Контакт

Свет

Потврдено убиството на Кашоги, уапсени 18 лица од Саудиска Арабија

Објавено пред

Саудискиот новинар, Џамал Кашоги бил убиен во конзулатот во Истанбул, пренесе Саудиската државна телевизија повикувајќи се на изјава на саудискиот обвинител.

Како што се наведува, истрагата покажала дека тој бил убиен во тепачка во конзулатот.

Се додава дека заменик шефот за разознавање, Ахмед ал Асири и соработникот на принцот Мохамед бин Салман Сауд ал Кахтани се отпуштени. Истовремено, 18 државјани на Саудиска Арабија се уапсени во врска со овој случај.

Кашоги живееше во Турција и последен пат беше виден како влегува во саудискиот конзулат во земјата пред две седмици. Турската влада веднаш ги обвини саудиските власти за убиството на новинарот, што Ријад го негираше.

Истрагата продолжува.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Тереза Меј смета дека изразувањето на Трамп за конгресменките е неприфатливо

Објавено пред

Британската премиерка Тереза Меј смета дека е „целосно неприфатлив” јазикот што го употреби американскиот претседател Доналд Трамп во серијата твитови за пратеничките во Конгресот од редовите на демократите кои се од мигрантско потекло, изјави денеска портпаролот на премиерката, пренесува „Ројтерс“.

Трамп вчера го навреди конгресменките, нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство и кажувајќи им дека треба да се вратат во уништените и осиромашени места од каде што дојдоа.

Забелешките на Трамп на „Твитер“ наидоа на јавна осуда.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, рече дека претседателот сака „повторно да ја направи Америка бела”.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина уапсила Канаѓанец инволвиран во случај со дрога

Објавено пред

Кинеската полиција уапси канадски државјанин во врска со случајот со дрога во кој учествуваат студенти, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, инцидент што се случува во услови на длабоко заладување во односите меѓу двете земји.

Владата на Канада, изминатиот викенд, изјави дека канадскиот државјанин бил уапсен во кинескиот град Јантаи во источната провинција Шандонг, иако не обезбеди детали.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, рече дека полицијата во Шандонг неодамна открила странски студенти инволвирани во случаи со дрога, од кои еден бил Канаѓанец.

Случајот се истражува, додаде тој, без да образложи.

Прашањето немаше никаква врска со друг случај на дрога со странци во провинцијата Џангсу, рече Генг.

Британската амбасада минатата недела објави дека четворица британски државјани биле уапсени во Џангсу.

Односите меѓу Кина и Канада се случија во декември минатата година, откако полицијата во градот Ванкувер го уапси Менг Ванџо, главен финансиски директор на „Хуавеј Текнолоџис“, по налог за апсење издаден од САД. Пекинг бара таа да биде вратена.

По апсењето на Менг, Кина уапси двајца Канаѓани, обвинувајќи ги за вмешаност во кражба на државни тајни.

Прикажи повеќе...

Европа

Италијанската полиција заплени оружје наменето за неофашистите

Објавено пред

Полицијата во северна Италија приведе тројца мажи, вклучувајќи и еден поврзан со неофашистичка италијанска политичка партија, кога открила огромна количина автоматско оружје, еден проектил и материјал со нацистички симболи.

Полицијата соопшти дека ова откритие било резултат на претходна истрага за Италијанците што учествувале во војната во источна Украина, пренесе АП.

Во официјално соопштение полицијата од Торино изјави дека еден од уапсените мажи во 2001 година безуспешно се кандидирал за Сенатот како кандидат за неофашистичката партија „Форца нуова“.

Во неговата куќа полицијата пронашла речиси 30 ловечки пушки, пиштоли и бајонети, како и муниција и стари нацистички плакети со свастика.

Двајцата други мажи биле уапсени кога полицијата пронашла проектил произведен во Франција во хангар на аеродром за кој веруваат дека требало да биде ставен на продажба, објави агенцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е на барање на обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија32 минути

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, даде оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија1 час

Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија2 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија2 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија4 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава5 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет5 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет7 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион7 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт16 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа18 часа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт18 часа

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет19 часа

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт19 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион19 часа

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Регион20 часа

Јулски снег во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс. Лошите временски услови ја зафатија Бугарија, а метеоролозите најавуваат обилни...

Македонија22 часа

Лидерската средба е неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на...

Култура23 часа

(Видео) Огнен и Марина ја крунисаа љубовта на 46-тата Галичка свадба

Во Галичник денеска се одржа 46-то издание на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува...

Европа24 часа

На парадата во Париз се појави „летачки војник“

По повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља во Париз, вниманието го привлече поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата...

Досие