Европа
Премиерот на Литванија ќе даде оставка откако изгуби во првиот круг од претседателските избори
Кандидатите Ингрида Симоните и Гитанас Наузеда ќе продолжат во вториот круг од претседателските избори на 26 мај, додека премиерот Саулиус Сквернелис го призна поразот и рече дека планира да се повлече од функцијата премиер во јули.
Избирачките анкети предвидуваат дека Наузеда ќе добие повеќе гласови од Симоните.
Владејачката партија Сојуз на земјоделците и зелените (ЛВЖС) беше ставена на тест овој викенд, кога гласачите излегоа на гласање за да го изберат нивниот следен претседател.
Сегашната претседателка Далија Грибаускаите, позната и како Железната дама, наскоро ќе го заврши својот втор мандат. Иако претседателската функција во Литванија не се смета за толку важна како премиерската, тројца силни кандидати, меѓу кои и Сквернелис, се борат за неа, што е многу невообичаено во претседателските избори, објаснува професорот по политички науки д-р Ајне Рамонаите.
Тој додава дека Наузеда има најголеми шанси да победи бидејќи се кандидира како независен во време кога народот нема голема доверба во политичките партии.
Економист по професија, Наузеда поддржува социјално ориентираната економија со важен систем на социјална заштита, што претставува важно прашање во Литванија. Поради неговиот умерен став кон повеќето прашања, Наузеда успеа да привлече гласачи од многу различни слоеви на општеството, додава Рамонаите.
Симоните, која е поранешен министер за финансии и ја има поддршката на главната десничарска партија во земјата, исто така ужива голема поддршка и на социјалните медиуми, но допрва останува да се види како тоа ќе се одрази на изборите, вели професорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Зеленски: 205 Украинци се дома
Денес, војници на вооружените сили на Украина, Националната гарда и Државната гранична служба се враќаат од руско заробеништво. Ова е првата фаза од размената 1.000 за 1.000, објави на социјалните мрежи, украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Меѓу ослободените има војници, наредници и офицери. Повеќето од нив се во руско заробеништво од 2022 година. Тие ја бранеа Украина во Мариупол и Азовстаљ, во насоките Донецк, Луганск, Харков, Херсон, Запорожје, Суми, Киев и нуклеарната централа Чернобил.
Благодарност до сите што работат на враќање на нашите луѓе дома, пред сè на нашите војници кои го надополнуваат фондот за размена за Украина и на нашиот тим. Благодарност до сите партнери што помагаат во ослободувањето на Украинците од заробеништво. Да продолжиме да се бориме за секој што е сè уште во заробеништво“, додаде Зеленски.
Европа
(Видео) Руски дрон се заби во хуманитарно возило на ОН, снимката стана вирална
Руските сили извршија напад со беспилотни летала врз возила на хуманитарната мисија на Обединетите нации во Херсон. Автомобилите на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања беа оштетени, а информациите за можни жртви сè уште се проверуваат. Нападот беше објавен на Телеграм од Олександр Прокудин, началник на Регионалната воена администрација на Херсон, пренесе Укринформ.
Напад врз хуманитарна мисија
„Кршејќи ги сите норми на меѓународното право, Русите нападнаа возила на хуманитарна мисија во округот Корабелни во Херсон со беспилотни летала“, се вели во објавата на Прокудин.
Видео од нападот е споделено на социјалните мрежи.
Today, during a UN humanitarian mission in Kherson, Russian FPV drone operators attacked a UN convoy with multiple drones, effectively ruling out any possibility of the strike being accidental.
UN personnel were forced to abandon their vehicles, while local authorities had to… pic.twitter.com/tK9rhJa35G
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) May 14, 2026
Властите нагласија дека нападите продолжуваат дури и врз оние што им даваат помош на другите.
Чести напади врз градот
Воената администрација на градот Херсон, исто така, објави за напад со беспилотни летала во Централниот округ на градот. Автомобил на една од градските комунални претпријатија беше погоден, но никој не беше повреден во нападот.
Европа
(Видео) Русите убија 24 лица во ужасен напад врз Киев: Кличко прогласи ден на жалост
Украинските власти објавија дека бројот на жртви од нападот со руски беспилотни летала врз Киев што се случи во текот на ноќта од среда кон четврток се искачи на 24, вклучувајќи три деца.
„Спасувачите продолжуваат со деноноќно пребарување на луѓе во урната зграда во областа Дарницки“, се вели во пораката на Телеграм. Претходно беше објавено дека загинале 16 лица.
Прогласен ден на жалост
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи денешниот ден за национален ден на жалост во спомен на жртвите од големиот руски напад врз главниот град.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот биле употребени 1.567 беспилотни летала и 56 ракети од различни видови.
