Европа
Портпаролот на кинескиот министер: На Украина ѝ треба храна, а не оружје

Денес, во раните утрински часови, Бајден и Шји ќе разговараат на телефон, а неколку часа пред тој разговор, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека Кина ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји.
„Кина е секогаш посветена на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, почитување на целите и принципите на Повелбата на ОН, придавање важност на легитимните безбедносни грижи на сите земји, поддршка на сите напори за помош за мирно решавање на кризата и промовирање на мировните разговори“, изјави Жао додавајќи: „Позицијата на Кина е, пред сè, фер, објективна и несомнена“.
Тој повтори дека некои луѓе во САД шират дезинформации за клевета и притисок врз Кина, што е крајно неодговорно и нема да помогне да се реши проблемот. „Кина силно се спротивставува на тоа и никогаш нема да го прифати“, додаде тој.
„САД треба сериозно да размислат за својата улога во украинската криза, да ја преземат својата одговорност и да преземат конкретни активности за ублажување на ситуацијата и решавање на проблемот наместо да долеваат масло на огнот и да го префрлат конфликтот на други“, рече тој.
Жао истакна дека на Украина ѝ треба храна, а не оружје, а испраќањето американска воена помош во земјата нема да донесе мир.
Си-ен-ен пишува дека разговорот меѓу Бајден и Шји може да биде потенцијална пресвртница за врските меѓу САД и Кина. Претставниците на Белата куќа со зголемена загриженост го следат претстојното партнерство меѓу Шји и Путин, а одговорот на Кина на руската инвазија на Украина се покажа загрижувачки за западните набљудувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Фотографии на поранешен германски канцелар украдени од Бундестагот

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој беше во центарот на медиумското внимание во последните неколку недели поради останувањето на функцијата во руската компанија, сега стана мета на крадец.
Пет уметнички дела од приватната сопственост на Шредер исчезнаа од зградата на германскиот Бундестаг, каде тој има канцеларии. Ова се дела на уметникот Уве Бремер и еден неименуван кинески уметник.
Овие уметнички дела цели 16 години го красат јавно достапниот простор пред канцеларијата на Шредер, пишува магазинот „Стерн“.
Бундестагот го потврди исчезнувањето на сликите, како и дека Шредер поднел кривична пријава против непознати лица.
Од Бундестагот посочуваат дека ваквите кражби се невообичаени во нивните згради.
Европа
Нехамер: Путин е подготвен да овозможи извоз преку украинските пристаништа

„Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да овозможи извоз од Украина преку поморските пристаништа“, изјави попладнево австрискиот канцелар Карл Нехамер.
По телефонскиот разговор со Путин на прес-конференција во Виена, Нехамер рече дека прво мора да се воспостават безбедносни услови во украинските пристаништа.
Австрискиот канцелар нагласува дека останува да се види дали тоа се само празни зборови или искрена подготвеност, што ќе се види само доколку навистина се овозможи извоз преку пристаништата, пренесе „Танјуг“.
Европа
Шолц: Путин сака нас да нè обвини за кризата со гладот

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да му ја припише на Западот одговорност за кризата со глад, што ја предизвикал со агресијата врз Украина.
– Наративот на Путин мора итно да се побие – нагласи Шолц во Штутгарт.
Тој рече дека Путин нашол формулација, и дека постојано зборува за „глобалниот запад“. Со ова, вели Шолц, мисли на непријателите против кои сака да се обедини со другите.
– Кризата на глад, која беше предизвикана од неговата војна, која тој ја започна, сега им се припишува на оние кои се со Украина – рече тој, пренесе Блиц.рс.