Контакт

Европа

Постигнат договор за брегзитот

Објавено пред

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми.

Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот договор за брегзитот, кој ќе биде пред европските лидери денес.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ја потврди веста на „Твитер“.

„Имаме нов договор што ја враќа контролата – сега Парламентот треба да го изгласа договорот за брегзитот в сабота за да можеме да преминеме на други приоритети, како што се трошоците за живот, NHS, насилниот криминал и нашето опкружување“, напиша Џонсон.

Веста беше потврдена и од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„Каде што има волја, има и договор – го имаме! Тоа е фер и балансиран договор за ЕУ и Велика Британија и сведоштво за нашата заложба за изнаоѓање решение“, напиша тој.

Европа

Медицинскиот персонал изложен на насилство

Објавено пред

Персоналот во виенските болници е изложен на насилство, покажува студијата на синдикатот на медицинскиот персонал.

Откако беше избоден кардиолог во болницата „Кајзер Франц Јозеф шпитал“, беше издадена наредба да се изработи студија за да се утврди колку медицинскиот персонал е изложен на насилство, при што се дошло до податок дека секој ден се пријавувало насилство врз медицинскиот персонал во Виена.

Дури 85,4 проценти изјавиле дека веќе доживеале агресија, а 61,6% рекле дека биле нападнати во последните 12 месеци.

Авторката на студијата Сабине Хан вели дека кога станува збор за напади, тоа се вербални напади, сексуални напади, закани и физички напади.

Најголем број напади врз медицинскиот персонал се забележани во амбулантата за итни случаи и на психијатрија.

Прикажи повеќе...

Европа

Четири лица загинаа во фабрика за пиротехника на Сицилија

Објавено пред

Најмалку четири лица загинаа во експлозија во фабрика за пиротехника на италијанскиот остров Сицилија.

Четири лица се повредени и се наоѓаат во критична состојба.

Семејството, кое ја води фабриката, ја купило компанијата пред нешто повеќе од 10 години.

Прикажи повеќе...

Европа

Туск избран за претседател на Европската народна партија

Објавено пред

Претседателот во заминување на Европскиот совет, Доналд Туск е избран за претседател на Европската народна партија (ЕПП). Ова беше одлучено синоќа во Загреб од страна на претставниците на партиите, пред кои Туск вети дека ќе се бори против популистите.

За Туск гласаа 491 пратеник, а против беа 37, на Конгресот на алијансата на европските демохристијански партии.

Туск беше единствениот кандидат за нов лидер на европската партија на десен центар и најсилната група во Европскиот парламент.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија2 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија3 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија3 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет4 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет4 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија4 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија17 часа

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија20 часа

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа22 часа

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија23 часа

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија23 часа

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија1 ден

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија1 ден

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија1 ден

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија1 ден

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука1 ден

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија1 ден

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа1 ден

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Досие