Контакт

Европа

Почина човекот што со храбра акција го уништи Хитлеровиот сон за атомска бомба

Објавено пред

Норвежанецот Јоаким Ренеберг, кој ја почнал една од најголемите саботажи против нацистите за време на Втората светска војна, почина во неделата на возраст од 99 години.

Ренеберг предводел група од девет члена на движењето на отпорот, кои ноќта меѓу 27 и 28 февруари 1943 година изршилe диверзија во норвешка фабрика за производство на тешка вода за изработка на атомски бомби, со што ставиле крај на нацистичката нуклеарна програма.

„Ренеберг, веројатно, беше последниот од најистакнатите борци на отпорот“, изјави норвешката премиерка Ерна Солберг.

Централата „Веморк“, во близина на градот Рјукан во јужниот дел на Норвешка, во тоа време била единствената во светот за производство на големи количини тешка вода.

Во трка со времето и со сојузниците во однос на контролата врз нуклеарното вооружување, нацистите ги презеле овие простории кога ја окупирале Норвешка во 1940 година.

За овој настан се снимени и неколку филмови, како „Битката за тешка вода“ од 1947 година и „Хероите на Телемарк“ со Кирк Даглас од 1965 година, на кои е претставен најголемиот подвиг на норвешкиот отпор.

Јоаким Ренеберг по војната не сакаше да зборува за она низ што тој поминал и дури во 70-тите години почнаа да ги изнесува своите спомени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во Берлин го пречекуваше украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Меркел стоеше веднаш до Зеленски изложена на сонце додека воениот оркестар ги свиреше химните на Германија и Украина кога одеднаш почна да се тресе.

Сепак, според АП, по интонирањето на химната, Меркел изгледала подобро, а потоа бргу минала по црвениот килим со Зеленски и влегла во зградата во која се наоѓа нејзината канцеларија.

Пред влезот таа застанала да се поздрави со воениот оркестар.

Канцеларката подоцна на прес-конференција рече дека се чувствува добро.

„Оттогаш се напив најмалку три чаши вода, кои очигледно ми требаа, а сега сум многу подобро“, рече Меркел.

Таа еден час по состанокот со Зеленски, на заедничката прес-конференција изјави дека разговарале за билатералните прашања и мировниот процес во Минск.

Прикажи повеќе...

Европа

Чешката опозиција ќе гласа за недоверба во премиерот

Објавено пред

Чешките опозициски партии рекоа дека ќе гласаат за недоверба во владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш поради наводни судири на интереси, иако немаат доволно гласови за тоа.

Петте партии ќе го поднесат барањето за специјална седница на парламентот во петок, објавија партиските водачи на прес-конференцијата одржана во вторникот.

„Оваа влада, со овој премиер, го оцрни угледот на Република Чешка и дома и во странство, па затоа сметаме дека овој чекор е морален и политички гест“, рече Марек Виборни, претседател на Христијанските демократи.

Бабиш ги негираше обвинувањата, нарекувајќи ги политички маневар.

Европската комисија претходно утврди дека Бабиш е во судир на интереси поради неговата деловна империја, а земјата би може да загуби дел од финансирањето од ЕУ како резултат на тоа.

Бабиш, исто така, се соочува со обвиненија за можно мешање во кривичен случај во кој полицијата препорача да се започне судење на премиерот за субвенција од ЕУ во висина од 2 милиони евра за фарма и конференциски центар.

Со поддршка на Комунистичката партија, малцинската влада на Бабиш контролира 108 гласови во долниот дом на парламентот од 200 члена. За да усвои гласање за недоверба, опозицијата треба да има 101 глас.

Претседателот на долниот дом може да свика гласање за недоверба откако ќе добие официјално барање. Сè уште не е предложен датум за истото.

Прикажи повеќе...

Европа

Европскиот суд пресуди дека германските патарини за туристи се дискриминирачки

Објавено пред

Планираната германска патарина за автомобили ги дискриминира странските возачи и го крши законот на Европската Унија, рече највисокиот суд на ЕУ во вторникот.

Европскиот суд за правда ја поддржа жалбата од Австрија, која смета дека економскиот товар од патарина паѓа исклучиво на возачите од земјите на ЕУ, освен Германија.

Пресудата значи дека Германија не може да ја воведе патарината што требаше да стапи во сила во октомври 2020 година, а која беше изгласана во 2015 година со закон, со кој се утврди наплатата за патничките автомобили што ги користеа автопатиштата во земјата.

Оние со автомобили регистрирани во Германија би платиле годишна такса од речиси 130 евра, но тие би добиле соодветно намалување на данокот на моторни возила.

Возачите што живеат на друго место исто така би плаќале за возење на германски автопати повторно до најмногу 130 евра годишно. Тоа ги загрижи австриските возачи бидејќи најбрзата маршрута исток-запад низ Австрија вклучува кратенка низ Германија наречена германски агол.

Австрија има сличен годишен приход – но без даночни олеснувања за локалните возачи – што може да ги иритираат Германците што одат во Австрија на одмор или преминуваат низ земјата на пат кон Италија.

Австрија, поддржана од Холандија, се пожали дека даночното олеснување за германските жители ефективно би значело дека само странските возачи ги плаќаат патирините.

Судот се согласи во вторникот велејќи дека планираниот систем претставува индиректна дискриминација врз основа на националноста.

„Верувам дека оваа одлука на ЕСП навистина е добар ден за Европската Унија… и дека тоа е исто така знак, јасен сигнал во корист на праведноста“, изјави австрискиот министер за транспорт, Андреас Рајхард.

Германија, поддржана од Данска, тврди дека наплаќањето на патарината е во согласност со транспортната политика на ЕУ и принципот дека корисниците и загадувачите треба да ги платат трошоците за користење на автопатите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет5 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ7 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија8 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа9 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија12 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија12 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет12 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион13 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија14 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт15 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет15 часа

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет16 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија16 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија16 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech18 часа

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток1 ден

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија1 ден

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија2 дена

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Досие