Контакт

Вести

Прва средба Путин – Ким во Владивосток

Објавено пред

Светска тема број еден денеска е средбата меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Аналитичрите ја споредувааат средбата со онаа меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп.

Путин и Ким во Владивосток ќе разговараат за решавање на корејскиот проблем, како и за зајакнување на билатералната соработка меѓу Северна Кореја и Русија.

Руските аналитичари наведуват дека станува збор за историска посета на Ким на Русија.

„Доаѓањето на Ким Џонг-ун на разговор со Путин за нуклеарното разоружување зборува само едно – дека тој не постигал договор со Трамп и дека резултатите од тие разговори биле разочарувачки за Ким“, вели Павел Фелдман од Институтот за стратешки истржувања и прогонози при Рускиот универзитет за пријателство.

Владимир Колотов, директор на Институтот „Хо Ши Мин“ при Државниот универзитет во Санкт Петербург, смета дека Русија може да одигра значајна улога на Корејскиот Полуостров.

„Русија не може да ја одигра улогата на САД, но може да се обиде да ја деблокира ситуацијата што моментно е во ќор-сокак. Дури и самитот во Ханој не помогна. Американците поставија услови што не може да се исполнат, што е унилатерално разоружување. Можеби Путин ќе успее да го ублажи овој проблем со зајакнување на безбедноста на Корејскиот Полуостров, од една страна, а од друга, обидувајќи се да влијае на секој чекор во правец на разоружување на Пјонгјанг, Американците да тргнат некоја санкција“, вели тој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Откриени 12 мигранти во камион ладилник со овошје и зеленчук во Белгија

Објавено пред

Белгиската полиција синоќа објави дека открила 12 мигранти скриени меѓу овошје и зеленчук во камион ладилник.

Mигрантите, од кои 11 сириски државјани и еден од Судан, биле пронајдени во вторникот вечерта во добра здравствена состојба.

Полицијата ја повикал возачот на камион кој се сомневал дека има скриени луѓе во возилото. Мигрантите биле откриени на патот што ги поврзува белгискиот град Антверп со Холандија.

Полицијата не соопшти каде оделе мигрантите.

Минатата недела во камион ладилник во Велика Британија беа откриени 39 тела на мигранти што смрзнале до смрт.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Големи пожари во Калифорнија, наредена итна евакуација

Објавено пред

Властите во Калифорнија наредија евакуација на неколку стотици луѓе од населбата Гејзервил, северно од Сан Франциско, поради големите шумски пожар во округот Сонома. Американските медиуми објавија дека 200.000 луѓе останале без електрична енергија.

Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија соопшти дека пожарот, кој се шири поради силните ветрови, досега има зафатено површина од речиси 10.000 акри.

Шерифот на округот Сонома нареди задолжителна евакуација за Гејзервил, во која живеат околу 900 луѓе.

Метеорологот Марк Шенард изјави дека ветерот ќе достигне најголема брзина во текот на вечерта и ќе продолжи утре. Тој предупреди дека Северна Калифорнија ќе ја погодат ветрови со брзина до 72 километра, кои нема да ослабат и за време на викендот.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Објавено пред

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во кои една зграда беше запалена, а метрото беше блокирано.

Протестите избувнаа поради незадоволството од поскапувањето на јавниот превоз во градот, а демонстрантите подметнале пожари во неколку метро станици, извршиле грабежи во повеќе продавници и запалиле градски автобус.

Во своето обраќање до нацијата, Пинера рече дека прогласува вонредна состојба во две провинции и две општини во поширокиот регион на Сантијаго заради сериозни и повторени напади на метрото, напади врз јавен и приватен имот како и за зачувување на безбедноста на граѓаните.

Претседателот на Чиле најави дека во наредните денови Владата ќе повика на дијалог со цел ублажување на последиците од поскапувањето на јавниот превоз за најсиромашните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион2 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион4 часа

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа5 часа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија7 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија8 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија8 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија10 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ12 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија12 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија12 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион12 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија14 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет14 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион14 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија1 ден

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет1 ден

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија1 ден

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Досие