Контакт

Свет

Почина Стивен Хокинг – еден од најголемите светски научници

Објавено пред

Еден од најголемите светски научници, британскиот физичар и теоретичар Стивен Хокинг, почина вчера на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Професорoт Хокинг живееше во очекување на својата смрт од рана возраст. На 22 години лекарите му изрекле мрачни прогнози предвидувајќи му само неколку години живот кога му било утврдено дека страда од ретка болест, амиотрофична латерална склероза.

Тешката болест го приковала за инвалидска количка поради што речиси целосно ја изгубил моќта за говор, но неговиот ум, иако заробен во кревко тело, останал блескав и нескршлив. Живееше повеќе од 50 години по дијагностицираната болест и во исто време стана медицинско чудо.

Хокинг бил роден во Оксфорд во 1942 година и дипломирал на универзитетот за физика на „Оксфорд“, а докторската дисертација за космологија ја бранел на Универзитетот „Кембриџ“. Во 1974 година станал член на Кралското друштво од Лондон, едно од најстарите научни здруженија во светот, а потоа професор по математика и физика на Универзитетот „Кембриџ“, каде што некогаш предавале великани како Исак Њутн и Пол Дирак. Најпознат е по своите истражувања за вселената и квантната гравитација, особено во контекст на црните дупки.

Автор е и на книгата „Кратка историја на времето“, која во 90-тите години на минатиот век беше распродадена во рекордни тиражи.

Европа

Романскиот политичар Мирчеа Џоана е избран за заменик на Столтенберг во НАТО

Објавено пред

Романскиот политичар Мирчеа Џоана е назначен за нов заменик-генерален секретар на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по тој повод изјави дека Џоана е приврзаник на транс-атлантските врски и има  долгогодишно искуство на државен функционер и дипломат.

Мирчеа Џоана е основач и претседател на институтот „Аспен“ во Романија. Претходно бил претседател на романскиот Сенат, министер за надворешни работи и амбасадор во САД.

Џоана новата функција ќе ја преземе кон средината на октомври.

Прикажи повеќе...

Свет

Ел Чапо осуден на доживотен затвор

Објавено пред

На доживотна затворска казна осуден е мексиканскиот наркобос Хоакин Гузман – Ел Чапо.

Тој доби уште 30 години затвор, како и парична казна од 12,6 милијарди долари, a неговите адвокати најавија дека ќе поднесат жалба на пресудата.

Гусман пред изрекувањето на казната се пожали дека му е скратено правото на правично судење и дека се лоши затворските услови.

„Кога бев испорачан во САД, очекував дека ќе имам правично судење, но се случи спротивното“, рече Ел Чапо.

Тој беше испорачан во њујоршкиот затвор на 19 јануари 2017 година, а уапсен една година претходно во Мексико.

Ел Чапо беше еден од шефовите на мексиканскиот наркокартел „Синалоа“. Тој е обвинет за производство и трговија со кокаин, хероин, марихуана и метамфетамини, што илегално ги внесувал на американскиот пазар.

Прикажи повеќе...

Свет

Во напад врз ресторан е убиен турскиот заменик-конзул во Ирак

Објавено пред

Турскиот заменик-конзул во Ебрил, главниот град на ирачки Курдистан, бил убиен во напад, пренесе Би-би-си.

Според извори од безбедносните служби, тој вечерал во ресторанот „Ху Кабаз“, кога непознати вооружени напаѓачи отвориле оган.

Турскиот весник „Џумхириет“ пишува дека во нападот загинале двајца турски дипломати, а напаѓачите користеле оружје со задушувачи.

Засега ниту една организација не ја презеде одговорноста за нападот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија54 минути

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија6 часа

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа7 часа

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија7 часа

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет7 часа

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ8 часа

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Свет8 часа

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата...

Свет8 часа

Конгресот ги осуди расистичките коментари на Трамп, поднесено е и барање за импичмент

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со резолуција ги осуди наводните расистички коментари на претседателот Доналд Трамп, кој, според резолуцијата, ги...

Свет9 часа

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден (77), кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа10 часа

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет10 часа

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Македонија19 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион22 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа22 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет23 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија1 ден

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа1 ден

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Досие