Контакт

Европа

Порошенко: Цариградската црква донесе одлука

Објавено пред

Украинскиот претседател, Петро Порошенко, изјави дека цариградскиот патријарх веќе донел одлука за доделување автокефалност на Украинската црква.

„Одлуката е веќе донесена“, изјави тој за новинарите во Киев.

Одлуката на Цариградската патријаршија да ја прифати автокефалноста на Украинската црква претставува легализација на распадот и ќе доведе со ненепоравливи последици по православното христијанство, рече портпаролот на московскиот патријарх Кирил.

„Ова го легализира расцепот. Со своите дела Цариград ја премина црвената линија и катастрофално го погоди единството на православието“, рече портпаролот Владимир Легојда.

Европа

„Листа 500“: Ердоган е највлијателниот муслиман во светот

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се најде на врвот од листата на највлијателни муслимани од целиот свет, втората позиција му припадна на саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал-Сауд, а на трето место е јорданскиот крал Абдула Втори, објави новинската агенција „Анадолија“.

Јубилејната десетта едиција на годишната листа „500 највлијателни муслимани“, овој пат за 2019 година, ја објави Кралскиот исламски центар за стратешки истражувања со седиште во Јордан.

Во извештајот се вели дека Ердоган во август 2014 година станал првиот директно избран претседател на Турција и дека вториот мандат го освоил со победа во првиот круг.

„За време на мандатите на Ердоган, Турција постигна невиден економски раст, воведе уставни промени и повторно се етаблира како една од главните светски сили“, се вели во соопштението.

Исто така, се додава дека Турција под водство на Ердоган се фокусира на зајакнување на односите и соработката со земјите на сите седум континенти, а особено со соседите, вклучувајќи ја и Грција.

Во изданијата на листата 500 за највлијателни муслимани во светот за 2016 и 2017 година Ердоган го држеше осмото место, а во 2018 беше на петтата позиција.

Прикажи повеќе...

Европа

Портпаролот на Меј: Во политиката нема простор за лична омраза

Објавено пред

Портпаролот на британската премиерка, Тереза Меј, вели дека во политиката нема простор за лична омраза кога медиумите објавија во текот на викендот текст во кој анонимен критичар вели дека атентатот виси во воздух.

Медиумите во неделата известија дека неименувани пратеници велат оти Меј треба да донесе сопствена мамка кога ќе се сретне со парламентарните колеги в среда и дека моментот кога ќе биде забиен ножот во неа се ближи, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Песков: САД кршат одредби од договорот за уништување ракети

Објавено пред

САД ги кршат одредбите од договорот за уништување ракети со краток и среден дострел (ИНФ), а Русија продолжува да го почитува овој документ, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Рускиот претседател, Владимир Путин, експлицитно ги отфрли во неколку наврати обвиненијата против Русија во врска со кршењето на договорот на ИНФ“, рече Песков, пренедува ТАСС.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

СЈО не добило барање од Мијалков да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија20 минути

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани од САД

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет1 час

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет1 час

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија2 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет3 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет3 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија13 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија16 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија18 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија19 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија19 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија21 час

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија22 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија24 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток1 ден

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток1 ден

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет1 ден

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет1 ден

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Досие