Контакт

Свет

Поранешниот полицаец призна вина за скратување на граѓанските права на Џорџ Флојд

Објавено пред

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Човин, денеска пред сојузниот суд во Минесота призна дека му ги прекршил граѓанските права на Афроамериканецот Џорџ Флојд при апсењето, што заврши со негова смрт, со тоа менувајќи ја неговата изјава од септември кога рече дека не се чувствува виновен по таа точка од обвинението.

dobivaj vesti na viber

На 45-годишниот Човин му се заканува максимална казна доживотен затвор иако обвинителите би можеле да побараат и полесна казна бидејќи тој ја призна вината.

Човин од државниот суд е веќе осуден на 22 и пол години затвор за убиството на Флојд во 2020 година.

Човин и уште тројца полицајци, Томас Лејн, Џ. Александар Куенг и Ту Тао, го уапсија Флојд под сомнение дека користел фалсификувана банкнота од 20 долари.

Лејн, Куенг и Тао се обвинети пред државниот суд за помагање во убиството и нивното судење треба да почне во март.

Освен на државно ниво, сите четворица се обвинети и на сојузно ниво под сомнежи дека на Флојд му ги скратиле неговите граѓански права бидејќи не му укажеле медицинска помош.

Човин на федерално ниво е обвинет и за кршење на правото на Флојд да не биде неоправдано приведен со употреба на прекумерна сила. Тао и Куенг се обвинети на федерално ниво дека го прекршиле правото на Флојд да не биде неоправдано приведен, со тоа што не интервенирале и не го оттргнале Човин додека клечел врз вратот на жртвата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Патрушев: Земјите од НАТО се страна во конфликтот во Украина

Објавено пред

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, смета дека земјите од НАТО се страна во конфликтот во Украина.

dobivaj vesti na viber

Земјите на НАТО ја направија Украина еден голем воен камп, не криејќи ја својата главна цел – да ја поразат Русија на бојното поле, а потоа да ја распарчат – рече Патрушев во интервју за руска „Газета“.

„ Тие (земјите од НАТО) испраќаат оружје и муниција на украинските војници, им обезбедуваат разузнавачки информации, вклучително и помош од сателити и значителен број беспилотни летала – рече Патрушев, пренесува РИА Новости.

Тој изјави дека инструктори и советници на НАТО ја обучуваат украинската армија, додека, како што рече, „платеници се борат како дел од неонацистичките баталјони“.

Патрушев рече и дека Соединетите Американски Држави одамна станале шампиони по бројот на започнати војни во различни делови на светот и нарушување на суверенитетот на другите земји.

Прикажи повеќе...

Европа

Сообраќаен колапс во Германија-Поради генералниот штрајк, возовите, автобусите и авионите не сообраќаат

Објавено пред

Генералниот еднодневен штрајк во транспортниот сектор во Германија, целосно го парализираше железничкиот, воздушниот и поморскиот сообраќај.

dobivaj vesti na viber

Штрајкуваат членовите на синдикатот на вработените во јавниот сектор „Верди“ и синдикатот на железничарите. Штрајкот го зафати целиот меѓуградски железнички сообраќај, речиси целиот градски сообраќај и повеќето аеродроми. Штрајкот го опфаќа и водениот сообраќај во Германија и автопатиштата.

Синдикатите бараат повисоки плати, особено изедначување на негативниот ефект на инфлацијата врз реалните плати. Синдикатот „Верди“ бара зголемување од 10,5 отсто за своите 2,5 милиони вработени.

И покрај штрајкот, нема затворање на тунелите на автопатиштата, пренесува германски „Билд“.

„Работата на тунелите на автопатиштата е загарантирана во понеделник. Синдикатот склучи договор за итни услуги со работодавачот „Autobahn GmbH“ во текот на викендот“, рече Пол Шмит, раководител на регионалниот оддел на синдикатот.

Аеродромот во Франкфурт е затворен.

Во текот на денот ширум Германија ќе се одржат повеќе од 50 протестни собири. Според синдикатот на железницата „ЕВГ“, повеќе од 30.000 вработени на околу 350 локации низ Германија штрајкувале во раните утрински часови.

„Германија стои во место бидејќи работодавците го отфрлаат договорот“, рече членот на колективниот одбор за договарање на „ЕВГ“, Кристијан Лорох.

Прикажи повеќе...

Свет

Нуклеарната актовка е секогаш кај Путин: во Европа расте загриженоста од оружјето на рускиот претседател

Објавено пред

Најавата на Путин дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија предизвика загриженост низ цела Европа.

dobivaj vesti na viber

Оружјето што Путин го распоредува во Белорусија не е стратешко нуклеарно оружје, тоа не се интерконтинентални балистички ракети кои можат да го уништат животот на Земјата, пишува „Ал Џезира“.

Тактичкото нуклеарно оружје (TNW) се преносливи, нестратегиски нуклеарни боеви глави кои се користат за специфични тактички придобивки од првата линија. Аналитичарите го опишуваат тактичкото нуклеарно оружје како наменето за победа во битки, додека стратешкото оружје е наменето за победа во војни.

Тактичкото нуклеарно оружје има помала експлозивна моќ од стратешкото оружје, што би можело да ги направи воено покорисни и помалку политички неприфатливи, а со тоа и поголема е веројатноста да се користи. Иако тактичкото нуклеарно оружје има помала експлозивна моќ од стратешкото оружје, употребата на само една нуклеарна боева глава би имала катастрофални хуманитарни последици.

Атомската бомба што САД ја фрлија врз јапонскиот град Хирошима во 1945 година беше моќна околу 15 килотони и уби 140.000 луѓе. Тоа е со големина на едно од најмалите оружја во сегашниот руски арсенал.

Малкумина знаат точно колку TNW има Русија. Сепак, јасно е дека Русија има огромна нумеричка супериорност во однос на сојузниците на САД и НАТО кога станува збор за тактичкото нуклеарно оружје. Вашингтон верува дека Русија има околу 2.000 такви нуклеарни боеви глави, 10 пати повеќе од САД.

САД имаат околу 200 такви оружја, од кои половина се наоѓаат во базите во Европа. Овие нуклеарни бомби Б61, кои се движат од 0,3 до 170 килотони, се распоредени во шест воздушни бази низ Италија, Германија, Турција, Белгија и Холандија.

Според руската нуклеарна доктрина, рускиот претседател е крајниот одлучувач кога станува збор за употребата на руското нуклеарно оружје, без разлика дали е стратешко или тактичко. Таканаречената нуклеарна актовка е секогаш кај Владимир Путин.

Се верува дека такви актовки имаат и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов.

Актовката е поврзана со специјален комуникациски систем со кодно име „Кавказ“, кој поддржува комуникација меѓу високи владини претставници во моменти кога се носат одлуки за употреба на нуклеарно оружје. Ако Русија верува дека се соочува со стратешки нуклеарен напад, Путин би можел да користи актовка за да испрати директна наредба за лансирање до командата на Генералштабот, која ги има нуклеарните шифри.

Путин се закануваше на можноста за нуклеарна војна во изминатата година, речиси секој пат кога неговата воена операција во Украина ќе попушти. Тоа би можело да објасни зошто токму сега реши да распореди оружје во Белорусија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Видео) Приведени 18 навивачи по инцидентите на натпреварот Вардар-Пелистер во Аеродром

Полицијата приведе 18 навивачи по инцидентите во салата „Јане Сандански“ каде имаше дерби во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар...

Свет43 минути

Нуклеарната актовка е секогаш кај Путин: во Европа расте загриженоста од оружјето на рускиот претседател

Најавата на Путин дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија предизвика загриженост низ цела Европа. Оружјето што Путин го...

Европа58 минути

(Видео) Шест девоjчиња загинаа во несреќа во Америка-Телата пронајдени покрај превртеното возило

Шест девојчиња загинаа, а други две лица се повредени во судир на меѓудржавниот пат во Тенеси. До превртеното возило биле...

Свет2 часа

Драматична сцена во авион во САД: Патник сам ја отворил вратата

Патник на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ е уапсен откако сам ја отворил вратата од авионот и се спуштил на тобоганот...

Свет2 часа

Хаос на улиците во Израел: Демонстрантите се упатија кон резиденцијата на Нетанјаху

Претседателот на Израел Исак Херцог ја повика владејачката коалиција веднаш да се откаже од законот за реформи во правосудството, по...

Свет2 часа

Северна Кореја лансира нови ракети, американски носачи пристигнаа во Јужна Кореја

Северна Кореја утринава лансираше две балистички ракети со краток дострел во водите во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров,...

Домашен12 часа

(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер....

Македонија14 часа

Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според...

Спорт15 часа

(Видео) Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти...

Свет18 часа

(Видео) Дрон камиказа падна во близина на Москва, се сомнева дека леталото било украинско

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа. „Две лица се...

Регион19 часа

Вучиќ: Предупредив дека доаѓа војна, не ми кажа Путин туку сам сфатив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за состојбите во светот. Тој вели дека Американците создаваат „нов блок во Европа, кој значително...

Македонија20 часа

(Фотогалерија) Охрид, Водно, Градски парк, Кучково – викенд места за прошетка на сонце

Убав пролетен ден не е за седење дома. На вакво мислење се голем број наши сограѓани кои сончевото време го...

Македонија21 час

Заев вети, институциите исполнија, хотелот во Лагадин на чичко Никола е легален

По десетина поништени решенија на Општина Охрид и исто толку жалби од инвеститорот, две пресуди на Управен суд и нешто...

Македонија21 час

Дабиќ: Во МНР масовно се впумпуваат партиски кадри, па се унапредуваат со злоупотреба

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат...

Македонија1 ден

Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата...

Свет1 ден

Нови гробови на историските гробишта во Украина: Победата е наша, но оваа е цената

Сместени во југоисточниот дел на Лавов, гробиштата Личакив се едни од најстарите во Европа и често се споредуваат со историскиот...

Македонија1 ден

Пратеник од ДУИ барал пари за да гласа уставни измени, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен. Иста е состојбата и во...

Свет1 ден

Трамп: Јас сум жртва на лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни...

Македонија1 ден

Македонските патарини лани собрале над 53 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта...

Македонија1 ден

Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од...