Европа
Потресни слики од Буча – почна ексхумацијата на жртвите на масовните гробници

Форензичарите почнаа со ексхумирање масовна гробница во украинскиот град Буча завиткувајќи ја во црна пластика и изложувајќи ги телата на цивилите, според официјални лица, убиени за време на руската операција.
Руслан Кравченко од Обвинителството во Буча изјави за „Ројтерс“ дека ексхумирале 20 тела, од кои 18 имале прострелни рани и рани од шрапнели.
Тој рече дека се идентификувани две жени, од кои едната работела на пазар во центарот на градот.
„Има сведоци што може да потврдат дека овие луѓе биле убиени од руските сили. Без причина, тие само одеа по улица или беа евакуирани. Некои од нив зборуваа само украински“, изјави Кравченко.
Кравченко рече дека форензичарите ќе работат на создавање слика за тоа што се случило со оние што биле закопани во масовната гробница.
Кога руските војници се повлекоа од Буча минатата недела, украинските власти соопштија дека стотици цивили се пронајдени мртви. Заменик-градоначалникот на Буча рече дека биле убиени повеќе од 360 цивили, а 260-280 биле закопани во масовна гробница од други жители.
Бројките не се независно потврдени. Кремљ во вторникот соопшти дека обвинувањата оти руските сили егзекутирале цивили во Буча се монструозен фалсификат.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и највисокиот дипломатски функционер на ЕУ, Жозеп Борел, при денешната посета на Украина ја посетија масовната гробница во Буча, придружувани од премиерот на Украина, Денис Шмихал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.