Свет
Премиерката на Нов Зеланд ја откажа својата свадба откако воведе нови мерки против омикрон

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Арден, ја откажа својата венчавка откако воведе нови епидемиолошки ограничувања за ширење на омикрон.
Нов Зеланд воведе правила за маски и ги ограничува собирањата од полноќ, поради девет позитивни случаи во земјата.
Со новите мерки, забрането е собирање на 100 целосно вакцинирани луѓе во затворени угостителски објекти како што се барови и ресторани, како и веселби меѓу кои и свадбите.
За нејзината венчавка која нема да се одржи, премиерката рече дека жали за секој што доживеал слично сценарио. На прашањето што мисли за откажувањето, таа рече „Таков е животот“. Премиерката заклучи дека не е поразлична од илјадниците други Новозеланѓани кои претрпеле многу потешки последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Донбас ќе биде наш, иако ситуацијата е многу тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија греши ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини.
„Донбас ќе биде украински“, рече Зеленски во видео обраќањето. Тој додаде дека дури и ако Русија носи уништување и страдање насекаде, Украина сепак ќе го обнови секој град.
Зеленски оцени дека ситуацијата во Донбас е многу тешка и дека руските сили во најмалку 100 дена војна се обидуваат да ги постигнат целите што се надевале дека ќе ги постигнат во првите денови од конфликтот.
Свет
„Си-ен-ен“: Вашингтон ќе вклучи ракетни системи со долг дострел во испораките на оружје за Украина

Вашингтон има намера да вклучи ракетни системи со долг дострел во вооружената помош за Украина, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на неименувани официјални извори.
Според нив, американската администрација е подготвена да ги испрати системите како дел од поголем пакет во Киев, кој може да биде објавен следната недела.
Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, коментираше дека се надева оти ќе надвладее здравиот разум и дека таквото оружје нема да стигне до Киев.
Американското Министерство за одбрана соопшти дека е „внимателно и свесно“ за барањето на Украина за ракетните системи, но дека „одлуките се уште не се донесени“.
Регион
Иран ќе преземе казнени мерки против Грција поради заплената на нафта

Иран одлучи да преземе казнени мерки против Грција поради заплената на иранска нафта кај грчкиот брег, објави „Ноур њуз“.
„Ноур њуз“ – близок до највисокиот ирански орган за државна безбедност, не објави какви мерки ќе преземе Иран, пренесе „Ројтерс“.
Претходно Иран го повика швајцарскиот амбасадор, кој ги застапува американските интереси во Техеран, да реагира против американското запленување на иранска нафта од брод со кој управувала Русија во близина на Грција, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи што го пренесуваат иранските медиуми.