Европа
Првични проекции на резултатите во Унгарија – за Орбан 121 пратеник, за опозицијата 77

Унгарците во голем број излегоа на денешните парламентарни избори на кои конзервативниот премиер Виктор Орбан се надева дека ќе освои четврти последовен мандат. Според првите проекции би требало да успее.
Ендре Хан, директор на центар истражување на јавното мислење, во телевизиско гостување по затворањето на избирачките места ги најави можните изборни резултати. Според истражувањето на „Медијан“, Фидес на Орбан може да се надева на 121 место во парламентот, додека опозицијата би освоила 77 места.
Тоа би значело прилично убедлива победа за Орбан, но сепак не двотретинско мнозинство.
Во Унгарија нема прелиминарни излезни анкети.
Соочени со Орбан, шест опозициски партии се договорија коалиција за соборување на 58-годишниот лидер.
Избирачките места беа затворени во 19 часот по големи гужви – излезноста беше 67,8 отсто половина час пред затворањето, бројка многу блиска до 2018 година.
Повеќето анкети покажуваа предност на владејачката Фидес, но битката никогаш не била толку тесна и аналитичарите остануваат претпазливи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.