Европа
Поранешен руски професор по историја осуден за убиство на студентка

Судот во Санкт Петербург го осуди историчарот Олег Соколов на 12 и пол години затвор за убиство на студентката и негова љубовница Анастасија Јешченко, како и за незаконско поседување на оружје.
Поранешниот професор по историја (64) на Универзитетот во Санкт Петербург во ноември минатата година беше затекнат покрај река, со ранец, во кој биле отсечените раце на Анастасија Јешченко (23), негова тогашна партнерка и студент на постдипломски студии.
Соколов признал дека ја убил Јешченко за време на нивна расправија, а потоа ѝ ги отсекол главата, рацете и нозете.
Тој важи зе експерт за битките на Наполеон, а добитник е на престижната француска награда Легија на честа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го приведат.
Полицијата во Франкфурт преку твит соопшти дека ниту една жртва на нападот не е во животна опасност.
Тие не објавија никакви детали за напаѓачот, ниту, пак, кажаа колку лица се повредени.
Локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил во близина на главната железничка станица во градот и дека жртвите биле пренесени во блиските болници, пренесува АП.
Европа
Шведска ги запре плаќањата кон „Фајзер“

Шведската здравствена агенција објави дека ги запрела плаќањата кон компанијата „Фајзер“ и бара појаснување за количините на дози на вакцина против Ковид-19 во едно шишенце, пишува весникот „Дагенс Нихетер“.
Шведска побара објаснување откако „Фајзер“ објави дека секое шише содржи шест дози, а не пет, како што е договорено.
Официјален Стокхолм сега сака Европската комисија и „Фајзер“ да постигнат договор за тоа колку дози вакцина содржи едно шишенце.
„Дотогаш, ја известивме компанијата дека треба да почекаме со плаќањата додека не добиеме појаснување за тоа на што се однесуваат“, рече главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел.
Од канцеларијата на „Фајзер“ во Шведска одбија да ги коментираат наводите на шведскиот весник за „Ројтерс“, но на „Дагенс нихетер“ му беше кажано дека се наплатуваат шест дози по шишенце.
Европа
Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на бразилскиот вид на Ковид-19. За еден ден, во Италија имало 420 смртни случаи и 8.000 нови случаи на инфекција со Ковид-19, пишува агенцијата Анса.
„Доколку се зголеми бројот на лица заразени со бразилскиот вид на Ковид-19, потребно е веднаш да се воведе строг карантин, да се затвори сè, бидејќи вакцината што се користи во моментов не е ефикасна против таа варијанта на вирусот“, тврди вирусологот Андреа Крисанти, директор на микробиологија на Универзитетот во Падова.
Во Италија, граѓаните се вакцинираат само со вакцината на „Фајзер“, американски производител што ја намали испораката на договорените количини на лекот.Италијанската влада затоа покрена законски мерки против производителот на Фајзер-Бионтек, бидејќи намалувањето на испорачаните количини го компромитира владиниот план за масовно вакцинирање на населението.
Во меѓувреме, Европската Унија воведе ознака, темноцрвена, за деловите од земјите членки каде, според проценките, најголема е опасноста од ширење на инфекцијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот