Европа
Престана со работа руската фабрика за тенкови, тврди украинското разузнавање

Украинското воено разузнавање тврди дека фабрика во руската област Чељабинск, која произведува и поправа руски тенкови, престанала да работи поради недостиг на увезени делови.
Во објава на „Фејсбук“, Генералштабот на вооружените сили на Украина посочи дека производителот „Уралвагонзавод“ мора да го прекине производството во фабриката поради, како што се вели, недостиг на компоненти произведени надвор од Русија.
Украинската воена разузнавачка компанија „Дифенс експрес“ објави дека „Уралвагонзавод“ ја поседува единствената фабрика во која се склопуваат руски тенкови. Тие додаваат дека производителот генерално користи делови произведени на Запад.
Во руските медиуми нема информации за прекин на работата на фабриката, а западните медиуми и натаму немаат независна потврда за оваа информација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Турската фудбалска легенда: „Ве молам во име на Бога, овде луѓе умираат“

Светот е потресен по веста за разорниот земјотрес кој ја погоди јужна Турција.
Легендарниот турски фудбалски голман, Волкан Демирел, кој моментно е тренер на прволигашот Хатајспор преку социјалните мрежи побара помош за жителите на областа најпогодена од разорниот земјотрес.
„Ве молам помогнете. Овде сите се очајни, во Хатај сите умираат. Ве молам, ситуацијата е многу лоша. Не можеме да допреме до луѓето. Им треба помош, Боже, помогни. Испратете ги сите ресурси што ги имате. Не се само Хатај и Антакија. Ве молам, во име на Бога, овде умираат луѓе“ – вели Демирел во потресното обраќање.
😢🇹🇷 Ex-Fenerbahçe goalkeeper and current Hatayspor manager Volkan Demirel was in tears on Instagram live.
Türkiye has been hit with a very severe earthquake: 7.8 magnitude, with hundreds sadly confirmed dead. pic.twitter.com/Sr9QqyFI6v
— EuroFoot (@eurofootcom) February 6, 2023
Европа
Бебе извлечено од урнатините по разорниот земјотрес

Два силни земјотреси утринава ја погодија областа на Турција. Разорниот земјотрес бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а еден час подоцна следел нов потрес со јачина од 6,7 степени.
Акцијата за спасување трае со часови, а спасувачите со сите сили се обидуваат да ги извлечат мртвите и повредените од урнатините.
Според последните податоци, бројот на загинати се искачи на 2.200 лица.
Во меѓувреме, фотографијата која го обиколи светот е бебе извлечено од урнатините. Имено, спасувачите по напорни акции успеале да пронајдат неповредено дете и да го доведат на сигурно, а судејќи по коментарите од мрежите, фотографијата расплака многумина.
Потрагата по исчезнатите и луѓето под урнатините продолжува.
Европа
(Видео) Згради се уриваат, бранови ги потопуваат улиците, луѓето се избезумени по вториот земјотрес во Турција

Уште еден разорен земјотрес ја погоди јужна Турција одземајќи илјадници животи, а дел од земјата го остави во урнатини.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Неколку часа подоцна, околу 13.30 часот по локално време, земјата ја погоди нов земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Horrible scenes keep coming!!!#deprem #Turkey #TurkeyEarthquake #earthquake #DEPREMOLDU #Adana #Kahramanmaras #sanliurfa #ACİL #Osmaniye #Hatay #BREAKING #SONDAKIKA #Tsunami #PrayForTurkey #Gaziantep#nurdagi #HAARP #Turkiye #Turquia #Turchia pic.twitter.com/XfO4hFwUew
— [email protected] (@gaganraj2010gm1) February 6, 2023
Официјалниот број на загинати, според последните информации, во Турција и во Сирија сега е повеќе од 1.380, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги погодил повеќето луѓе додека спиеле.
#SONDAKIKA
Kahramanmaraş Ekinözü 7.5 şiddetinde deprem oldu pic.twitter.com/ZHg1cTTSOF— BRC 🇹🇷 RTE🇹🇷 IŞĶ 🇹🇷 (@Bircanislek2023) February 6, 2023
На социјалните мрежи се шират снимки направени за време и по земјотресот. На една од снимките се гледа како зградите се уриваат како да се направени од хартија, а на онаа до плажата се гледаат огромни бранови, кои ја потопуваат патеката.
Едно лице снимило од својот автомобил како се уриваат зградите околу него додека земјата ја погоди вториот земјотрес со јачина од 7,5 степени.