилците или оружјето, ги извлекле селаните од своите домови и, според обвинителите, силувале многу девојки. За да го прикријат силувањето, ги убиле речиси сите што живееле таму.
Масакрот е извршен за време на режимот на поранешниот воен диктатор Ефраин Риос Монт, кој умре во април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Бајден не’ доведе до работ на третата светска војна

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го прозва својот наследник Џо Бајден за неговата политика кон војната во Украина. Трамп порача дека тој би преговарал со Русите и дека мировниот договор ќе биде потпишан во рок од 24 часа.
„Џо Бајден преку слабост и неспособност нè доведе до работ на третата светска војна. Добро ме слушнавте, ние сме на работ на третата светска војна. Кога повторно ќе бидам претседател, ќе го вратам мирот“, рече Трамп.
Инаку, тој ја започна предизборната кампања откако претходно ја објави кандидатурата за враќање во Белата куќа.
На Трамп неодамна му беше дозволено да се врати на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, од кои беше избркан поради инвазијата на неговите приврзаници во Капитол пред две години. Тој веќе можеше да се врати на својот омилен Твитер, бидејќи мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.
Свет
Украинците тврдат дека Русите погодиле болница, се споделуваат вознемирувачки сцени

Според локалните власти, три лица загинале, а пет се повредени по руското гранатирање на Херсон.
Регионалната воена управа на Херсон на својот канал Телеграм објави дека цел на руските сили биле болница, училиште, автобуска станица, пошта, банка и станбени згради.
Се наведува дека има тројца загинати и пет повредени.
Меѓу повредените е и медицинска сестра која работела во регионалната болница, изјави Јури Соболевски, заменик-шеф на Регионалниот совет на Херсон.
На социјалните мрежи се шират страшни слики наводно направени во болница. Една од тие слики покажува уништена соба на пациентот со крвави траги на креветот и многу крв на подот.
И Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, објави дека Русите ја нападнале болницата во Херсон и сподели слики на социјалните мрежи.
Russia continues shelling Kherson. This time it attacked a hospital. There are dead and wounded, their number is being verified.
Terrorist state continues attacking civilians . pic.twitter.com/sGta6oPqDj
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 29, 2023
Свет
(Видео) Разорни поплави во Нов Зеланд, има загинати

Разорните поплави во Нов Зеланд продолжија и денес по обилните дождови што ја зафатија земјата, кои предизвикаа лизгање на земјиштето, поројни поплави и уривање на патишта.
Окленд, најголемиот град во Нов Зеланд со 1,6 милиони жители, остана во вонредна состојба откако во петокот го погодија невидени врнежи, предизвикувајќи поплави во кои досега загинаа четири лица, објавин „Би-би-си“.
Оттогаш, фокусната точка на вонредната состојба се пресели на југот на земјата.
Округот Ваитомо, кој се наоѓа на околу 220 километри од Окленд, доцна синоќа прогласи вонредна состојба.
Метеоролозите не се оптимисти и тврдат дека лошите временски услови околу Окленд ќе траат до вторник, 31 јануари, се вели во соопштението на метеоролошката служба Метсервис.