Контакт

Свет

Почина полицаец по немирите во Капитол Хил

Објавено пред

Полицаецот Брајан Сикник почина од повредите добиени во немирите во средата предизвикани од приврзаниците на актуелниот претседател Доналд Трамп на Капитол Хил.

Тој е петта жртва на немирите бидејќи претходно беше објавено дека четири лица беа убиени откако приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот со цел да спречат парламентот да ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори.

„Полицаецот Сикник одговори на немирите во средата, 6 јануари 2021 година, во американскиот Капитол и беше повреден додека беше во физички судир со демонстрантите“, се вели во соопштението на полицијата.

Свет

Јапонскиот премиер се извини за луксузните вечери приредувани од неговиот син

Објавено пред

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска се извини по оставката на главната портпаролка, која заедно со други високи државни функционери беше мета на критики поради присуството на скапи вечери подготвени и платени од синот на Суга.

Макико Јамада, секретарка за односи со јавностa во кабинетот, си поднесе оставка од болницата каде што беше примена поради инфекција, објави владата, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Администрацијата на Суга и 60-годишната портпаролка се соочија со јавни критики откако списанието „Шукан Буншун“ минатиот месец објави дека најстариот син на Суга, Сеиго, извршен директор на компанија што произведува сателитски телевизиски програми за радиодифузери, плаќала скапи вечери за влијателни државни функционери.

Јапонскиот национален закон за етика на државните служби забранува владини службеници да прифаќаат подароци и да се забавуваат на сметка на компании или поединци кои даваат услуги.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Во Србија пристигнаа уште 100.000 вакцини „спутник В“

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека новиот контингент со руски вакцини „спутник В“. Уште 100.000 дози на руската вакцина „спутник В“ пристигнаа со авион на „Ер Србија“.

Денес тие вакцини ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација во земјата.

Србија договори да и се испорачаат вкупно два милиони дози „спутник В“, а целата количина ќе биде испорачана до крајот на април.

Премиерката Ана Брнабиќ рече дека со оваа последна испорака, бројот на набавени вакцини ќе надмине два милиони дози. Таа најави дека денес ќе пристигнат уште 58.500 вакцини на „Фајзер“, а на 5 март 500.000 вакцини на кинеската компанија „Синофарм“.

Прикажи повеќе...

Европа

Од среда Словачка ги заострува рестриктивните мерки против Ковид-19

Објавено пред

Словачката влада ќе ги заостри рестриктивните мерки против коронавирусот, вклучително и оние кои го ограничуваат движењето, поради зголемувањето на бројот на новоинфицирани лица од 3 март, информираат официјалните служби.

Владата на премиерот Игор Матовиќ објави детали за новите мерки по повеќедневни дискусии со експерти, додека Словачка има најлош број на новоинфицирани со Ковид-19 во светот.

Од среда, Словаците ќе можат да се движат од 8 до 13 часот, само на работа или на лекар, а исклучоци од ограниченото движење можат да бидат само од 17 до 20 часот. Оние кои можат да работат од дома мора да го сторат тоа, пишува Ројтерс.

Од 8 март жителите ќе можат да влегуваат само во јавен превоз или продавници со заштитни маски FFP 2 со вентил.

Предучилишните и пониските одделенија во училиштата ќе работат само за деца чии родители не можат да работат од дома.

Доколку овие ограничувачки мерки не го намалат бројот на нови инфекции до 21 март, владата планира уште построги ограничувања на движењето, вклучително и затворање на компании и граници, објавија локалните медиуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија60 минути

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека доколку сакале можеле да сокријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа1 час

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите ширум Германија од денес ги отвораат салоните денес по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање...

Свет2 часа

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе започнат во средината на март во САД,...

Топ3 часа

Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба,...

Свет3 часа

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија4 часа

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот, со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувањето...

Свет13 часа

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Регион15 часа

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки. Според нив,...

Македонија18 часа

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија19 часа

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија20 часа

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Топ23 часа

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија1 ден

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион1 ден

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет1 ден

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство. Полицијата...

Свет2 дена

(Видео) На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од Лондон

Санта мраз, поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната...

Македонија2 дена

Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да...

Македонија2 дена

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ. Екипа на Брза помош му помогнала...

Македонија2 дена

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на протестот

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за...

Македонија2 дена

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Досие