Контакт

Свет

По 20 години затвор, со ДНК-метода ослободен осуденик за убиство и силување

Објавено пред

Примената на револуционерната ДНК-метода во потрагата по роднини ослободи Американец од затвор, кој беше осуден за убиство извршено пред повеќе децении. Кристофер Тап (43) издржал 20 години затвор од 30-годишната казна за силување и убиство на Енџи Доџ во 1996 година.

Судот во Ајдахо ја поништил пресудата врз основа на доказите што се резултат на генетска генеалогија – техника со која е извршено ДНК-споредување со далечни роднини.

„Тоа е нов живот, нов почеток, нов свет за мене и ќе уживам во секој ден“, рекол Тап на крајот од рочиштето.

Неговото ослободување следува откако полицијата во јули го уапсила другиот осомничен, Брајан Дрипс, кој бил идентификуван со новата технологија, а кој ја признал вината за злосторството.

Генетичката генеалогија стана популарна во октомври минатата година кога со нејзина помош беше идентификуван „Голден стејт убиецот“ во Калифорнија, кој се сомничеше за 12 убиства и над 50 силувања, кои почнале во средината на 70-тите.

Свет

САД бараат од Турција да не ја претвора „Аја Софија“ во џамија

Објавено пред

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика Турција да не ја претворa поранешната базилика „Аја Софија“ во џамија, како што сака турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ги повикуваме турските власти да продолжат да ја сочуваат Аја Софија како музеј, како илустрација на нивната заложба за почитување на културните традиции и богатата историја што ја формирале турската република и да гарантираат дека таа ќе остане отворена за сите“, напиша Помпео.

Турскиот државен совет ќе го разгледа барањето на здруженијата кои сакаат поранешната базилика Аја Софија, која сега е музеј, да ја претворат во џамија.

„САД сметаат дека секоја промена на статусот на Аја Софија би била ограничување на наследството на оваа исклучителна градба“, додаде Помпео.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој изјави дека Турција е изненадена од изјавите, додавајќи дека никој нема право да зборува со предупредувачки тон за нивните суверени права.

Прикажи повеќе...

Свет

Татко и син во притвор претепани до смрт, уапсени пет полицајци

Објавено пред

Во Индија се уапсени пет полицајци поради смртта на татко и син во полициски притвор, изјави висок истражен службеник, откако јавноста изрази гнев поради случајот, споредувајќи го со смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД.

Минатата недела Џ. Џајараџ (59) и Беникс Имануел (31) биле брутално претепани, што предизвикало ректално крвавење и на крајот смрт, се вели во писмото до владини службеници испратено од сопругата на Џајараџ, Џ. Селварани.

„Би-би-си“ наведува дека уапсените полицајци се обвинети за убиство поради смртта на татко и син во сојузната индиска држава Тамил Наду.
Двајцата починале два дена откако биле ослободени од полицискиот притвор.

Тие биле уапсени затоа што, наводно, не ја затвориле продавницата откако истекло времето кога било дозволено продавниците да бидат отворени за време на пандемијата на коронавирусот.

Инцидентот предизвика протести, поради што локалниот суд започна истрага.

Судот објави дека има основи за покренување обвинение за убиство против полицајците.

Прикажи повеќе...

Европа

Финска конечно ја трга свастиката од амблемот на возухопловните сили

Објавено пред

Финските воздухопловни сили престанаа да го користат стариот амблем кој содржеше свастика, јави Би-би-си.

Долго време, амблемот на финските воздухопловни сили беше свастика обрабена со крилја. Сепак, свастиката, симбол стар неколку илјади години кој во западната култура обично се поврзува со нацистите, сега е исфрелен од амблемот.

Финското воено воздухопловство го користело симболот од основањето во 1918 година, многу брзо по независноста на земјата и долго пред подемот на нацизмот.

Овој симбол се користи илјадници години во индиската култура и низ целиот свет, но на Западот стана популарен на почетокот на минатиот век.

Во текот на 20-тите години на минатиот век, Адолф Хитлер ја искористи свастиката како симбол на неговата Национал-социјалистичка партија, која дојде на власт во Германија во следната деценија.

Геноцидот на режимот на Хитлер доведе до тоа повеќето луѓе на Западот свастиката да ја поврзуваат со нацизам и антисемитизам.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

(Видео) Заев: Се забразува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет34 минути

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет44 минути

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија1 час

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет1 час

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија1 час

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет1 час

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет2 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет2 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет13 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија19 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија19 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија20 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија20 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија20 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион22 часа

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија22 часа

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија23 часа

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Македонија1 ден

Ременски бара обвинителката Русковска да биде изземена од судењето за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од...

Македонија1 ден

Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за...

Досие