Свет
Шредер: Путин сака да преговара за решение за Украина

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој е и пријател на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека шефот на Кремљ сака да преговара за решение на војната во Украина.
– Добрата вест е дека Кремљ сака договорено решение. Првиот успех е договорот за житото, кој можеби полека може да се прошири до прекин на огнот – рече Шредер.
Тој додаде дека минатата недела се сретнал со Путин во Москва.
Да потсетиме, Русија и Украина постигнаа договор за деблокирање на извозот на жито од пристаништата на Црното Море, а во Турција синоќа пристигна првиот брод што превезува украинско жито на светските пазари од почетокот на инвазијата.
Поранешниот германски канцелар порача дека решението за важните прашања, како што е Крим, треба да се најде со текот на времето, во следната генерација. Тој предложи модел на швајцарски кантон за иднината на регионот Донбас, додавајќи дека ќе треба да види дали Путин ќе се врати на предвоената контактна линија во прекинот на огнот.
Инаку, Шредер ја критикуваше војната во Украина, но не го осуди рускиот претседател Владимир Путин, кој го нареди нападот на 24 февруари, пренесе Аваз.ба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Захарова: Ерменците не беа предадени од Москва, туку од Брисел

Русија не ја предаде Ерменија, тоа го направи ЕУ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа истакна дека Брисел нема намера да го олесни примирјето и да обезбеди хуманитарна помош.
Според неа, ЕУ гледала од страна додека руските мировници дејствувале како посредници во постигнувањето на примирјето и не покажале знаци на намера да пружат каква било практична помош.
Захарова рече дека Брисел немо гледал од страна, додека претставниците на Русија организирале обезбедување хуманитарна помош за Нагорно Карабах и ги придружувале жителите на Карабах на пат кон Ерменија, по деблокирањето на коридорот Лачин.
„Брисел ги поттикнува ерменските граѓани и им кажува измислени приказни за тоа како Русија наводно ги предала. ЕУ е таа што го убедила Ереван да не го почитува договореното со посредство на Русија, ги предаде Ерменците“, нагласи Захарова.
Захарова истакна дека мисијата на ЕУ во Ерменија не носи ниту деескалација, ниту стабилност и дека главната цел на мисијата не е безбедност или помош во нормализирање на односите меѓу Баку и Ереван, туку разузнавачко набљудување и дестабилизација, пренесе ТАСС.
„Прво ја бодреа Ерменија и ветуваа, а потоа немо гледаа како се развива ситуацијата. Западот е тој што го оддалечи Ереван од патот на спроведување на договорите постигнати со посредство на Москва“, заклучи Захарова.
Регион
(Видео) Вучиќ им порача на граѓаните: Држете ја главата горе, да се бориме уште посилно за нашата Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им порача на граѓаните дека уште посилно ќе се бори за Србија.
View this post on Instagram
„Мојата порака до граѓаните на Србија е да ја кренеме главата и да се бориме, да се бориме за нашата Србија уште посилно. Да работиме понапорно. Да ја заштитиме нашата земја на секое место, да ја чуваме нашата земја“, напиша Вучиќ на својот инстаграм-профил.
Свет
„Политико“: ЕУ се подготвува да почне преговори со Украина

Официјалните лица на ЕУ се подготвуваат да почнат преговори со Украина за нејзиниот иден влез во Унијата, пишува американскиот весник „Политико“ повикувајќи се на извори.
Соговорниците на изданието рекоа дека лидерите на земјите од ЕУ се подготвуваат да му дадат зелено светло на Киев за почеток на официјални преговори за приклучување кон Унијата до крајот на годинава.
„Политико“ пишува дека Европската комисија треба да објави извештај за напредокот за тоа колку Украина и другите кандидати за членство ги исполнуваат барањата на ЕУ за влез во блокот.