Контакт

Европа

Поранешниот телохранител на Путин одби ТВ-дуел со Навални

Објавено пред

Поранешниот телохранител на рускиот претседател Владимир Путин, генерал Виктор Золотов, ја одбил поканата на рускиот опозициски водач Алексеј Навални за телевизиски дуел.

Золотов изјави за руската агенција дека Навални го повикал на телевизиски дуел, но дека тој не сакал никакви јавни дискусии со него, објави АП.

Европа

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Објавено пред

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради поседување голем арсенал оружје.

Салвини вели дека секој ден добива голем број закани. ,,Тајната служба ми кажа за украинската група која планира атентат на мене. Драго ми е што тоа помогна да се пронајде арсеналот на некои луди луѓе”, вели тој.

Италијанската полиција привела тројца мажи, меѓу кои и еден кој е поврзан со неофашистичка политичка партија, откако откриле голема количина оружје. Меѓу арсеналот е пронајдена и ракета воздух-воздух од француско производство, како и материјали со нацистички симболи.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Урсула фон дер Лејен е посветена Европејка

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел ѝ честиташе на нејзината долгогодишна соработничка Урсула фон дер Лејен на изборот за претседателка на Европската комисија, истакнувајќи дека досегашната германска министерка за одбрана е посветена Европејка.

„Драго ми е поради тоа што посветена Европејка ќе стане претседател на Европската комисија“, напиша Меркел на нејзиниот профил на „Твитер“.

„Иако ја губам својата долгогодишна министерка, добив нов партнер во Брисел“, додаде германската канцеларка.

Фон дер Лејен е прва жена што ќе ја предводи Европската комисија, но и првиот германски државјанин што стапува на чело на извршната власт на Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Европа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Објавено пред

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на Жан-Клод Јункер.

За неа гласале 383 пратеници, додека 327 биле против, а 22 воздржани. Само едно ливче било неважечко.

За да стане претседателка на Комисијата, Фон дер Лејен требаше да добие поддршка од апсолутно мнозинство пратеници, односно најмалку 374 гласа. Гласањето беше тајно.

Фон дер Лејен во говор пред Европскиот парламент пред гласањето ги истакна климатските промени како главен проблем со кој се соочува Европа.

„Најголем предизвик во овој момент е нашата планета да остане здрава, тоа е најголема одговорност на нашето време“, рече таа и додаде дека сака Европа да стане прв континент со нулта стапка на емисија на ЦО2 до 2050 година.

По долготрајните преговори во Европскиот Совет, европските лидери на почетокот на месецов ја предложија Фон дер Лејен за претседателка на ЕК.

Таа од 2005 до 2009 беше германска министерка за семејство, од 2009 до 2013 министерка за труд, а во 2013 година стана министерка за одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 минути

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет18 минути

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Свет24 минути

Во Шкотска најмногу починати од дрога

Во Шкотска минатата година од употреба на дрога починале 1.187 луѓе, што е за речиси 27 отсто повеќе отколку во...

Македонија10 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион12 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа13 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет13 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија16 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа17 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија17 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија18 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт18 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија19 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија21 час

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет22 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет22 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион23 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет23 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија1 ден

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Досие