Свет
Почна тестирање на нов лек против коронавирусот

Во Јужна Африка почна ново меѓународно испитување за да се процени дали високите дози на антипаразитскиот лек „нитазоксанид“ може да помогнат во лекувањето на пациентите со Ковид-19.
Истражувачите од Универзитетот во Ливерпул и Ливерпулската школа за тропска медицина (ЛСТМ) спроведуваат истражување како дел од револуционерната платформа за тестирање лекови против Ковид-19 наречена АГИЛЕ.
„Нитазоксанид“, клинички одобрен и достапен за производство, претходно покажа антивирусна активност против коронавирусот, а истражувачите од Универзитетот во Ливерпул го идентификуваа како ветувачки кандидат за поширока употреба во повисоки дози.
Тимот што работи на истражувањето наведува дека „нитазоксанид“ може да се дава кај луѓе за лекување од коронавирус, но во дози повисоки од оние што во моментот се одобрени за третман на паразитски инфекции.
На учесниците ќе им се даваат 1.500 милиграми „нитазоксанид“ двапати дневно во текот на седум дена и ќе бидат внимателно следени за да се потврди дека дозата тестирана кај здрави луѓе е безбедна и добро толерирана кај луѓе со благи симптоми на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотресот во Турција и Сирија низ фотографии

Светот во неверување, Турција и Сирија завеани во црнила и тага.
Земјотресите што во понеделникот ги погодија овие земји однесоа над 12.000 животи. Илјадници се затрупани под урнатините на срушените згради, се води трка со времето за спасување на животите на преживеаните.
Фотографиите во прилог говорат за катастрофата, спасените и загубените животи, човечките судбини.
Татко ја држи раката на својата почината ќерка
Куче спасено од урнатините во Турција
„Каде е мајка ми?“: зборовите на девојче извлечено по 20 часа од урнатините
Погреб наместо свадба – маж ја оплакува својата вереница која загина во земјотресот
(Видео) Емотивна средба меѓу татко и бебе спасено од урнатините во Турција
Свет
Куче спасено од урнатините во Турција

Спасувачите во Турција извлекоа куче од под урнатините на зграда во градот Хатај, 55 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните региони на Турција.
Бројни спасувачки тимови продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од разорните земјотреси. Тим волонтери денеска успеа да спаси куче кое 55 часа било заглавено под урнатините.
Медицинскиот тим потоа го покри кучето со ќебе за да се стопли.
Медиумите од Турција, претходно јавија и за спасен папагал. Повеќе за спасувањето на птицата прочитајте ТУКА.
Свет
Бројот на загинатите во земјотресите се искачи над 12.000 лица

Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија вечерва се искачи на 12.049 лица.
Најмалку 1.730 луѓе во Сирија загинале на територијата под контрола на опозицијата во северозападниот дел на земјата, додека 1.262 лица загинале во областите во земјата контролирани од владата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека бројот на загинати во Турција се искачи на 9.057.