Европа
Починаа трудницата и бебето од фотографијата што го обиколи светот по бомбардирањето на породилиштето

Почина трудницата чиј лик го обиколи светот по руското бомбардирање на породилиштето, јавува „Асошиетед прес“. Почина и бебето.
„Асошиетед прес“ сними бремена жена на носилка, која спасувачите ја носат низ урнатините до амбулантно возило.
Според последните информации од агенциите, таа веднаш била пренесена во друга болница, каде што лекарите се бореле да ја одржат во живот. Агенциите пишуваат дека кога сфатила дека ќе го изгуби бебето, извикувала „Убијте ме сега!“
Хирург од болницата изјавил дека жената е донесена во тешка состојба, дека ѝ се смачкани карлицата и колкот и дека лекарите ѝ направиле царски рез за да се обидат да го спасат бебето. За жал, бебето не давало знаци на живот, па, според зборовите на хирургот, тргнале да го спасат животот на мајката.
„Ја реанимиравме мајката повеќе од 30 минути, но, за жал, не успеавме. И бебето и мајката починаа“, изјави хирургот.
Агенциите пишуваат дека во хаосот по нападот, лекарите не можеле да го дознаат нејзиното име, но нејзиниот сопруг и татко ѝ сепак дошле по нејзиното тело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.