Свет
Почина претседателот на Обединетите Арапски Емирати – еден од најбогатите лидери во светот

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифа бин Зајед ал-Нахјан, почина на 73-годишна возраст оставајќи му на семејството богатство од речиси 140 милијарди евра.
Долгогодишниот лидер на Абу Даби почина во петокот, јавува државната новинска агенција ВАМ.
Според државната новинска агенција ВАМ, во соопштението се вели: „Министерството за претседателски работи изразува сочувство до народот на ОАЕ, арапските и исламските нации и светот за смртта на Неговото Височество, шеикот Калифа бин Зајед ал-Нахјан, претседател на ОАЕ“.
Сега земјата ќе влезе во 40-дневна жалост. Властите ја прекинаа целата работа во министерствата, одделенијата, федералните и локалните институции и приватниот сектор на три дена, почнувајќи од петок.
Шеикот Калифа е претседател на ОАЕ од 2004 година по смртта на татко му. Роден во 1948 година, тој беше втор претседател на ОАЕ и 16-ти лидер на Абу Даби.
#BREAKING UAE President Sheikh Khalifa bin Zayed Al Nahyan dead: official media pic.twitter.com/WscE1CxrSx
— AFP News Agency (@AFP) May 13, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Пукање на забава во Калифорнија: Еден загинат, осум застрелани лица

Во пукотницата на забава во Јужна Калифорнија, која се случила ноќта меѓу петокот и саботата, биле застрелани девет лица, од кои едно лице било убиено а останатите се ранети, пренесуваат американските медиуми.
Локалната полиција соопшти дека убиениот го пронашла пред трговскиот центар „Хајленд сквер“, каде се одржувала големата забава.
Повредите на останатите осум лица кои напаѓачот ги застрелал не се опасни по живот, додаде полицијата на квартот Сан Бернардино во Калифорнија, нагласувајќи дека повеќето од ранетите се пренесени во болница со сопствени возила.
Полицијата во Сан Бернардино додаде дека се уште никој не е уапсен и објасни дека пукањето се случило по расправија на забава, но се чини дека жртвите не биле намерно застрелани, пишуваат медиумите.
Европа
Зеленски: Го скршивме ’рбетот на руската армија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска нанела сериозна штета на руските вооружени сили и покрај падот на клучниот пристанишен град Мариупол, објавија медиумите во регионот.
Украина го „скрши столбот“ на руската армија, кажал Зеленски во телевизиско интервју. „Нема да може да застане на нозе во следните неколку години“, изјавил тој.
Неговата изјава, според медиумите, дојде откако последните 2.400 украински борци од Мариупол се предадоа.
Киев ќе го врати сето тоа назад, рекол тој, додавајќи дека Украина ќе се врати на првите линии пред 24 февруари, кога Русија изврши инвазија. „Тоа ќе значи дека не покорија и дека ние ја браневме нашата земја“, изјавил Зеленски, но нагласил, дека тоа ќе биде многу тешко и дека ќе следи дипломатија.
Европа
Се урна мал патнички авион во Франција, најмалку петмина загинати

Најмалку пет лица загинале кога мал патнички авион се урнал на југоистокот на Франција, јавуваат француските медиуми.
Француската телевизија БФМ пишува дека патнички авион од типот „Жодел Д140“ се урнал денеска во 16 часот и 50 минути во близина на градот Адрец, во Изер, на југоистокот на Франција.
Телата на жртвите, објавила ТВ БФМ, биле пронајдени во целосно јагленисана состојба. Според неофицијални информации како што пренесуваат медиумите, меѓу жртвите, чиј број бил најмалку петмина, имало и едно дете.
Се уште не е познато како дошло до несреќата.