Контакт

Свет

Први смртни случаи од Ковид-19 во Русија, Хрватска, Никарагва, Ел Салвадор

Објавено пред

Први смртни случаи од новиот коронавирус (Ковид-19) се забележани во неколку земји во светот.

Првите случаи се забележани во Хрватска, Русија, Мексико, Никарагва, Ел Салвадор.

Една 79-годишна жена почина во Русија на Клиниката за инфективни болести во Москва од акутна пневмонија, пренесува „Раша тудеј“.

Жената била хоспитализирана во изолирана просторија и имала неколку хронични состојби, како што се дијабетес, висок притисок, корорнарна болест и артериосклероза.

Во Хрватска човек кај кого е регистриран Ковид-19 почина во Истра, но сè уште се чека наодот од обдукцијата за да се утврди од што точно починал, пренесува хрватскот портал „Индекс“.

Во Мексико починал еден 41-годишен маж заболен од коронавирус, но и дијабетичар, а во Никарагва почина еден маж (40), кој за време на престојот во Панама се заразил со вирусот, пренесува „Ројтерс“.

И во Ел Салвадор е регистрирана првата смрт, а претседателот на земјата, Наџиб Букеле, изјави дека станува збор за личност што неодамна ја посетила Италија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Објавено пред

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во близина на Мали Зворник, соопшти Министерството за одбрана.

На местото на несреќата е испратена екипа на Службата за пребарување и спасување на Военото воздухопловство и ПВО, како и надлежните органи.

Некои локални медиуми објавија дека пилотот загинал, но тие исто така изјавија дека се чека официјална потврда на тие информации.

Според сведочењето на локалното население, се слушнал силен удар, проследен со чад и оган, објави локалниот портал ИнфоЛо.

Прикажи повеќе...

Свет

Горбачов: Русија треба на дипломатски начин да спречи понатамошен конфликт меѓу САД и Кина

Објавено пред

Пандемијата доведе до влошување на односите меѓу САД и Кина, а Русија би требало дипломатски да спречи понатамошно продлабочување на овој конфликт, порача поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.

Тој за јапонскиот дневен весник „Асахи симбун“ рекол дека пандемијата го влошила конфликтот, кој настанал како резултат на зголемени тензии помеѓу САД и Кина и дека ниту едно сценарио за развој на тој конфликт не може да биде позитивен од позиција на меѓународната политика.

Поранешниот советски лидер вели дека Русија би било паметно како цел да си го постави спречувањето на продлабочувањето на конфликтот меѓу САД и Кина на дипломатски начин, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Односите мешу САД и Кина се влошија за време на последните неколку години поради царината.

Ситуацијата дополнително се влоши со обвинувањата од американскиот претседател Доналд Трамп дека Пекинг доцна и на несоодветен начин реагирал на избивањето на пандемијата во Вухан.

Прикажи повеќе...

Европа

Моќниот ватикански кардинал Џовани Анџело Бечиу поднесе оставка

Објавено пред

Високиот претставник на Ватикан, кардиналот Џовани Анџело Бечиу, ненадејно поднесе оставка.

Светиот Престол во соопштението рече дека ја прифаќа оставката на кардиналот. Кардиналот ќе ја задржи титулата, но нема да може да гласа за следниот папа, пишува Би-би-си.

Пред тоа, Бечиу работеше шест години како втор највисок функционер во Државниот секретаријат на Ватикан, каде што секој ден се состануваше со папата и беше еден од неговите најблиски соработници.

Кардиналот Беќу беше вмешан во контроверзната набавка на луксузна зграда во Лондон со пари од црковни средства.

Набавката е извршена преку офшор фондови и компании, а овој случај сè уште е предмет на финансиска истрага.

Петмина претставници на Ватикан беа суспендирани по рацијата извршена во канцелариите на секретаријатот минатата година, кога полицијата заплени документи и компјутери.

Кардиналот негираше каква било вмешаност во нелегални активности, а во февруари тој го бранеше купувањето, нагласувајќи дека тоа е добра инвестиција на која многумина им завидуваа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

ГРЕКО цени дека Македонија напредува во борбата со корупцијата

Новиот извештај на ГРЕКО нотира напредок во борбата со корупцијата во Македонија. „ Ја напуштивме групата на глобално незадоволителни држави....

Македонија6 минути

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион19 минути

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Македонија29 минути

(Видео) Пендаровски го пречека словенечкиот претседател Борут Пахор

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Свет1 час

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет1 час

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет1 час

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија1 час

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион2 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет16 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ17 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа18 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија19 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија20 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет20 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија21 час

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија22 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија23 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет23 часа

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Регион24 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Досие