Свет
Пратеник на израелски Ликуд по насилствта во Газа: ИДФ има куршуми за сите

Израелските одбранбени сили (ИДФ) имаат доволно куршуми за сите, изјави висок претставник на израелската владејачка партија кога повеќе од 50 Палестинци, вклучувајќи и деца, беа убиени од израелски оган во понеделникот за време на бранот протести, пренесува „Раша тудеј“. Ави Дихтер, пратеник на владејачката партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, го кажа контроверзниот коментар во изјава за „Надашот ТВ“ во понеделникот попладне.
„ИДФ има доволно куршуми за сите. Мислам дека во крајна линија ова значи дека ИДФ се подготвиле: без оглед дали муницијата е смртоносна, ако е потребно и во случаи кога е оправдано или не, има доволно муниција за сите“, рече Дихтер, кој е поранешен директор на службата за внатрешна безбедност „Шин Бет“ и министер за внатрешна безбедност.
Дихтер, кој во моментот претседава со Комитетот за надворешни работи и за одбрана во Кнесетот, тврди дека ИДФ нема да дозволи некој да ги стави во опасност војниците, а сигурно не и цивилите.
Најмалку 52 палестински демонстранти, вклучувајќи и седум деца, беа убиени од израелски оган за време на демонстрациите на денот на инаугурацијата на американската амбасада во Ерусалим, посочува палестинското Министерство за здравство. Повеќе од 2.400 демонстранти беа повредени во најнасилниот протест од шестнеделниот голем марш за враќање.
„Амнести интернешнл“ ја нарече ситуацијата во Газа уште еден ужасен пример во кој израелската војска користи прекумерна сила и бојна муниција на тотално одвратен начин. Комитетот на Обединетите нации го повика Израел да престане да користи непропорционална сила против демонстрантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Борисов: Нема да се повлечам и ГЕРБ да ја претворам во брош на Продолжуваме со промената

„ГЕРБ има лидер избран пред 3 месеци. Се повлеков од парламентот, да не иритирам, предложив кабинет без мое учество. Отсега да им свириш, да оставиш силна партија да стане брош на Продолжуваме со промената како ДБ, нема да се случи. Дефинитивно, избори“.
Ова за бугарски „Сега“ го коментира лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов по повод шпекулациите дека е подготвен да поднесе оставка од раководството на партијата во контекст на обидите за формирање кабинет.
Ваквите коментари доаѓаат по изјавата на поранешниот претседател Росен Плевнелиев за БТВ, во која тој вели дека „Борисов е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ. Борисов е подготвен да го стори тоа и тоа го изјави многупати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил за европскиот развој на Бугарија“.
Сепак, според Борисов, поранешниот претседател не бил правилно разбран.
Европа
Унгарскиот амбасадор во Германија: На Будимпешта никој нема да ѝ држи лекции за односите со Русија

Унгарскиот амбасадор во Германија, Петер Ѓоркеш, најави дека Будимпешта има намера да ја продолжи соработката со Русија на разни полиња.
Тој порача дека Унгарија ќе го стори тоа и покрај санкциите воведени од западните земји, пренесува „РИА новости“.
„Никој не треба да ѝ држи лекции на Унгарија за односите со Русија. Будимпешта зависи од руските суровини повеќе од другите. Нема да воведуваме радикални санкции“, нагласи дипломатот.
Дополнително, Ѓоркеш зборуваше негативно за обидите на Киев да изврши притисок врз својата татковина и за обидите на Берлин да снабдува оружје и да го транспортира преку Унгарија.
„Германија прави многу за Киев, но Украина одговори само со нефер критики. Ме нервира кога Украинците нè критикуваат. Русија јасно стави до знаење дека испораките на оружје ќе станат легитимни воени цели“, рече тој.
Петер Ѓоркеш стана амбасадор на Унгарија во Германија во 2015 година.
Свет
Зеленски побара од Г7 системи за противвоздушна одбрана и санкции против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се приклучи на видеоврската на самитот на Г7, кој се одржува во замокот „Елмау“ на југот на Германија.
Зеленски денеска побара од групата седум најразвиени земји систем за противвоздушна одбрана, повеќе санкции против Русија и безбедносни гаранции, изјави неименуван европски функционер.
Обраќајќи им се на лидерите на Г7 преку видеоврска, Зеленски побара и помош за извоз на жито од Украина, како и помош за реконструкција, изјави еден европски функционер, кој сакаше да остане анонимен.