Европа
Поранешниот шеф на НАСА: Мора да продолжиме да работиме со Русија, ние сме тим

Џим Грин, кој поднесе оставка од челните позиции на НАСА во јануари, изјави за Би-би-си дека вселенската агенција мора да продолжи да работи со Русија бидејќи ѝ треба место каде што ќе може да работат заедно во мир.
„НАСА верува дека оваа врска треба да продолжи“, додаде тој, пренесуваат медиумите во светот.
Тие потсетуваат дека директорот на руската вселенска агенција, Дмитриј Рогозин, изјави дека е невозможно да се продолжат нормалните односи со НАСА додека не се укинат санкциите наметнати на Русија, воведени по инвазијата на Украина.
„Сега можеме сами да летаме со Меѓународната вселенска станица. Не зависиме од Русија иако порано тоа беше така. Астронаутите функционираат како тим, меѓународен тим. Ни треба место каде што можеме да работиме заедно во мир. Сега имаме двајца Руси на ISS“, рече Грин.
„НАСА верува дека овој однос треба да продолжи бидејќи тоа се членови на екипажот, кои извршуваат важни должности на вселенската станица. Тие се потпираат на астронаутите од ЕСА и НАСА, како што ние се потпираме на оние од тимот од Русија“, додаде тој.
Грин потврди дека ја поддржува НАСА кога му рекол на астронаутот Скот Кели да ги намали критиките за Русија на социјалните мрежи.
„Да, го поддржав потегот на НАСА. НАСА мора да излезе обединета како една организација“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ издвојува една милијарда евра во 2022 година за зајакнување на сопствениот одбранбен фонд

Европската комисија денеска ја усвои годишната програма за работа на Европскиот одбранбен фонд, со која се предвидуваат 924 милиони евра за инвестиции и одбранбени капацитети на ЕУ за 2022 година.
Истовремено, планирани се дополнителни средства за одбранбени иновации од две милијарди евра со цел ЕУ да стане центар на иновации во одбранбениот сектор.
Денеска, решивме да мобилизираме една милијарда евра од буџетот на ЕУ за развој на заеднички одбранбени проекти, особено во вселената, сајбер-просторот и другите области со висока технологија.
Во нашиот нов безбедносен контекст тие инвестиции ќе придонесат за затворање на европскиот одбранбен јаз, велат претставниците на Европската комисија, пренесе „Танјуг“.
Европа
Русија ја укинува горната старосна граница за воен рок

Руската државна Дума денеска усвои предлог-закон за укинување на горната старосна граница за склучување на првиот договор за воена служба.
Во образложението се наведува дека законот сега предвидува првиот договор за воена служба да може да го склучат државјани на возраст од 18 до 40 години и странски државјани на возраст од 18 до 30 години, пренесува „РИА новости“.
Руската државна Дума денеска го усвои предлог-законот за укинување на горната старосна граница за отслужување воен рок, што на 20 мај го поднесоа пратениците на Единствена Русија, Андреј Картаполов и Андреј Красков.
Европа
Во Финска регистриран прв случај на мајмунска сипаница

Финска, најверојатно, го регистрирала првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска болницата во Хелсинки.
Светската здравствена организација во вторникот соопшти дека 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти се потврдени по првиот откриен случај надвор од земјите, каде што инфекцијата традиционално се шири од 7 мај, пред сè, во Западна и Централна Африка, објави „Ројтерс“.
Потврдени се 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти.