Контакт

Свет

Поранешниот малезиски премиер мора да плати приближно 400 милиони долари даночен долг

Објавено пред

Малезискиот суд му нареди на поранешниот премиер Наџиб Разак да плати повеќе од 397 милиони долари неплатен данок за седумте години додека бил на власт, пишува државната новинска агенција „Бернама“.

Наџиб ги загуби парламентарните избори во 2018 година поради негодувањата во јавноста поради наводно распространетата корупција во неговата влада. Тој се соочува со повеќе обвиненија за корупција и злоупотреба на службената должност поврзани со кражба на милијарди долари од државниот фонд за развој (1МДБ), наведуваат малезиските обвинители.

Посебна истрага од Министерството за правда на САД беше спроведена и за да се открие кој имот е купен со наводно украдени средства од 1МДБ, најголемиот случај што одделот го истражувал како дел од својата програма за истрага за клептократија.

Наџиб ги негира сите обвиненија.

Судијата на Врховниот суд, Ахмад Баче, изјави дека поранешните премиери не се ослободени од плаќање данок и дека Наџиб мора да го намири својот долг кон владата, пишува „Бернама“.

Даночните власти поднеле тужба против Наџиб за неплатен поврат на данок помеѓу 2011 и 2017 година вклучувајќи казни и затезна камата.

Наџиб беше премиер од 2009 до 2018 година. Тој го основа фондот „1МДБ“, од кој беа украдени околу 4,5 милијарди долари, наведуваат американските и малезиските власти.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Глечер на Монблан само што не се распаднал, итно се евакуира населението

Објавено пред

Дел на глечерот „Грандес Џoрасес“ во италијанскиот дел од масивот Монблан само што не се распаднал заради топлината, поради што започна евакуација на десетици жители и туристи, објавија локалните власти.

Околу 500.000 кубни метри мраз се одвоиле од глечерот „Планпинкикс“, во областа Курмајер, се наведува во соопштението од општината во регионот Вал д’Аоста, кој граничи со Франција.

Властите се загрижени поради високите температури.

Неколку патишта што водат кон долината Вал Ферет се затворени. Властите наредија евакуација на околу 30 куќи во „црвената зона“ во долниот дел на Вал Ферет.

Од полицијата и цивилната заштита од утрово спроведуваат операции за евакуација и безбедност, додека локалните власти се загрижени за високите температури наредните три дена.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија воведува задолжително тестирање на повратници од области со висок ризик

Објавено пред

Германија од сабота воведува задолжително тестирање за „Ковид-19“ за сите патници кои се враќаат од подрачја со висок ризик, со што ги спасува од задолжителниот карантин, рече министерот за здравство.

„Од сабота, секој што се враќа од ризичните подрачја мора да се подложи на тестирање. Односно, секој што се враќа од такво подрачје, мора да има потврда за негативен резултат на тестот (не постар од 48 часа) или да биде тестиран овде“, изјави Јенс Спан на прес-конференција во Берлин.

Досега сите што се враќаа од подрачјата со висок ризик, меѓу кои се главно земјите надвор од Европската Унија, но и трите шпански покраини (автономните заедници Арагон, Каталонија и Навара), а од среда и белгиската провинција Антверпен, мораа да бидат во 14-дневен карантин во Германија доколку немаа потврда за негативен резултат на тестот кој е бесплатен.

Со задолжителното тестирање Германија се определи за „безбедност“.

Трошоците за тестирање ќе ги сноси владата, што е прашање на солидарност, истакна министерот.

Прикажи повеќе...

Свет

Уапесен мигрант кој двапати вандализирал грчка катедрала

Објавено пред

Грчката полиција уапсила 38-годишен алжирски мигрант кој предизвикал штета на една катедрала двапати за помалку од една недела, пренесува „Прото Тема“.

За мигрантот се вели дека во неделата ја нападнале митрополиската црква Агиос Минас, катедрала во Хераклион, најголемиот град на островот Крит. Тој фрлал камења и ги оштетил витражните прозорци на катедралата, а го оштетил и прозорецот на книжарницата на Архиепископијата на Крит.

Мигрантот потоа се вратил во катедралата во вторникот наутро вооружен со чекан и почнал да крши една врата. Полицијата ги анализирала видео-снимките и успеала да го идентификува алжирскиот државјанин и да го смести во притвор.

Инцидентот е последниот чин на вандализам насочен кон црква во Грција од страна на мигрант. Минатиот месец двајца мигранти беа уапсени на островот Хиос откако ограбиле православна христијанска црква одземајќи пари и разни свети предмети.

Пред само еден месец, полицијата во Солун уапси 36-годишен мигрант од Казахстан, кој е осомничен за кражба на стока од неколку цркви во околината во вредност од дури 50,000 евра.

Грција не е единствената земја во Европа што сведочи на антихристијански напади врз цркви и други места на богослужба. Вандализмот и кражбите во црквите низ Франција станаа вообичаени, при што во еден извештај се вели дека во земјата секој ден има дури три напади на христијански места, вклучително и сквернавење на гробишта.

Последниот напад се случи минатиот месец во градот Нант, при што еден мигрант од Руанда подметна пожар во катедралата Свети Петар и Свети Павле.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион44 минути

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија1 час

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија2 часа

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија2 часа

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за месеците април,...

Свет4 часа

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет5 часа

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет5 часа

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет5 часа

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет19 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет19 часа

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет19 часа

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на ковид-19, што е далеку од колективен умунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион20 часа

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет21 час

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија1 ден

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија1 ден

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ1 ден

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет1 ден

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија1 ден

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет1 ден

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет1 ден

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Досие