Свет
Првиот Американец ја прими руската вакцина на Крим: Би било опасно невакциниран да патувам во САД

Првиот американски граѓанин е вакциниран со руската вакцина против коронавирусот во поликлиниката на Крим, објавија кримското Министерство за здравство и Министерството за информации.
„Во поликлиниката на Детската болница во Евпаторија, граѓанинот на САД, Брус Вотс Бевен, беше вакциниран против коронавирус“, соопшти Министерството за здравство прецизирајќи дека тој ја примил вакцината „спутник В“. Тоа е прв случај американски државјанин да прими руска вакцина на Крим, се додава во соопштението.
Бевен е сопруг на археологот Татјана Смекалова, руска државјанка, која исто така беше вакцинирана против коронавирусот. Тој има 78 години и повеќе од една година живее со својата сопруга во Евпаторија. Пред Крим тој живеел во предградиe на Вашингтон.
„Таа (вакцината ‘спутник В’) е добра и среќен сум што успеав да ја добијам. Зошто не? Не би било безбедно да патувам во САД за да примам вакцина. Патувањето трае 24 часа. Многу е подобро да ја примам вакцината тука и сега“, изјави Бевен пред новинарите.
Вакцината „спутник В“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Дрога вредна 300.000 евра пронајдена во возило на Итната помош во Италија

Полицијата во пристаништето Месина, на Сицилија, заплени 30 килограми марихуана, која двајца курири се обиделе да ја прошверцуваат во возило на Брзата помош.
Полициските службеници на влезот на траектот, кој ја поврзува Сицилија со Калабрија, одлучиле да го прегледаат возилото на Брзата помош затоа што кучињата користени во операциите против наркотици биле вознемирени во близина на тоа возило.
По деталното пребарување пронашле дрога – 50 пакувања со 30 килограми марихуана, а уапсени се и двајца курири.
Според првичните информации, шверцерите верувале дека ќе ја пренесат дрогата без никаков проблем, сметајќи на вонредната состојба поради заразата со коронавирус, а полицијата претпоставувајќи дека заразено лице може да биде во автомобилот, нема да ги контролира.
Според проценките на полицијата, вредноста на запленетата дрога на пазарот е околу 300.000 евра.
Регион
Почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ

На 66-годишна возраст, почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, јавуваат хрватските медиуми.
Нему му се слошило доцна синоќа и со Брза помош бил превезен во болница, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно.
Од Градот Загреб соопштија дека Бандиќ починал како последници на срцев удар.
„Живееше за својот град, за загрепчани и загрепчанки кои за се што работеше му беа на прво место, за работата која со љубов и енергија, внесувајќи се себеси, ја обавуваше 21 година. За деталите, за терминот на погреб, одржувањето на комеморацијаа, како и останатите информации поврзани со оваа тажна вест, јавноста ќе биде информирана дополнителнo. Нека почива во мир“, соопштија од Град Загреб.
Тој во 2003 година доживеал и тежок мозочен удар. Пред три години му бил вграден стент, а во јуни минатата година беше хоспитализиран. Тој исто така имал белодробна емболија и неколку операции, вклучително и операција на гласните жици.
Свет
Бајден го поздрави одобрувањето на вакцината „Џонсон и Џонсон“

Американскиот претседател, Џо Бајден, изрази задоволство и го поздрави одобрението издадено од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за вакцините на „Џонсон и Џонсон“.
„Ја гледаме светлината на крајот од тунелот, но не смееме да го спуштаме гардот или да претпоставиме дека победата над вирусот е сигурна“, рече американскиот претседател, Џо Бајден и ги повика Американците да продолжат да ги мијат рацете, да ја одржуваат физичката дистанца и да носат маски, рече тој.
„Постојано повторувам дека сè уште е можно ситуацијата да се влоши со ширењето на новите соеви на коронавирус и сегашниот позитивен тренд во борбата против заразата да се промени“, предупреди претседателот Бајден.
Анализите покажаа дека вакцината „Џонсон и Џонсон“ е 66 проценти ефикасна во спречување на умерени до тешки форми на Ковид-19 и 100 проценти ефективна против најтешките форми на болеста за кои е потребна хоспитализација и може да биде фатална.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран