Свет
Последно сослушување пред обвинение против Нетанјаху

Израелското државно обвинителство и адвокатите на премиерот Банјамин Нетанјаху денеска го завршуваат сослушувањето пред покревањето низа обвиненија за корупција против него.
Адвокатите на Нетанјаху пристигнаа во Министерството за правда во Ерусалим за да присуствуваат на четвртата и последна сесија во процесот.
Тие се состанаа со главниот обвинител Авихај Манделблит и неговиот тим во обид да ги отфрлат случаите против Нетанјаху, пренесе агенцијата АП.
Манделблит препорача покревање обвинение против израелскиот премиер за измама и злоупотреба на довербата во три одделни случаи, вклучувајќи и мито во еден од нив.
Сослушувањето е последниот чекор пред да се донесе одлука за покревање официјално обвинение против премиерот, кој е на власт повеќе од 13 години.
Правниот процес против Нетанјаху доаѓа во период кога тој се бори за политички опстанок по вторите избори годинава на кои немаше победници, потсетува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ердоган: Злосторствата извршени од Израел не треба да останат неказнети

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека злосторствата извршени од Израел во Газа не треба да останат неказнети.
„Израелските воени злосторства, злосторствата против човештвото во Газа не треба да останат без одговор. Наш приоритет во моментов е да прогласиме траен прекин на огнот и да обезбедиме проток на хуманитарна помош“, рече Ердоган на 44-от самит на Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ) во главниот град на Катар, Доха, пренесува „Дејли Сабах“.
Ердоган нагласи дека е неопходно да се спречи злосторствата во Газа да се претворат во регионална војна која ја опфаќа и Сирија, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека администрацијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху „ја загрозува безбедноста и иднината на целиот наш регион со цел да го продолжи неговиот политички животен век“.
Регион
(Видео) Хрватските навивачи донесени во суд во Атина, еден од нив извика: Пленковиќ извади не надвор

Денеска, во судот во Атина продолжи распитот на Бeд Блу Бојс, осомничени за навивачките нереди во август во кои беше убиен еден навивач на АЕК.
Првата група од 38 навивачи вчера доби можност да ја дополни одбраната откако во истрагата беа извршени ДНК и дактилоскопски вештачења во кои не беа пронајдени нови докази против нив.
Денеска пред суд беше изведена уште една група.
На снимката од пристигнувањето на Бeд Блу Бојс во судот објавена од хрватската Н1, се слуша како еден од навивачите вика: „Пленковиќ, извади не надвор“.
Европа
Путин патува надвор од Русија, Песков: Ќе го нема само 24 часа

Рускиот претседател Владимир Путин планира утре да ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, изјави денеска неговиот портпарол, без да ги потврди гласините за можна посета на климатската конференција COP28 во Дубаи.
Еден ден подоцна, во четврток, Путин ќе биде домаќин на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Патувањето ќе трае само 24 часа“, изјави Песков за руската новинска агенција Интерфакс.
Работните посети на двете земји ќе бидат фокусирани на билатералните односи, но ќе се разговара и за натамошна координација на пазарот на нафта, додаде Песков. Советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков вчера ги најави работните посети на Путин, но не го прецизираше денот, ниту пак даде дополнителни детали.
Неодамна, Организацијата на земјите извознички на нафта, чиј член е Русија, одлучи дополнително да го намали производството на нафта со цел да ги одржи високите цени. Но, и покрај таа одлука, цената на нафтата продолжува да паѓа. Запрашан за тоа, Песков објасни дека е можно потоа да се види ефектот од таквите одлуки. Координацијата на мерките за стабилизирање на пазарот секако ќе продолжи, рече тој.