Свет
Потврдено: Хамас уби млада Ирка на фестивалот
Потврдено е дека млада жена со ирско-израелско потекло беше убиена на музичкиот фестивал, кој во саботата бил нападнат од милитантите на Хамас, изјави ирскиот премиер, Лео Варадкар.
Ким Дамти исчезна кога последен пат беше видена на фестивалот во близина на Реим, недалеку од границата меѓу Израел и Газа.
„Како нација сме обединети во жалоста за Ким Дамти. Оваа млада жена беше убиена во цутот, го имаше целиот живот пред себе“, рече Варадкар во објава на X, поранешен „Твитер“.
Во објава на „Фејсбук“ сестра ѝ Лаура рече: „Семејството го загуби нашиот ангел, нашиот цвет… убиен од проклетите терористи“.
Израелските спасувачи соопштија дека на местото на фестивалот биле пронајдени најмалку 260 тела. Некои учесници беа земени како заложници, што може да се види од видеата објавени на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Шангај се откажани над 600 летови поради тајфунот Бебинца
Аеродромите во Шангај денеска откажаа стотици летови во очекување на налетот на тајфунот Бебинцa. Повеќе од 600 летови се откажани од аеродромите Хонгкиао и Пудонг. Исто така се затвораат и дел од мостовите и автопатиштата.
Тајфунот Бебинца моментно е на неколку стотици километри од брегот. Се очекува ветровите на тајфунот вечерва да достигнат брзина од 151 километар на час, соопшти Кинеската метеоролошка управа.
Поради тајфунот евакуирани се 9.318 луѓе од една област во Шангај. Во блискиот град Жоушан утрово беа затворени рестораните, супермаркетите и продавниците, а во прекин е и јавниот превоз.
Се очекува невремето да донесе и до 254 милиметри дожд на метар квадратен, во делови од источниот брег кои ќе бидат најтешко погодени.
Свет
Во Австрија маж исчезна во лавина
Австриските служби за итна помош трагаат по маж кој се води како исчезнат во лавина. Снегот на планините во западниот дел на Австрија го отежнува сообраќајот на повеќе патишта.
На некои места во Тирол снежната покривка изнесува и до еден метар, што е исклучителна ситуација во средината на септември, а минатата недела беа забележани температури над 30 степени Целзиусови.
Додека во јужна Австрија ветерот достигна брзина до 146 километри на час, а во северниот дел наврна 170 литри дожд на метар квадратен.
Пожарникарите во Виена во изминатите 24 часа интервенирале околу 150 пати во чистење на одводните канали и испумпување на вода.
Свет
(Видео) Поплави во Европа: Во Полска пукна брана, настрада едно лице
Циклонот Борис предизвика поројни поплави низ Европа, а ситуацијата сега е на критично ниво.
Браната во југозападна Полска попушти под силните поплави по обилните дождови, додека Чешка и делови од Австрија сè уште се справуваат со невремето што ја погоди централна и источна Европа.
Локалните власти во општината во Долна Шлезија соопштија дека браната пукнала и покрај напорите да се пренасочи водата и да се спречи поплава. Регионалната управа за води во Вроцлав ја опиша ситуацијата како критична, поради што селата во пониските региони беа евакуирани.
Video of the overflowing dam in Międzygórze, Poland…😫pic.twitter.com/V83Tw1Sd2a
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 14, 2024
Едно лице се удави, а 1.600 луѓе се евакуирани во во југозападна Полска.
Ново видео објавено на социјалните мрежи покажува дека водата речиси стигнува до првиот кат од зграда во Полска.
Torrential rain from Storm Boris continues to cause severe flooding across Central and Eastern Europe.
Further downpours expected in the next couple of days.
Klodzko county in southwest Poland. pic.twitter.com/s4pLCChBBa
— BBC Weather (@bbcweather) September 15, 2024