Контакт

Европа

По топлотниот бран, делови од Европа се соочуваат со суша

Објавено пред

По рекордно високите температури што неодамна ја зафатија Европа, делови од континентот сега се соочуваат со суша што ги уништува жетвите, предизвикува недостиг на вода и го доведува живиот свет во опасност. Поради тоа, експертите предупредуваат дека Европејците мора подобро да се подготват за она што денес веќе станува нормално.

Неколкунеделните сушни временски услови доведоа до рестрикции на водата во голем дел од Франција, која не е единствената европска земја што се соочува со сушно лето. Шпанија исто така ја регистрира својата трета најсушна година овој век.

Сувото време исто така погоди и делови од Германија, Полска, Чешка и скандинавските земји. Овој месец Литванија прогласи вонредна состојба со суша која се очекува да ги преполови нејзините реколти.

Сето ова следува по низа рекордни температури во јуни во поголемиот дел од континентот.

Осигурителните компании проценуваат дека минатогодишната суша ја чинела Европа неколку милијарди долари. Експертот Блаз Курник од Европската агенција за животна средина во Копенхаген истакнува дека тоа е само дел од вкупната штета.

„Исто така, има и загуби што не може директно да се проценат во пари, како што се трајното оштетување на шумите, губењето на биолошката разновидност… што може да се поправи во следните години – или не“, рече тој.

Според една швајцарска студија објавена на почетокот на овој месец, како и другите делови од светот, и Европа ќе биде драстично поинаква до 2050 година. Климата во Лондон ќе почне да личи на онаа во Барселона, а Мадрид ќе биде повеќе како Маракеш.

Експертот за климатски промени Курник вели дека на некој начин Европа се подготвува за овие промени. Топлотниот бран во Франција во 2003 година уби 15.000 луѓе. Тоа не се случи оваа година. Некои фармери засадуваат култури отпорни на суша и усвојуваат поефикасни методи за наводнување. Но, тој вели дека напорите се неконзистентни.

Истовремено, прогнозата за следната недела предвидува уште еден топлотен бран во Франција – без дожд на повидок.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

ЕУ: Ирското Море ќе биде граница по брегзит

Објавено пред

Функционери од Европската Унија кои имаат пристап до информациите за преговорите за брегзит велат дека најголемата пречка за постигнување договор е речиси решена.

Преговарачите на ЕУ и на Велика Британија разговарале во Брисел за да постигнат договор за брегзит кој е закажан за 31 октомври. Целта е Велика Британија тогаш да ја напушти Унијата со договор.

Функционерите наведуваат дека главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барни, рекол дека Ирското Море главно би било царинска граница меѓу ЕУ и Велика Британија. Така би се избегнала видлива копнена граница на ирскиот остров, но Северна Ирска би ја ставило во посебна положба.

Тие додале дека разговорите се активни и дека траат и дека сè уште е можен позитивен резултат.

Прикажи повеќе...

Европа

Пучдемон протестираше во Брисел

Објавено пред

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, денеска во Брисел им се придружи на поддржувачите на каталонската независност кои протестираа пред седиштето на Европската комисија поради пресудите за дванаесет каталонски сепаратисти.

„Ни треба поддршка од европските демократи затоа што оваа криза се однесува на европската демократија и квалитетот на европската демократија. Тоа не е каталонско, регионално или шпанско прашање“, рече Пучдемон за кого Шпанија издаде европска потерница за апсење.

Шпанскиот Врховен суд вчера осуди девет каталонски сепаратисти на 9 до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот обид за прогласување на независност на Каталонија во 2017 година, додека тројцата преостанати обвинети беа прогласени за виновни само за непослушност и не добија казна затвор.

Поранешниот потпретседател на каталонската влада, Ориол Жункерас, е осуден на 13 години затвор за бунт и злоупотреба на јавните средства.

Пресудите предизвикаа насилни протести во Барселона и други локации во Каталонија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Објавено пред

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во Барселона и на други локации во Каталонија.

Каталонските власти соопштија дека се уапсени три лица.

Судирите избија доцна синоќа, а протестите почнаа откако Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина поранешни политичари и активисти на Каталонија на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот обид да се прогласи независност на Каталонија во 2017 година.

Поранешниот потпретседател на владата на Каталонија, Ориол Жункерас, е осуден на 13 години затвор за бунт и злоупотреба на јавните средства.

Демонстрантите излегоа на улиците по повикот испратен преку социјалните мрежи од групата Демократско цунами.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија5 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа7 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион8 часа

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт8 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет9 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет9 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ10 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија11 час

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија11 час

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија12 часа

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Македонија13 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија13 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора14 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија15 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа15 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион16 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија16 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт1 ден

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија1 ден

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Досие