Свет
Поранешен стражар во нацистички логор се соочува со пресуда пред германскиот суд

Завршните аргументи на обвинителството ќе бидат сослушани денеска на судењето на 93-годишниот поранешен нацистички стражар во концентрационен логор за соучесништво во убиството на повеќе од 5.000 лица за време на Втората светска војна, пренесува „Војс оф Америка“.
Во она што би можело да биде еден од последните вакви случаи на преживеани нацистички чувари, Бруно Деј е обвинет за соучесништво во убиството на 2.230 лица додека работел во логорот „Штутхоф“ во близина на тогашниот Данзиг, сега Гдањск во Полска.
Деј, кој се појави на суд во инвалидска количка, негира дека сноси вина за тоа што се случило во кампот. Неговата одбрана тврди дека тој не им се приклучил на СС доброволно пред да служи во логорот од август 1944 до април 1945 година, а таму бил назначен бидејќи поради проблеми со срцето не можел да биде во првите борбени редови.
Но, обвинителите тврдат дека неговото учество било клучно за убиствата бидејќи периодот додека бил во СС се совпаѓа со наредбата „Конечно решение“ за системско истребување на Евреите преку гасни комори, изгладнување или непружање медицинска нега.
На Деј му се суди на малолетнички суд затоа што тој во времето на злосторствата имал 17 или 18 години. На неговото сведочење во мај, Деј пред судот изјави дека сака да го заборави времето поминато во кампот.
„Не сакам да се потсетувам на минатото“, рече тој пред трибуналот во Хамбург.
Судијката Ана Мејер-Геринг праша дали Деј разговарал со своите деца и внуци за времето кога бил чувар во „Штутоф“.
„Не сносам никаква вина за тоа што се случи тогаш. Не придонесов ништо за тоа, освен тоа што чував стража. Но, бев принуден да го сторам тоа, тоа беше наредба“, рече Деј.
Деј минатата година призна дека бил свесен за гасните комори во кампот и дека видел прегладнети луѓе, луѓе кои страдале, но тврдел дека тој не е виновен.
Нацистите го основаа логорот „Штутхоф“ во 1939 година првично за приведување на полските политички затвореници. Но, во него завршија 110.000 затвореници вклучително и многу Евреи. Околу 65.000 луѓе умреа во кампот.
Деј, кој сега живее во Хамбург, станал пекар по војната. Оженет, татко на две ќерки, тој ги надополнувал своите приходи работејќи како возач на камион, а потоа и на одржување на зградите.
Тој влезе во фокусот на обвинителите по пресудата од 2011 година против поранешниот чувар на логорот „Собибор“, Џон Демјанук, врз основа на тоа дека бил дел од нацистичката машинерија за убивање. Оттогаш Германија се бори да ги осуди преживеаните припадници на СС по тој основ наместо за убиства или злосторства директно поврзани со обвинетиот.
Демјанук беше осуден за соучесништво во убиството на речиси 30.000 Евреи во логорот „Собибор“. Тој почина чекајќи одговор на неговата жалба. Судот пресуди дека како чувар во кампот, тој автоматски бил вмешан во убиствата извршени во тоа време.
Случајот постави нов правен преседан и предизвика неколку понатамошни пресуди на нацистичките офицери, вклучително и онаа за „книговодителот на Аушвиц“, Оскар Гронинг, кој почина на 96 години пред да да биде затворен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Полицијата ги растури демонстрациите во Амстердам

Холандската полиција употреби водени топови против скоро 2.000 демонстранти во Амстердам кои протестираа против владините рестриктивни мерки. Мерките се воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Демонстрантите се собраа на плоштадот пред Рајкс музејот и музејот Ван Гог, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Слобода: Стоп за окупацијата“ и извикувајќи „Ние сакаме слобода“, пренесува Ројтерс. Безбедносните сили уапсија околу 100 демонстранти.
Ниту еден од демонстрантите не носеше маски задолжителни на јавни места и ретко кој го почитуваше правилото за физичка оддалеченост, што предизвика реакција од полицијата, се вели во соопштението на градските власти на Амстердам.
Свет
Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување на кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија на аеродромот Шереметјево, ќе биде во затвор до следната судска одлука.Службата објави дека за Навални е распишана потерница на 29 декември 2020 година, за „повеќекратно кршење на правилата“ додека тој беше под условна казна.
„Понатамошната мерка ќе ја одреди судот, а дотогаш тој ќе биде во затвор“, се наведува во соопштението.
Портпаролката на Навални, Кира Јармиш на Твитер изјави дека на Навални не му била соопштена причината за апсењето при пасошката контрола и дека ниту неговата сопруга Јулија и неговиот адвокат не смееле да одат со него.
„Што се случува со него и каде го одведоа, не знаеме“, изјави таа.
Противникот на Кремљ престојуваше во Германија, каде беше префрлен во август откако м се слоши за време на летот кон Сибир.Лабораториите во Западна Европа заклучиле дека Навални бил отруен со нервен агенс новичок. Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека нарачал негово труење и убиство.Кремљ ги негираше обвинувањата.
Свет
Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозиинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано против Ковид-19, изјави австралиски здравствен службеник во понеделникот, иако земјата во моментов не ниту еден локален случај на коронавирус.
Австралиските власти ги разгледуваат и потенцијалните негативни ефекти од вакцината „Фајзер“ откако Норвешка пријави неколку смртни случаи на постари лица откако ја примиле вакцината.
„Дури и ако имаме голем дел од популацијата којашто е вакцинирана, не не знаеме дали тоа ќе спречи пренесување на вирусот“, рече официјалното лице.
Австралија, која успеа да се справува со коронакризата подобро од многу други држави преку насочени затворања, голема стапка на тестирање и барања на контактите, денеска објави нула локални случаи на коронавирус.Државата Викторија, која е домаќин на Австралија опен, информираше за четири позитивни случаи кај странски патници, сите поврзани со тенис, од вкупно девет. Случаите ги поттикнаа властите да испратат три чартер летови на Австралија опен во карантин, принудувајќи повеќе од 70 играчи во 14-дневна изолација во хотелските соби.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира